Имам другарка, или не знам како да ја наречам. Секој можен пат кога ќе се видиме мора да збори лошо за некои наши познаници, за нив како личност + за све нивно лично и останато, плус за нејзини братучеди и најдобри другарки/колешки.. Е, следниот ден си ги објавува на стори, им коментира најљубезни и слатки ствари, мислиш од дно на душа ги обожава. А мене ниту ми коментира ниту ми дава некаква поддршка во врска со тоа што го правам. Што е проблемот? Навистина ме плаши колку искрено изгледа нејзината љубов спрема тие личности, кога знам какви работи има изнакажано за нив..
Ехее мене колку пати ми се има ова десено. Јас се откажав да се трудам да ги разбирам луѓето. И не дај боже ако ти збори некој негативно за некого тогаш мораш и ти да имаш такво мислење иначе не си нормален.
Можно е и ова. Со нив пак членката да ја оговара. Ами ја се навикнав веќе на вакви и не ми пречат сега толку. Они својот филм, а јас мојот. И така си терам.
Не мораш да го слушаш, дај отказ. Сите имаме чудни колеги, ама по срање муабет од ова немам прочитано. Може не сака пред тебе за друго да збори па затоа збори за деца. Ете јас таа финта ја праам. За да не се издадам што ми е нареден чекор зборам за син ми. И џст фор д рекорд, и таа сигурно си мисли- аман од оваа. Па глеам тебе баш не те лази мува. така да...
Чим си ја наштимаш таа перспектива, тешко дека некој ќе ти расипе спокој. Башка, преку тоа што дрдорат можеш да видиш што луѓе се, дали можеш да им веруваш, дали е подобро да се држиш на дистанца, итн. Сите тие информации се бенефит за тебе, на некој начин.
Колку површно… Постои нешто што ке ти се деси низ годините и ке те остари преку ноќ..а тоа се вика живот.Смртен случај,болест,безпарица,непроспиени ноќи,разочарувања,нервози,разводи…можам до утре да редам.Тоа ги остарува луѓето.А не децата..
Кај реков дека децата ја остареле лол. И без деца веројатно исто ќе била. Баш она и такви како неа се површни. Зборот ми беше џабе некои раѓаат млади ако не се чуваат, без разлика имале деца или не. И да, знам дека не се чува оти ја знам жената лично. Мада што да, нејзин живот океј. Ама проблемот е кога префрлаат на други за кој кога родил.
Пак не ме сфати. Ај пак Зборот е што се фалат дека родиле млади и на еве 46 веќе имаат возрасни деца, и ѝ префрла на мајка ми истава зашто родила на 40 и зашто тек на 64 ќерка ѝ (јас де) е сега апсолвент место порано да родела и помлада да доживеела јас да дипломирам, се омажам и евентуално родам деца. Ама мајка ми и она, без разлика што се 18 години разлика, кажувам дека годините тука се само бројка и мајка ми повеќе се чува од неа. Не е до тоа кога родила, него што се фали кога родила ама префрла на други за кој е помлад или постар со толкави деца, а она не изгледа на таа возраст, баш многу постара ќе речеш дека е. Значи паламуди кој е помлад со поголеми деца ама она што дека е помлада кога тие години некогаш не значат толку. Нека си тера како сака, зборот е дека не мора да збори за тоа.
Валјда мислиш на тоа што ако млада родила, кога сега на ќерка од иста возраст, жената од 60години изгледа подобро од жена од 40години тоа сакаш да кажеш?