Ја као демек ке си легнував порано, па си поспав два саата и еве ме толкава во очите пак пред компјутер. Па дали е можно ова бе? Си легнуваш во 9, си стануваш во 12 по полнок ко навиен. Се препотувам, де жешко ми е, де ладно.. па палам цигара, па и тоа не ми чини. Сега се најадов убаво, може пола леб изедов и тешко ми е. Ништо не ми се погодува значи овој период. Од една страна немам енергија, а од друга па неможам ни да спијам. Ми се плаче еј.. ама ни тоа неможам. Се осеќам као некое раздразливо детиште.
Јас се разочарав мноогу кога видов дека претходната ваква тема е затворена. Не дека секој ден објавував по нешто во неа ама секогаш кога имав нешто за кажување и не сакав никој мој познаник и пријател да го дознае си го пишував таму. И баш тој ден се натокмив да пишам... Кога БАП, има што да видам... А не ја заприметив од одма оваа тема, всушност незнам ни дали истиот ден ја отвориле. Ајј тоа небитно, се надевам само дека со добри постови ќе си ја полниме оваа. Иначе не знам како ви е на вас ама јас кога ќе излезам некаде, а дома ќе си го заборавам телефонот се осеќам ко без раце да сум, ко да фали дел од мене... А кога веќе сме кај телефони, сакам Samsung Galaxy S4! Друго што сакав уште тогаш да ви кажам е дека имам 20 години и имам симпатија. -.-' Работиме во близина, секој ден се гледаме... Си се шмекаме само така ама типот си има женска затооо душооо пишиииии пропалоооо Убаво си викам де, симпатија... И ко тинејџерка некоја си се осеќам. Три години постар од мене, си има девојка... Само си правиме муабетчиња интересно да ни е оти онака ќе умреме од досада на работа. Кога ќе го тргнеме на страна ваквото летање со паметов на сцена стапува друго... Ама ова е пореално и е во врска со иднината, мојата иднина. На љубовен и на професионален план. Викам дека е летање затоа што малку повеќе личи на фантазирање ама мене тоа ми е сон... И убаво ми е така кога си планирам и кога си знам што и како сакам. Се чувствувам некако исполнето тогаш, задоволно... Моќно како веќе да сум ги реализирала сите тие работи. И среќна сум. И одам по улица таква цела, оцерена. И верувам во себе. Затоа што знам дека можам. И би и кажала фала на една од најбитните личности во мојот живот кој моментално не е дел од него. Фала за тоа што ме направи ваква каква што сум сега. Што ми покажа што е всушност вистинска среќа и каква е таа безусловна љубов која сите толку ја зборат, а повеќето од нив појма си немаат. Фала што ме научи колку е убав животов и колку треба да се радувам на ситници и да ги ценам и добрите и лошите работи... Да вадам поука од се, да не верувам така лесно на секој и да можам од одма да проценам кој каков човек е и какви му се намерите. Фала што ме научи да бидам вака независна... Фала што ме научи да бидам и добра и лоша истовремено, со секого да се однесувам онака како што заслужил и на оние што провоцираат и се 'рчкаат без двоумење да им покажам каде им е всушност местото. Мислам дека баш таа личност мe научи на се она што до сега и требаше да го знам и индиректно ми посака добродојде во светот на возрасните. А самиот тој е сеуште дете... Која иронија.
СДК имајте сите убав ден. Уште од сабајле позитив вајбс и никој ништо не ми може . Белки ќе излезе сонцево до пладне. https://www.youtube.com/watch?v=usm4DiKwPes Песнава не ми дава да седам транкила. Во никој случај. Уште од 7 сабајле. Луѓе, се мрднав, мачакава почна чудно да ме гледа . Само на арно нека е Џоунс хез лефт д билдинг
Кој рано рани,две среќи граби! Се разбудив со оваа мисла,добро малку претерав околу разбудувањето рано.Не испадна рано,туку рано-рано,5 часот Пред некој ден мрчев во темава како тоа сум осамена,тажна,ништо не ми оде од рака.. И оп,ете ја светлинката во мојот тунел од темница,која ја барав,барав.. Се чувствувам убаво..одамна вака не сум се почувствувала. Се чувствувам како...тинејџерка пред 'мување' со симпатијата Се чувствувам како дете кое на подарок добило кукла. Се чувствувам како принцеза,затоа што мајка ми така ме нарекуваше Се чувствувам како студент кој на време ги положил сите испити.. Е толку се чувствувам среќно одприлика.Се надевам успеав да ја доловам мојата среќа. Животот е чудо едно. Денес си горе на пиедесталот,а утре долу,денес си среќен а утре тажен.. Иронично зарем не? Затоа денес се одлучив да го зграбам денот максимално,продуктивно да си го потрошам времето! А утре? Не е важно како ќе биде утре.Важна е мојата денешна среќа! Ви посакувам убав ден на сите! И бидете позитивни!Можеби со убавите мисли ќе влијаете позитивно на некои песимисти и мрчатори како мене!
Ме разбудија сончевите зраци кои директно ми го осветлуваа лицето. Тоа е прекрасно чувство. Се чувствува дека доаѓа пролетта,мојот омилен период во годината. Пролетта носи расположение,прекрасни сончеви денови,се наоколу е зелено,а птиците си црцорат на гранките од дрвјата. Првите сончеви денови,како овие се најслатки. Сакав да ви порачам на сите,сакајте се луѓе! Безразлика на години,националност,религија,и боја на кожа. Сите сме луѓе,сите имаме душа,срце и чувства. Во ова мало парче земја постојат многу етнички групи. А наше е да ги прифатиме,да се научиме да живееме со нив,бидејќи друг избор немаме. Не е битно дали се православни,католици,муслимани,сите религии не учат да се сакаме,сите религии не учат на добро,ниедна религија не не учи да правиме зло. Со љубовта,било да е пријателска,семејна и каква и да е,можете светот да го освоите. Љубовта е лек за се,со љубовта можете да победите се. Љубовта е многу посилна отколку што мислите,и љубовта може да направи многу повеќе работи отколку што претпоставувате. Ценете ги луѓето по душата,не по тоа кој колку има и како е облечен. Парите не ја носат среќата,вистина е дека сите ги сакаме и неможеме без нив. Но една прегратка,насмевка и друга ситница која е бесплатна,може денот да ви го направи прекрасен. Очите се огледалото на душата,само треба да ги процениме луѓето. Треба од нив да прочитаме работи кои не се кажуваат. Вистинските вредности се изгубени,сите се мразат,сите се гледаат само од корист,затоа ви порачувам на сите САКАЈТЕ СЕ,само со љубовта ќе можеме да го промениме светот,исто така и правете добри дела,за еден ден дупло подобро да ви се врати! Ви посакувам на сите да имате прекрасен сончев ден!
Велат ако денот ти започне со песна, како песна ке ти оди. Мене ми започна со песна, ке видиме како ке излезе на крај. Денес имам интервју за работа, стискајте ми палци. Се надевам исходот добар ке е. Велат среда среќна е!!!!! Имајте убав ден девојки!!!
Од сите пријатели, имав една посебна, поинаква пријателка. Многу беше искрена, кротка, мирна, љубезна, фина, навистина имаше чисто срце и со сите овие особини се делеше од сите други. Но, повеќето мои другарки не можеа да ја поднесат, иако никогаш не им направила ништо лошо, и била предобра со нив. Иако таа беше моја другарка, не нивна, честопати ми зборуваа за неа празни зборови колку да ја исмејуваат и понижуваат. Секогаш ја бранев, но некогаш и јас ќе се пуштев во тие оговарачки муабети. Помина цела година, и дојде време кога ми се случија определени работи. Од никого не побарав помош, дури ни за разговор. Се си чував во себе. Знаев дека после дождот, сонце доаѓа. И се случи нешто...Сите другарки наместо да ми дадат подршка, да бидат сочувствителни кон мене, ако можат да ми помогнат, тие уште толку ја доискористија ситуацијата да ми одмогнат, да се мајтапат, да се ситат... Во тој мал период многу од нив ги шкртнав од пријатели. И тогаш, само оваа пријателкава, која е посебна, ми помогна, дури без јас да знам. Нејзиниот гест кој ми значеше премногу, и ми направи многу добро дело, не можам да го заборавам. Таа не беше тука да се исмејува, не беше тука ни да ми кажува празни зборови, туку таа покажа дела. И се посрамив од самата себе, што никогаш цврсто и решително не ја одбранав од другите пријатели. Сфатив дека само и биле љубоморни, завидни, што не можат да бидат како неа, па најлесно им беше да ја оговараат. Затоа, немојте поради омразата и љубомората од некој трет да изгубите некој кој навистина вреди.
Така болна по кој знае кој пат решив денес да одмарам дома и да не одам на училиште.Наместо да поспиев јас станав уште од 7:00 часот,погледнав низ прозорецот сонцето само ѕиркаше. Вчера излегов со едни помали другарки ,се шетавме малку и седнавме на колач.Од целото друштво јас бев најголема таму,а на моја возраст имаше уште две школски другарки. Децата непрекинато зборуваа и зборуваа...Беа многу интересни ..се однесуваа како некои возрасни,а всушност воопшто не им одеше глумата.Јас како и секогаш започнав да ги зафркавам со симпатии...три најдобри другарки се "заљубиле " во еден..Постојано ги прашував,а тие ми опишуваа како тој им се правер фраер на сите три. Всушност не се многу помали 2 год. ,но сепак...Се сетив на старите времиња 4-5то одделение.Учев во друг клас,имав една иедниствена најдобра другарка.Симпатија ми беше еден црн "дечко" кој беше близнак со мојот непријател.Колку само бевме смешни "Леле ме погледна или не?" ..."Леле стварно ме погледна" и бла бла...Кога се преместив во другото одделение се се смени,пронајдов многу другарки.Порано имав само една,а сега имам дури 9 најдобри другарки.Зборуваме на други теми,не се замараме дали е погледнал или не. Сега сваќам колку сите пораснавме и колку се сменивме.Преку Фемина научив многу работи и речникот ми се збогати.Не пишувам веќе една реченица пишувам реферати..Се надевам дека уште мнооогу ќе се дружиме. Поздравче
Нема ништо подобро од ден започнат со утринско туширање.Се релаксираш под топол туш уживајќи во мирисот на разните купки за тело.Потоа мирисот се менува во убаво зготвен доручек кој со задоволство го јадеш.Го слушаш гласот на сестра ти како те повикува од другата соба и откако го јадеш и последното залче од доручекот одиш да видиш.А таа,милата ти спремила изненадување заедно со помалата братучетка.А изнедувањето-од убаво поубаво,нивни цртежи со испишано „Дадо ние те сакаме.“ и од страна една Милка.Но највеќе ме израдува нивното искрено гушкање со зборовите „Навистина многу те сакаме,многу.“ А потоа следуваше маратон од бакнежи и повторно прегратки и убави зборови.Ги прифатив цртежите на кои бев јас И си ветив себе си дека ке ги чувам,до кога можам,можеби додека смртта не ме земе. Би сакала да се сакаат како мене и сестра ми,и како што се сакаме со нашите братучетки,со нашата крв. Ми го разубавија денот.Всушност,ми го разубавуваат животот.
Креативен ден.Старите заборавени,пусти стварчики ги направив во вистинско уметничко дело.Ги оживеав.И нив и себе си Па мојот нов талент е креативност! Сега е време за еден филмски маратон.Ништо неможе да го уништи денот! па дури и мојата настинка. Mood: Creativy
Знаете она кога има денови кога се насобрано ќе ви дојде преку глава? Не знаете дали ви се прави муабет со некој или ама баш со никој. Сакате сите да ги испратите у п.м. ама па сакате на некои и да им дадете да ви го опраат денот. Мислам дека денес мене ми стежнаа многу такви работи на глава. Одамна не сум се осеќала вака. Изманипулирана од сама себе и факултет и професори и асистенти. Џабе ми е организациона способност кога има секакви табиети што си мислат дека само они имаат живот, а ние останатите онака само вегетираме. Извинете за ширење негативна енергија . Се надевам дека сите вие имате убав ден.
Класината музика не може ништо да ја замени. Ја слушам за почеток на денот, за убав ден. Ќе биде подобро, верувам! http://www.youtube.com/watch?v=yfg97-5uhFQ Имајте убав ден.
Вчера во Карпош, дур бев во автобус видов како на еден што си весла точак му испадна новчаникот од џеб. Мислам друг и не примети, а, богами ни тој самиот, нит па другар му што веслаше до него. Единствена мисла ми беше, што ќе беше фино да му имав број од мобилен.
Толку секунди, толку минути, толку часови, толку месеци и години те сметав за најдобра другарка,а ти денес ме остави сама. Потполно САМА! Ме остави сама заради неа, заради нив, заради таа проклета група нашколо. Да, планот им успеа. Не разделија. Засекогаш. ЗАСЕКОГАШ... Сакам да викам, да се дерам, да плачам на цел глас.. Се чувствувам толку лошо, грозно, гнасно, УЖАСНО. Толку ми е тешко, неможам да дишам. Скршена сум.
Конечно ! После темни облаци и бура, заслужено на сцена даоага сонце и виножито . Работите почнаа во позитивна насока, ако, само нека ја задржат насоката и правецот, да не скршнуваат од патот. Само нека потрае, нека потрае ....
Tочно така....јас потополно се согласувам со ова и за мене ова е најважно нешто во животот......ви посакувам сите да сте здрави и живи, како и вашите најблиски....запомнете ја поракава и не ја заборавајте никогаш.....
Не бе не.. кога ќе тргне на лошо, ќе си се редат непожелни работи цееееел ден. Искочив во продавница да си купам нешто за јадење (овие преживариве дома нишо не ми остаиле ), ме фати дожд. Не да ме фати - лом ме напраи, а тазе капена ми беше косата со прилично време посветено за тинтрање...се тоа ќе беше издржливо ако испаднеше да сум купила туна како и што планирав. Јас ретардираната, отварам дома тоа конзервата - внатре сардини ( алоооооо бре будало, не читаш ли на паковање ). И низ нос ми излезе и јадење и се. Пола саат се расправав со тие ситнурии од риба па сум ги чистела, мазнела.. Си мислам сега, па добро бре произведувачи да сакав риба цела ќе си идев и риба ќе купев а не конзерви тука да барам. Згора на се ова ни риба не е, 10сантимски пловен објект што повеќе има кожа и коски него хранлива вредност. Ама ако ми е кога сум слепец и не глеам што купувам!