Сакам да кажам дека многу ми е срам да носам купачи на плажа, посебно да седам во нив. Пред 5-6 години не ама сега да. Некако сите гледаат и тоа во смисла или дека имаш вишок килограми, или во гради и задник ти зјапаат. Толку незгодно ми е, и тоа не само мажи туку и жени кои видно покажуваат со прст и озборуваат.
И шо? Сакаш да уживаш во море, одмор, коктели, добра храна, плажа со дечко/друштво/фамилија или да се секираш дали некој ти го озборува целулитот (или што и да е несигурноста)?
Ич немој да се замараш, ама баш ич. Порано имав повеќе вишок кила од сега и заради тоа седев со крпа завиткана околу мене, да не ми се гледаат витките на стомакот нели. Ко не имаше некој тогаш да ми залепи една воспитна, да се свестев малце дека не треба да се срамам од своето тело. Оди си на плажа, раслечи се таму и уживај до максимум, ич да не ти чуе кој загледва и коментира. Крај краева, ако веќе аплата се гледа дека те оговараат, почни и ти да гледаш накај нив, меркај ги дури не ти истечат очите и коментирај ги со тој шо е со тебе. Evil e, ама за таквите само тоа е лекот.
Не кажав дека не уживам кажав дека има премногу манијаци што не беше така кога одев на одмор пред некои 6 години. Манијаци и мажи и жени што апла те зјапаат и со прст може дс те покажат. Никаде не реков дека не сакам коктели храна и не знам ти што.
СДК секој ден се повеќе и повеќе забележувам дека луѓето се уништуваат самите себе. Премногу ниски вредности, ниска самодоверба, без некоја цел, ни пак вреднување на својот труд, ни пак личната персона. Се прифаќа тоа што ти е сервирано и се аплаудира на работи што се најосновни. Луѓето околу мене се тажен и намачен народ.
Не те напаѓав. Сакав само да ти кажам да не се секираш за тоа што си напишала (барем за делот со оговарања) и да се фокусираш на убавото од одморот, храна, морето, коктели беа само еден пример од долгата низа на работи во кои уживаме на одмор.
За се' попуштам, и ќе се направам побудала и помала од тебе, ама да те поздравам прва ако видам дека глумиш оти не ме гледаш, е тогаш ќе се изначекаш да кажам здраво некоја деформација ми е тоа што никогаш не кажувам прва здраво
Не се "навикнувјате" на малку љубов и внимание само поради тоа што моментално сте опколени со луѓе што не се спремни на маса да ја стават целата љубов што ја залсужувате и вниманието го трошат на други работи и изговори.
Многу ми е слатко што сме живи човечиња на овој свет и сите се стремиме да се чувствуваме добро, да чувствуваме љубов и да делиме среќни мигови со другите човечиња и сме буквално родени за да осеќаме среќа и за ништо друго.
Ако некој заборавил да јаде или неќе да јаде во моментот, не значи дека фатил да се изгладнува, дека тера глупи диети или дека му пере некој мозок. Колку пати ми се случило од преокупираност, од стрес буквално да не ми текне да јадам оти сум пренасекирана за друго. И ако спомнеш онака случајно ете ги коментарите - мори диета држиш? Дечко ти те тера? Буквално еднаш до 4 не јадев оти имав тежок испит. И знам дека не е за фалење ама просто бев под преголем стрес. Е тек кога положив, зашто беше усно, си направив јадење за мерак. Исто ако некој ви одбие благо кога го нудите или било каква храна. Замисли едноставно не сака(м) во моментот да јадам.
Исто ми се случува и е крајно некултурно. Кога ќе нарачам салата во ресторан на пример. Еднаш една ме праша дали сум на диета кога одбив кики бонбона, што ми се одвратни на вкус, ама не морам да објаснувам нели. Комшиката ме сретнува секое утро кога се враќам од вежбање и ме прашува "дали иде вежбањето или стои во место" во однос на слабеење нормално, јас си мислам, ако идам ваљда иде, не се иде да се вежба за слабеење. Тоа е, некултура.
Па и за "слабеење" да вежбам... Мене пример претешка и мрсна храна ми ги влошува тахикардиите што ги имам од дете. Затоа некогаш одбивам. Накачување тежина да не зборам колку исто ми ги влошува. Од едно јадење не, ама од повеќе пати у краток период, да. А поодамна кога бев само неколку кила потешка (у сало), лошо си ги трпев последиците по срце и колена. Така што и да сакам да одржавам здрава тежина, моја работа е, све дур не забегувам до екстреми. А да, подобро е за мене да одржавам. И за ова ме правеле жртва дека ми перат мозок ама океј. И после коронава што ме исцеди до немајкаде уште повеќе осетив што ми донесоа тие мускули во животов.
Сеедно, никој не треба да го претпоставува тоа за тебе и не треба да е чудно што некој вежба и јаде салати од што сака и не значи измачување ради слабеење.
Македонија in a nutshell... https://www.instagram.com/tv/Ceo6bVzjjFI/?igshid=YmMyMTA2M2Y= Сакав да кажам повеќе работи за видеово од Милчо Манчевски, ама уствари сфатив дека што и да кажам ќе биде залудно :')
Прво мислев ќе најави дека филм ќе направи поврзан со brain drain, што сметам дека е одлична идеја. Не дека не ни е познато, ама баш да се опфатат сите аспекти.
Добра идеја Еден документарец за сите успешни луѓе кои овде не можеле да просперираат поради тоа што немале врски
Велат убо било да се исплачиш за да ти олесни тешкотијата. А шо ако почниш да плачиш и не можиш да прекиниш?