па искрено уште таква тема непостои,има се останато на форумов... ај да напраиме една таква тема,еве јас како членка се кадитирам бидејќи многу ми е мерак да отворам некоја тема а никогаш не ми дошла никаква идеја Би ја отворила само со твоја дозвола бубаче,оти после ако ме тужиш кај лилитка или ким па да ме затворат оваа банираат де за крадење идеи што ке правам јас без фемина м??? АЈ ПЛИС ДОЗВОЛИ МИИ? ПЛИССССССССС
ТУУУУУУУ ете си викам јас едногодишна пауза многу е ,многу работи ке испуштам и точно било,сум испуштила главен детал - страм да ми е
ахахахахах сладолед ме пукна од смеење. таман ги гледав другите теми што се активни и си јадам гројзе наеднаш здогледувам наслов „на која интернет страна гледате порничи„ па кога ми застана гројзето во грло и кога почнав да кашлам ги извадив луѓето околу мене од ум... ее ке си умрам од оваа фемина што се нема
Колку е добро чувството кога конечно.. ќе заборавиш. Веќе ништо не те боли поврзано со него, тој не ти е последната мисла пред да заспиеш или кога ќе се разбудиш, не би те болело ако го видиш со друга. Напротив, би му посакала среќа со неа. Сега, толку сакам да го видам и да му кажам дека го преболев, дека сум повторно среќна и ослободена од она тешко чувство на градиве секогаш кога ќе станев. Сакам да му кажам дека и јас можам повторно да се заљубам во друг, да засакам. До пред само месец дена, мислев дека сето ова е - mission impossible ама се радувам што го пребродев и ова во мојот опус на љубовни разочарувања. Ќе има и уште многу, но што е животот без предизвици?
Моментот кога забележуваш членка со речиси 1000 мислења, а ти прв пат ја гледаш. И потоа и ги отвараш мислењата и гледаш дека сите и се во темине: Што јадете во моментов? Што пиете во моментов? Што слушате во моментов? Што појадувавте денес? Што денес за ручек? Што вечеравте денес? Што денес за десерт? Сè ми е јасно.
Хахаха, ја од стол паднав кога ја прочитав темата , иначе Касандра сеуште чека некоја препорака за добар еротски филм! Па шо чекаме, да и препорачаме нешто м?
Саде чоколада бре, бели, црни, исончани..Тие од ,,препознатливи'' брендови се да ги грабнеш и бегаш! Па, потоа и да ги стопиш, па и испотиш! Не, не сум јас манијакална, часна реч у случај да дојде до збунка. Само имам слаба имагинација, па затоа имам обичај да го фрлам окото по тротоари, автомобили, сендвичари, салони. Ама како викаат.. кој признава пола му се прашта, не? А у мојов случај, дур не му испаднат очите. Али со оглед на тоа дека од планење очки и прљава машта никој не се разболел немам гајле па си возам филм.
Еротски филм ми звучи како културен израз за порнич. Што значи, да ѝ пуштиме линк од некој порно сајт во ЛП, м?
ајде молам препорака еротски филм за касандра ... али како ми се покрапаат темиве,ти пишуваш касандра а ја во исто време гледам тема „цигански стил„ не ке е на арно толку смеење ама ај..
Што било течко и напнато кога чекаш одговор дали си примен на работа или не И тоа не неколку дена туку од 10-14 дена требало да чекам. Поминаа 10, а јас уштееееееееееее чекам, си викам штом досега не се јавија сега ќе се јават да ми кажат дека не сум примена. Се надевам дека ќе се јават утре со добри вести, секако. Интервјуто помина одлично, дури и поубаво отколку што би можела да замислам. Но конкуренцијата за тоа работно место и воопшто за фирмава е огромна, барем јас така претпоставувам, а се бара едно лице, ама што да правам надежта последна умира, а јас потајно си се надевам, иако на другите викам штом до сега не се јавија, ништо. Ама тука можам да си кажам што си сакам, затоа и многу си го сакам форумов. Се надевам дека од скоро ќе пишувам повеќе импресии во “ На работното место“
...бројот на најдобрата другарка во телефонскиот именик го потпишав со името на мојот симпатија. И сега кога и да ми ѕвони другарка ми, кога ќе го видам неговото име одма ми доаѓа насмевка на лицето. И си замислувам како ќе беше навистина да беше тој.. ама ако и вака е добро хехе.
Нафта не пијам, од причина што никогаш не ми била при рака, второ, тешко човек да ме излаже, ќе треба очи да му испаднат за да му успее, прашање дали ќе успее, трето уште потешко да сокрие нешто од мене, не за друго, ќе сетам, случајно ќе откријам, а не дека ќе ми е намера тоа.Само оставам на времето, да покаже, што и како, само по себе, без моја интервенција
^ Плус е токсична, па со цена од 80 денари убаво ќе се оладиш со пиво за таа пара на горештинава. Во слободно време прелистувам категорија Канта. Ете кај е забавата на форумов
Никогаш не ми било јасно како со некој можеш да зборуваш со денови и одеднаш, онака, без некоја посебна причина да ти стане странец...
Во последно време сонувам премногу често мачки знак на душманки, папагали знак на лажно пријателство. Би рекла дека соновите се глупости да не ми се случија одредени работи кои се поистоветуваат со сништава мои.
Го отворам прозорецот, погледнувам нагоре. Месечината се наоѓа директно над мене. Се замислувам. Го затварам прозорецот. Застанувам до вратата. Патувам со мислите. Веќе не сум во сегашноста, во мојата соба, туку во далечната 2005 година. Ги нема белите ѕидови. Ни вратата ја нема. Околу мене има само тегли и шишиња за домашен кечап. Овде е и старото бебешко креветче. Меко, сеуште овде. Ја очекува наредната генерација за која и не знае сеуште никој. Се потргнувам и го продолжувам патот. Овојпат во креветчето сум јас. Малечко бебенце кое гледа во насмеаната мајка и се радува. Не поради нешто друго, туку поради среќата на својата мајка. Ми наидуваат солзи. Ги бришам образите. Се враќам назад, пак во собата. Мирно е овде, и сегашниот кревет ми е мек. Но, не можам да спијам во него. Не го чувствувам спокојот и љубовта. Го нема ни сонот. Ја нема ни ноќта. Ме има само мене.