Е,официјално го прогласувам вчерашниот ден за најчуден ден во мојот живот. Пред да излезам надвор,станав религиозна ученичка,и,сега можеби ке звучам како лигава тинејџерка,ама се „помолив“ на господ,кога ке излезам да ми даде некој знак кој од четворицата што ми се допаѓаат ми е најдобар.Дали некого од нив да видам,или било што само да ми покаже кој е најдобриот. Не би рекла дека сите ми се допаѓаат,затоа што тоа би било чудно ама тие ми се на...листата.Ме разбирате што сакам да кажам,нели ? И така после,невозможно најдобрата молитва излегов надвор,и доаѓа чудното...како се шетам со моите другарки ги видов СИТЕ 4-ца,значи СИТЕ.Па..не беа заедно,но,сите по ред ги видов.И онака кога се вратив дома бев: "Nigga,wut ar u doing to me?",на Господ му се обраќав инаку. И еве го уште почудното...сабајлево не можев да заспијам и размислував...и сфатив дека...сите четворица имаат исто име...исто,потполно исто.Исти букви...ДААА озбилна сум,мртва озбилна...сите со исто име...не сфаќам како не сум приметила до сега. Мож е добра ствар,тоа,ке ми штеди пенкало кога ке шарам по тетратките ?+?ми готово сите скоцкани во едно... А,среќа немаат исто презиме...Чек малце..имаат исто презиме. Добро не сите,ама двајца од нив...исто презиме...океј... Господеее какво ми правиш? (со бугарско женско гласче,и оној нивен...да не речам сеЉачки акцент. ) Сега,шо да праам?Еци пеци пец? Мааа неее, се шегувам,си знам јас од нив кого го искам највеќе... Ајде,поздрав.
Одсекогаш одбивам да ја прифатам реалноста дека парите го вртат светот... Ама за жал навистина е така Осетив на своја кожа...
Кој уште не ме знае каква будала сум, треба да ме запознае. Последниве неколку дена ми идеше мисла да ги изгледам сите делови од Жикина Династија. Да се потсетам, сум ги заборавила. Ми останаа уште неколку дела ќе ги изгледам деновиве, ама врв ми беше делот со сКептичката јама, затоа сега ми текна од кај ко помала ја викав сКептичка јама и дедо ми упорно каква сКептичка јама, С-Е-П-Т-И-Ч-К-А јама Дрим ! Ај тоа на страна туку цело време у глава ми се мота тоа љуби га мајка. И си има една слика тој што го свиѓам со мајка му гушнати и он ја бакнува онака за слика и мене ми иде цело време сликата во глава и се смеам ко ненормална, се чудат моиве по дома што ми биднало. Си правам забава бе људи, прикЉучете се ако сакате. Ајт поздрав, љуби га мајка! П.С Не ми бега Бардовци!
Она чувство кога си збориш со симпатијата на телефон,а во позадина брат му ви чита пози за во кола Пози за во кола бе. И тој си се смешка срамежливо а во позадина овој се дере: -А ќе ги правите или џабе ви читав? Знам дека се зезало детето ама си се осетив онака,среќно. Не ради позите секако,туку,ради тоа што онака,си се зближуваме. Чувството е прекрасно. Да си имаш некого и да ти се допаѓа и да си го мислиш пред спиење,па цел живот ваш да си го исфантазираш како некој психопат,од вашиот прв бакнеж до тоа колку пати на ден ќе се кака во гаќи кога ќе стане дедо Нема буквално никаков допир со реалноста,баш затоа и е толку интересно. Инаку,имењаци сме,и еден ден сме разлика во роденденот Абе сродни души,шта да вам причам кад све знате. Дури и исти видео игри играме,па ме учи да играм,ботче сум си јас 20 пати ќе умрам еднаш ќе земам убиство и одма ме фали. Си играме игрици со убивање заедно.. so romantic. Како и да е....среќна суммм среќна сум среќна сум Сакав само да споделам среќа.
Знаете што е љубов?! Љубов е да си играте миженка на 19 и 20 години. Седеме кај него, и што ќе праеме.. и ајде ќе си играме нешто. И идејата е од мене. -Срцка, ајде да играме миженка. Оп стоп, јас не мижам. -Што ма ти не мижеш? Јас сум поголем од тебе, ти ќе мижеш! И погодете кај се сокрив?! Во туш кабина. И тој ме виде дека таму се сокрив, и ми пушти ладна вода. И ајде доста зборувам, треба друг да пишува.
Секогаш се обидував да разберам и давав безброј шанси за трансформација, како на себе така и на луѓето околу мене со цел да излезам од сопственото стаклено ѕвоно кое со текот на годините го создадов несвесно, или барем да дозволам некој да се доближи до големите ѕидови зад кои се кријам јас со своите најголеми мани и доблести. Ништо не можеше да ме исплаши и да ми застане на патот кон она кое очајно ми треба и го посакувам, а денес почнува да ме плаши ова ништо кое го имам. Затворена длабоко во себе, паѓам на колена пред сите вас додека вие единствено што гледате е мојата надворешна големина и рамнодушност, и се повеќе сум убедена дека никој никогаш нема да дознае затоа што јас никогаш нема да признаам колку ниско можам да паднам. Овие моменти на слабост за кои немам право да зборувам и наоѓам изговори ме доведоа до ситуации да правам грешки, занесена од луѓе кои знаат да го извлечат максимумот од својот физички изглед и да бидат привлечни на прв поглед. Со соодветна нега, добра фигура и привлечна амбалажа под која спаѓаат гардероба, фризура, држење и говорни способности, секоја жаба што ќе се улепша малку повеќе, може да заличи на принц или принцеза. Отсекогаш сум се прашувала, колку крастави жаби треба да поминам за да го погодам принцот или конечно да научам да одолеам на искушение и да не бакнувам се што крека и носи лептир машна? Дали ти, жапче мое, планираш да се претвориш во принц некогаш? Принцеза можеби? Устава ми пресуши од нашите разговори кои бараат внимание, а вниманието бара време и нерви кои јас се помалку ги имам за трошење на грешки како тебе кои не ги ценат моите напори.
Денес денов беше убав,исклучувајќи го тоа што цел ден сум ваква: и ваква: . Одам кај баба ми на гости и многу нормално,како и сите останати баби,уште не сум седнала, што се вели, туку почнала таа: "Бабина ќерко,што да ми те понудам јас? Ручаше? Гладна да не си? Ај сега земи од колачиве,сега ќе ти донесам сок,земи си и од бонбончињава" Оф бабо моја,ме потапани од јадење и пиење,не сум гладна ни жедна,аnd my grandma won't take a "no" for an answer,as always ... После тоа свртевме два-три муабети за минатото,кога сме биле малечки јас и брат ми,ми кажуваше како брат ми велел:" Бабо да одиме во нато"(нато-интернатот),таму порано баба ми работеше. Па кога дојдоа вујко ми и вујна ми,е тогаш се цепевме од смеа,паднаа зафрканции за омилената емисија на баба ми-Баба Рада Ми вика баба ми да земам да читнам нешто,дури книга купила за такви работи,јас и велам други книги некои не сум зела да читам,не па книга за билки да читам. И да,уште ми се спие,направив кафе,го заборавив во кујна,се нацртав пред лаптоп на фемина и слушам вика мајка ми по мене: Анабееееел,кафетооо! Го зедов што го зедов,туку сега ладно кафе ќе пијам
Откако човек засекогаш ќе изгуби драга личност во својот живот, сфаќа колку е животот краток и како не вреди да го трошиме на нервози и безмислени работи. Болката е голема, но животот продолжува... Затоа, искористете го секој миг, правете ги работите кои сакате да ги направите, борете се за тоа што го сакате, кажете на некому што чувствувате, отворете си ја душата и не берете ништо во себе, бидете позитивни, смејте се и секогаш гледајте да го извлечете најдоброто од секоја ситуација, сакајте се и не чувствувајте бес и омраза кон никого, почитувајте се, бидејќи еден ден ќе биде прекасно да се направат сите овие работи. Живејте како да нема утре.
Цел ден сум растрчана натаму-наваму Ми дојде идеја да променам нешто. Си ја средив собата,вметнав неколку детали,малку боја и живна собата Со цел мерак си ги подредив и книгите од домашната библиотека,сега уште ѕидовите останаа да бидат мета на моите вешти раце и лаванда во вазна да ставам.Дефинитивно најубаво цвеќе,па уште и како мириса.. ** Едвај ја чекам есента.Да паднат лисјата,да заврне дождот. https://www.youtube.com/watch?v=20Ov0cDPZy8 Убав остаток од денот
Ја знаете приказната за штурецот и мравката. Е ова лето го минав како мравката...сработив голем дел од работите што инаку ги оставав "за од септември", убаво си го распределив обврските и имав време и за работа и за одмор. Е сега не се опуштив до толку како што сум знаела (како кога сум ги минувала летата како штурецот) и потоа ми било тешко да се вратам во колосек. И така, си подработувам, па си читам, па си испробувам нови рецепти, па си ја дотерувам домата... Скроз престанав да го арчам времето на рекла - казала, површни пријателки, озборувања, расправи за туѓи животи. Си ги гледам моите најблиски, мојот живот...и што би рекол големиот Волтер "си ја обработувам својата градина".
Некои семејни средби се поминуваат строго под алкохол. Ги сакаш сите, ги почитуваш сите, ти значат се, ама сите на куп едноставно се ту мач и се чудиш како е можно толку чудни, различни, смешни, луди, тешки луѓе да доаѓаат од иста фамилија...толку различни. Секој поединечно го сакаш, кога се сите на куп... ох мај... па и кога има по некој од дијаспора...леле мајко. Ај на здравје... чиста руска вотка од немајкаде брцната во КОКТА ... инѕај се како ненормален...понеделнички. Ај на здравје!!!