Сакам да кажам дека имам една другарка излегваме на 1-2 месеци +/-. Ама секој пат ко ќе договориме дата, проверваме време совреме какво ќе е. Супер ќе е. Сончево. Иди денот В Р Н И, Г Р М И и шо не. И денес почнува денот со грмење дур шетам куче и ѝ пишам „можиме прогноза да пишиме, ние на 28.5 и 17.6 излегуваме, спремете си чадорите“. Еднаш буквално излеговме, сатот се чекавме. Препотена бев од шо беше жешко и притушно. Слеговме в парк долу. И онака некако ко да заоблачва. Отвораме прогноза да се осигураме дека нема да врни, дека еднаш на сонце ќе шетаме. И во моментот дур провервавме почна да грми. Одма станавме. Ојдовме под стреа кај спортската и ко втури леле. Како со кофи да истураше. Толку се смеев шо се ова на стори го имав снимано и во хајлајт ми е и сега веќе мајтап ни е оти и пред то вака беше, и од тогаш уште кузнај колку пати. Денес еве пак. И како се ближи времето, а светни сонце и се израдвам дека вечер можи нема да врни, ете го пак почнува. Значииии .... Веќе и друштвото ми се смеат. Пишам „излегвам со неа тогаш и тогаш дали можите после“ и се ко „не, ќе врни“. Една другарка ми прај ова ко некој ромком е кај шо се е против вас. Ама тое сега, совреме се договоривме ќе седниме негде па нека пукмат душманите ( времето). Обично си шеткаме по парк пошто демек нозе да истегниме, градот да го видиме ама не ни е судено да шетаме. Ќе седниме негде.
Полицијата многу чекала за да делува. Секој ненормален стига до оружје.Луѓе плачат, деца протестираат, а од закон ни „з“. И ко ќе чујам како некој уште им ја фали државата му се чудам на паметот.
Исто и јас се осеќам, ептен сум заникаде овие денови планирам да посетам и јас психолог пошто мислам дека ке полудам Може препорака за добар психолог?
Хајлајт во Битола е реконструкцијата на влезот од Охрид, 100 метра улица која е ископана 3 месеци. Улица која три пати одново ја копаја оти заборајле некој кабел. Е асфалтирањето ќе траело 3 дена и е затворена. Сообраќајот се одвива преку обиколницата, 20 километри плус, одлично решение оти на вода одат колите, па економично е. Налет то, забораја дека некогаш можи и Брза Помош ќе треба да помини. Супер е се' то ама сега е 2022, а 100 метра улица е достигнување и успех вреден за да се пиши по медиуми со фотографии повеќе од просечна македонска свадба.
И да врне и да вее И бура да коси Јас на Фемина си дремам и чешлам Руси коси.... ЛаЛа...ла Ла... Си пејам и си свиркам, преку таска ми е се.. Надвор град паѓа...јајајајај...ама рокаа
Ја обожавам свежината во воздухот која ја донесе дождот... После толку време полесно се дише, ја нема онаа омарнина и жештина.... нека врне уште...
Пардооон. 550 денари ме кошта такси за инаку 7 километри. 1100 денари дневно. Колку до кај тебе на гости.
Девојки, не се сликајте во јавни групи со миничи и ци***те извадени надвор. Мислам уствари, кој како сака. Али сепак, мене ми е невкусно тоа што го гледам,-какви млади, надежни девојки се ставаат во јавни групи и секакви мажи им коментираат. Значи, колку само си ја нарушуваме приватноста.
Јас кога не сакам со некого да имам контакт си кажувам отворено и директно. Нема потреба некој да троши време на мене безпотреба. Сето ова изгледа вака: Спојлер: Ok,bye
Moraš prvo puzati, da bi znao hodati. Од сабајле се разбудив и првата помисла ми беше оваа реченица. И криво ми е многу за Аки.
Највеќе мразам да се возам во автобус на ЈСП кога врне, па тоа нечиста вода тече од сите страни врз нас од кровот, па од кај прозорите џида вода, седиштата мокри, доле поплава мислиш има.. Подобро тргни си пешки да си одиш кога врне, барем нема климатизација цела година што не ја чистеле врз тебе да се мие од дождот..