Денес дознавам дека за некои цури дечкото бил мамин син ако после 20та на мајка му уште ѝ се обраќал со "мамо" место со име или при сосем нормални прилики ја прегрнувал. Мислам ај ич да не праат муабет после некоја возраст, боже сачувај со мајка му да комуницира
Виена само за тебе маче, во 12 по полноќ ќе бидете ти и останатите балканци надвор. Добро, и понекој африканец 2 ин 1, ем менталитетот шо ти се свиѓа, ем државата топ. Ко ќе ти биде тумач, ќе се преселиш во соседното село
Не ми е јасно зошто работодавците(робовладетелите) се лутат кога работниците (робовите) вадат болување со причина. Стварно не ми е јасно, абе го гледаш не му е арно еееј...! П.С ако некој се навредил на зборовите што се во заградата, нека извине, ама јас така си го чувствувам нашето уредување во милата ни Македонија! Инаку спаѓам во класата на Робови, 'рмбач по производствени погони...!
Јас сум' рмбач во канцеларија.. I feel the same. Не се навредувам со зборовите во заградата, ниту ми смета зборот БОЛУВАЊЕ иако е грешен и треба да биде БОЛЕДУВАЊЕ. Гледаш како некои им смета зборче?
Гледам, инаку кај нас дијалектно е Болување, така велат и докторите овде. Во папирот си го пише како што треба.
Сакам да кажам браво за трите сестри. Се доселија една по една во зграда со четири влеза. Го повлекоа и татко им во зградата до нас. Ги гледам од балкон пренесуваат мебел за третата. Да не влегувам во детали бидејќи колку повеќе текст толку повеќе секој различно ќе прочита и протолкува. Сакав само браво да им кажам додека да им кажам лично и сдк што се создава со хармонија, слога и мир.
Сакам да го кажам гласно она што си го зборувам внатре во Мене. Си велам дека мини плинско со ѓезве и кафе на плажа ќе се смета за луксуз. Само незнам како ќе им биде на оние што ќе го практикуваат тоа со претходното исмејување за работава.