Ни во соблекувална во бутик се нема приватност. Еве, не знам, тргната завеса можеби значи дека има некој внатре? И дека тој некој во моментот пробува парче облека? Па влегуваат девојки, жени, пробуваат градници, бикини, поотворени фустани, и не, ич не се расположени рандом неандерталец да им отвори во соблекувалната и да ги види како од мајка родени. Дури и мали деца си играат со завесите, родителиве позаинтересирани за облеката отколку тоа дали детето нивно прави хаос во бутикот. Со сета сила ја тегне завесата и после „упс, леле извини“. Слепи ли сте? Немате ли јазик да прашате случајно дали има некој внатре? 3 пат во месец дена е ова, ама па за среќа не бев сред фаза на облекување/соблекување. Следно ќе стојам така по гаќи, да исплашам некого па ќе им дојде памет белки. Кога сме веќе кај темава бутици, не би било лошо горенаведениве да сфатат дека кога се пробува кошула, особено па бела, тие мали ситни пластични кругчиња се откопчуваат за да се протне главата, а не како волови да туркаат и цела пудра да ја остават на крагната.
Мајка ми не пропушта да каже дека е неисполнета и несреќна со својот живот и колку се кае што не шетала и живеела како млада особа. Кој е крив? Јас, бидејќи кога сум имала 5-6 години сум и рекла да не иде некаде без мене. Не, не сум ни плачела и не сум имала проблем да издржам без неа, само сум и рекла да не оди. И така јас сум крива за нејзината мизерија.
Мене во какво се не издание ме имаат видено , добро е што уствари се омажив искрено . Во широки тренерки , со два броја поголеми патики ( тогаш беа ин оние sneakers со големи " јазици " ( или како и да се вика она напред ) и така генерално " рап " облека се носеше тој период кога бев 5-6то одделение ) , косава не паметам кога ми била пуштена тој период , се фатена ми беше во реп или пунџа и патем во среде лето седев со капуљача и ретко ја вадев горната тренерка од себе . Сега гола да седам не можам , ќе умрам од топло како ли сум можела така порано да седам среде лето . Се имам прошетано во долни летни пижами до сендвичара во 2 ноќе среќа пижамиве не личеа многу на пижами , повеќе како доколенки беа , т.е изгледав како да сум ги облекла тренерките од 3то одделение а јас возраст за 6то одделение . Минував низ некоја " емо " фаза во 7мо , па се шминкав ( ставав црн молив и маскара на очи , ама низ цело око молив , дури и од горе ) и личев на плашило . Подоцна ме фати " рап - хип - хоп - Rnb " фаза и најдолго ме држеше , ама бар личев на човек . Не се шминкав како плашило , ниту бев скроз несредена ( она минимална шминка , пудра по потреба , малку римел и лабело ) , не носев преширока облека , ниту претесна , патиките ми беа таман овој пат . Уствари , тогаш сфатив дека ако слушаш рап или рок , не мораш така и да се облекуваш , ако не се чувствуваш убаво во таква облека веројатно само созреав . За коса ич не правам муабет . Кај не ми стојат рамни шишки , за полу - матура си направив рамни шишки и сликите ми стојат на таван , мрак на очи ми паѓа ако случајно ги извади мајка ми ( не сакам да помислам на нив , не па да ги видам ) . За среќа , со маж ми се запознавме во оваа последнава фаза . Тој преферира што поприродна шминка , ( ако го прашаш него , воопшто да не ставаш шминка за него си топ модел ) , ама кога веќе мора , сака што поприроден изглед да имам , не сака еден тон шминка па да не може да ми се приближи за да не го исфлекам со пудра и да не пискам дека ми ја расипал шминката . А тек сега вака подебелка , колку ми се имаат пуштено ( што на фб и инста , што во живо ) , тоа е чудо . Или маживе се толку " загорени " за туѓо , или сум се " пролепшала " а јас не знам .
Внимавајте на оваа страница. Порачав патики на 12 мај и уште идат. Преку порака или мобилен се арогантни. Имаат повеќе страни и се од БТ. Не наседнувајте како мене. patiki_sezona2022mk Стално отвораат нови Instagram налози.
Чекор по чекор почни да ја одбегнуваш.Кога ќе видиш автоматски посегнуваш по нејзе, оттргни ја раката.Запиши си некаде дека е нездраво да пиеш и гледај го постојано листот.
Убава е. Јас порано бев зависник од кока кола. Секој ден ја пиев. Сега више 4 години во уста ја немам стаено. Многу е нездрава.
Добро и мене ми е онака убава ама пак ја пијам само ептен за празници или на гости, значи 3-4 пати годишно. Просто нема шанси на газирано да сум често. Од газирани спрајт ми е поубав