Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.931
    Допаѓања:
    143.065
    Браво бе феминки, ме изненадивте.
    Јас па бев убедена дека партнер бирате според душата, а не според фацата и дека сакате да ве сака некој оти се мудри, паметни, добри и секси дами.
    Не за фацата.

    Всушност, ако сакате некој да ве сака само заради фацата и телото, не очекувајте да ве почитува по некоја година, кога ке сте стари, дебели, грди и со виснати стомаци.
    Ако се што ви е битно кај партнерот е убавината, жал ми е, ама сте утнале многу во животот. И ко за беља, децата место на убавиот маж ке личат на свекрвата, ген. Карма.

    Крајно сум разочарана од површноста, што битен ви е физичкиот изглед и што за некоја ке речете дека е гнасна, по една видена слика.
    Верувам дека така ги гледате работите, површно, и затоа козметичкото катче ви е поголемо од книжното, затоа има повеќе слики со видете ми ја косава, отколку видете ми ги книгите.

    Најмногу ме загрижува што така избрзано и неразмислувајќи можете дека некоја е гнасна, а се работи за некој со убави симетрични црти на лицето, скоро правилни заби и симпатични очи. Не дека ке ја навредите девојката и она ке се чувства неубаво, оти можеби е членка на форумов, и да не е, некој ке и пренесе, може никогаш да не дознае, ама гнасното во душата за ннекој не го познавате да кажете дека е гнасен, даалеку смрди.

    Исповоцирана од тоа дека наводната девојка на Кајмаовски е, цитирам, оваа грдосијава, Колку е за греота девојчево, Оваа е гадна,Класичен упикувач
    Не ми се кавгаше таму, не е темата за тоа, а ова ми стоеше да си кажам. Разочарана сум.
     
    На Elennaa, sweetgirl358, blackstyle и 18 други им се допаѓа ова.
  2. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Најинтересни ми се феминките кои во некои теми самоуверено ќе се изјаснат со свое лично мислење и став и потоа во друга тема ќе им најдеш мислење кое сосема противречи на претходното :clap:
     
    На Twinkles, Lella, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Ме познаваш целиот мој живот, и сеуште не сфати дека крокодилските солзи кај мене не успеваат?
    Во ред, јас можам тоа да го повторам неколку пати, но не и да ја толерирам секоја твоја глупост.
    Извини се, па потоа очекувај да ти простам. Бидејќи нема извинување, нема ни простување.
    Не мораш да ми зборуваш на мене, ни јас на тебе, но тебе ќе ти треба помош еден ден. ;)
     
  4. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    СДК,толкава дволичнос,не ти личи |(
     
  5. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Значи дечко ми е романтичар во душата невиден. Секогаш успева да ме изнеанди, така успеа и денеска.
    Си идам ја дома прееска, целата запотена, бушава во косата, после цел ден поминат во жешкото, отварам вратата и има шо да видам. Листови од трендафил по паркетот направени како патека која водеше се до кујната и трпезариската маса. На неа има шо да видам, испекол компири, месо, ми ја направил омилената салата, сипал вино, запалил свеќи, столовите ги тргнал и оставил само два. Абе милина за гледање.
    Се ова го спремил по повод нашиот прв бакнеж кој се случил точно на овај ден. Малку ме засрами пошто ја имав заборавено, само знаев дека е лето и дека беше на плажа и секако, беше посебно. Ми вика, сакам секоја година овој ден да биди посебен во нашиот живот и оп песна, не можев да си поверувам на ушиве, мојот сакан напишал песна. Тук там фалеше некоја римичка, ама ајде, со самио обид ме освои.
    Од кога завршивме со вечерата ја му викам, ти си мојата Глорија само без акценто у цицките(кој гледа Модерн Фемили че сфати).
    Абе си го сакам и тоа премногу, среќна сум со него, дефинитивно чувствувам дека е мојата друга половина, онаа подобрата, иако имаме различни ставови за многу работи, па и за Модерн Фемили, ама нели, спротивностите се привлекуваат? :D
    Сега го седнав и се договоривме време е за маратон од Модерн Фемили, секако ако му се допаднела првата епизода, а верувам дека и тој ќе стане зависен од серијава.
    Имајте убава вечер девојки :*
     
    На bittersweet, Barbie20, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Ја следам темата и се запрепастувам колку можат луѓето да бидат злобни.Тука веќе не е проблемот девојката на Кајмаковски или мисицата.Проблемот е во тие што се осудуваат да зборуваат скриени позади параванот на анонимноста.
    И малку усул да има,доволно е.
     
    На eliesaab, Nensina и Cka им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Ех, Кимке, човек треба да знае за „доста“ мислам буквално, оти ако едно види, па друго, трето и се ќе си посака и ќе немат крај.Инаку, за поголеми одлуки во право си, само треба да се прифати она што го има човек, во моментот, малку да го промени по свое :lol:

    Бога ми, астрономска може да биде.
     
    На k.i.m и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.147
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека внук ми (4) е најхраброто човече што го познавам. Последниов месец беше во болница и постоеја денови кога немаше место од тоа мало телце каде нема дупка од игла.
    После еден напорен ден рекло дека нема веќе да плаче, дека само бебињата плачат и веќе не се буни кога му ставаат инјекција. Само ја подава раката и седи мирно. :(

    Жал ми е што мораше да пораснеш вака, преку ден, жал ми е што твојата мајка попрво се грижи за маникир, за фустанчиња, за што ќе рекле комшиите или некој сосема трет. Ама знај, тебе Господ те чувал и ќе те чува. :hug:
     
    На bittersweet, Barbie20, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.349
    Допаѓања:
    92.326
    Пол:
    Женски
    Колку ми е ќејфски кога ќе слушнам среќна двојка како се смее гласно, си покажуваат колку се сакаат,се гушкаат неможат да си ги смират моменталните чуства па си разменуваат по некоја нежност повеќе и си се бакнуваат онака срамежливо но се во граница на нормала.
    Исто така ме радува кога ќе слушнам како еден со друг се надоврзуваат се согласуваат и се смеат еден на друг кога ќе згреши некое зборче или ќе каже некој бисер :lol:
    Еднаш имам кажано но пак ќе си кажам колку убаво изгледа кога ќе забележам машко како одбира подарок за неговата љубена и бара совет од блиски пријатели како повеќе да ја изненади :lol:

    Деновиве ми се врти во глава како изгледал љубави мој одбирајќи го вереничкиот прстен :D
    Ах се би дала да го видам како со саати се двоуми и пробува прстени на него за да може да ми ја погоди големината :D
    Многу пати имаше кажано: дај да пробам прстен твој да видам колку сме разлика во прстите,како да знам да мерам за во иднина кога ќе сакам да те побарам за жена :D
    И навистина го погодил баш како јас да сум го пробала пред да го купи :wasntme:
    Периодов ми е многу среќен и радосен дајбоже целиот живот да ми е така :lol: :wasntme:
     
    На bittersweet, Daydream, Elennaa и 15 други им се допаѓа ова.
  10. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Почетничка грешка во чекори. Пиво алкохол ли е..?
    Ма нема што да се мачам и глодам коски кога имам луфта, си виткам јас ребра и коленици па после спас барам во јак тренинг со издржлив спаринг партнер, има тоа мрсничкото низ нос да ми го извади и кичма да ми размести... изгледа сум заборавила да ти кажам дека пушени ребра ми се омилени.
    Маче, јас сум боем, а те гледам и тебе таква (боем не е културен назив за пијандура) и не знам како да ти кажам ама јас под благо дејство на алкохол добивам животна инспирација, абе што сакаш ќе се направиме само... ситније Циле, ситније...
    Него ти дај кажи каде и како се собираат тие пари, да дојдам и јас да соберам малку?
    Или ти ќе платиш?
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.427
    Допаѓања:
    17.780
    Пол:
    Женски
    Еј, немој да ме смееш со тоа јас ќе платам, мислам, да се разбереме, хмм...јас чекав ти да се понудиш. :rofl:
    Туку еве го Михајло е онлајн, гарант прочитал и за тоа дошол човекот, да собере пари. Сигурна сум дека и тој е боем во душа и дека едвај чека да му засвират на увце.
    Викаш дури до разместување кичма стигнуваш? :rofl:
    И јас исто-тоа со инсипрацијата :rofl:
     
  12. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    СДК, среќна сум што висам на форумов многу повеќе отколку на фб. Ме прашуваат зошто ме нема, одговарам со прашање: дали тоа што ме нема на фб значи дека МЕ НЕМА ? Како порано се слушавме по телефон, си праќавме смс?? Искрено не се сеќавам на последна порака од некоја другарка, да ми е жив и здрав дечко ми шо секој ден ми пишува , макар и по еден :* додека е на работа, колку му дозволува времето.
    сдк п.с. навикната на скромен живот, денес плачев за моето најскапо купено парче облека. Свадба на најдобрата другарка, морав, не смејте ми се ама вистина плачев, плачев зошто дечко мирече : заслужуваш многу повеќе и од ова... да ми е жив и здрав, и уште 77 да дочекаме :inlove:
    Имајте убава вечер феминки :*
     
  13. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Си ја отворив темата Црн Хумор и се смеев цел саат како будала :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: ]:)

    Не ме карајте :tmi:
     
    На MademoiselleB му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Незнам дали некој пишувал за ова и се извинувам ако пишувал и е слично со моево, али според моиве еве неколку годишни испитувања дојдов до заклучок дека 80% студентите поминуваат низ 7 фази пред испитните сесии

    FAZE 1 = AWARENESS
    Првобитната фаза во која студентот ја согледува ситуацијата . Тука дознава колку испити има , дали ќе преживее и калкулации кога и што да се полага и кога да се почне

    FAZE 2 = MOTIVATION
    "Нема да биде како што беше до сега. Овој пат ќе биде поразлично , ќе почнам месец дена да учам пред испитот , ќе бидам друг човек."
    Фаза во која студентот се мотивира за подобра иднина

    FAZE 3 = RELAXATION
    Одкако ќе дојде тој "месец пред испит" се појавуваат разни работи на кој студентот мора да им посвети внимание , нема потреба да се учи , секогаш има утре па и задутре , ехее има време ...

    FAZE 4 = CALCULATION
    Недела дена пред испит , ако седнам да учам саат за овој испит и саат за тој испит и саат за тој третиот испит ќе имам време за сите испити , или сега овој а другиот во втората декада ќе го учам , нема проблем.

    FAZE 5 = SOUL DESTRUCTION
    нервоза и пробување да се ископираат ливчиња одкако студентот ќе свати дека нема да научи све за еден ден, дополнително јадење и седење пред компјутер мислејќи како да се извлече ....

    FAZE 6 = FINDING GOD
    Повикување на господ и надворешните сили да нешто помогнат , дали да се паднат двете лекции кој си ги научил од цела скрипта или пак да има некое торнадо или земјотрес да го однесе факултетот и да немора да се полага.

    FAZE 7 = AFTER SHOCK & FALSE HOPE
    70% од испитаниците ќе им се паднат лекциите кој ги училе или пак ќе успеат некако да препишат додека пак другите ќе речат ај следната сесија , после завршувањето на сесијата ќе си ветат дека следниот пат нема така да биде но длабоко во себе ќе знаат дека нема ништо да се промени и ќе бидат пропалици ....


    Другите 20% студенти поминуваат низ 3 фази

    FAZE 1 = STUDY
    FAZE 2 = TAKING THE EXAM
    FAZE 3 = VICTORY
     
    На Antolinaa, Barbie20, Daydream и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.573
    Зошто не кажувате дека на турска свадба невестата ја белат со нешто како брашно и изгледа буквално МРТВО сериозно...? Се шокираФме.

    Од оваа гледна точка, сакам да сум турчинка или да го потурчам, него, што знам...
    И онака ме рани само со благо, па и ми збори благо...
    Не сум стереотипна, ама ме фасцинира грижата на мажите кон жените помеѓу турците. Една постара жена ми вика, абе неретко и шваЉерки си имаат, ама жена си ќе поќутиш, он ти е газда (?!), пак ќе си легнеш до него и ќејфови ќе му правиш, пак те поштува, злато ќе ти купи, куќа ќе ти крепи, па и тоа е нешто. И викам, јаааа, друга викаш а?
    Македонија шаренолика! Егзотично ориентална!
     
    На Barbie20, Daydream и Daleron им се допаѓа ова.
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Јас знам како се чувствува птица, која прв пат скокне од гнездото. Само што птицата нема време да стигне до terminal velocity пред да ги рашири крилјата. Ако ме нема утре попладне, нешто ми пресече крило, или спијам како заколена после адреналин. Конечно после неколку викенди рано станување, саати и саати тренинг, и фрлање со другари и другарки, огребан задник немам доволно кромид веќе да се ложам, а и десниот скочен зглоб ми е сумлив, ама денес положив за таква воздушна возачка.
    За прв пат, утре, индивидуално, ох боже, сама ќе се спуштам од пет километри висина. Посакајте ми среќа да не паничам на вратата.
    Формации ме чекаат после овој труд, а јас едвај чекам! Не е труд, живот ми е. Не кажувајте на мајка ми . Во весник ќе се откаже ако ме разбере :!:

    И да. Досадно ми е на форумов. Поздрав до сите :hai: Добра ви ноќ.
     
    На Doozy, bittersweet, Vikica.cuci и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Ќе пукнев од смеење. Го има еден симпатичен и се вика Владимир. Има една маана, се клати кога оди. И на другарка ми и' текна, го прекрстивме Владо Патката :rofl:
    А јас пак запнав, да отворам сендвичара и да ја крстам „Владо Патката“ :rofl: И тоа до пицеријата каде што тој работи како шанкер :rofl: И да си купам мотор на кој ќе залепам налепница „Владо Патката“ и одоздолу мојот број :rofl: Ама мотор на 3 тркала, затоа што јас не знам да возам ни велосипед :wasntme:
    Друго, на една другарка, една друга другарка и' личела на Тејлор Лаутнер со пуштена коса
    [​IMG]
    Верувајте ми си немаат допирна точка :rofl: :rofl:
     
    На Heartbeat, tirkenbal, DoReMi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Ееееееех изгледа ништо од мојата работа. :( Ама ако,си викам тие губат. Барем да ми кажаа порано,вака ги исчекуваав по цели денови,а нив упорно ги нема.И да ми се јават сега,ќе знам дека вртат да ми кажат дека не сум примена. А јад сигурна дека ќе се јават па по мочање одев со телефон во раце,не можеш да се избришеш како треба :rofl: :rofl: :rofl: Си се тешам ќе си најдам поубава работа.

    Денеска денот и онака катастрофа поради неисполнетоста моја на професионален план,сретнувам на улица една комшика.После многубројни испрашувања од најтесното до најширокото семејство ме прашува: Да не има нешто крчма кај вас? (Да не сме се вериле со дечко ми)
    Алоооооооо ма,и да сме се вериле и да не тоа е мој проблем.Да има такво нешто за фалење сигурно ќе сум се пофалела.Кога кажав не,ме погледна со огромна доза сожалување,божем никогаш нема да се омажам.
    Зарем сум престарена на 23 год и ми поминал возот?Бидејќи сум во повеќегодишна врска и лани завршив факултет сега МОРАМ да се мажам.
    Свашта.Во денешно време кога луѓето ги интересира повеќе туѓиот живот,подобро дома да си седиш зошто ќе ти го сјебат. глупациве и онака катастрофалниот ден.
    И за крај ,јас кога ќе сакам тогаш ќе се мажам,а не комшииве. да ми кажуваат дека со завршување факултет сум успеала се во животот,престарена сум ако имам 23 год и ако не се омажам сега нема никогаш.Да јадат......слатки
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Одиме по ред.
    Во 2и20 ми замириса на пржени компирчиња. Моја арна зградо, каде има пржени компирчиња мјами мјами мјами. Јас мора да сум некој халуцинатор, мене ми мириса на компири во затворен простор.
    Во 2и30 ми мириса на палачинка, ма немој да ме јебеш бре.
    Ау готово ќе се породам јас, ќе излезе од мене нешто чудно. Преку ноќ, стомак имам ама секоја ноќ на нешто ми мириса.
    МАМООО НЕ ЈАДАМ ВИШЕ ГРАВВ!!!!!!!!!! :$

    Добро е, дома сум. Сама сум, ќе помине, нормално е. ;( :?:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.573
    Си имала мајка два сина. Викала дека ги сака еднакво и дека секогаш е праведна со двајцата, арно ама едниот бил попаметен, а другиот поглуп.

    Од првиов секогаш само фалби и гордости, самиот си заслужил се, од него растела како квасец, првенец во основно, во средно, на факултет, на магистраториум, никогаш не му дала реална поддршка, ами само го тапшала. И кога-тогаш тој пропуст доаѓа за наплата, синот заглавува некаде во адолесценцијата те потешко оди да се самовреднува и да наплати се што работи и знае, а е генијален во истото и автоматски губи ред нешта. И сега мајка е како подразочаранка и не ја гледа вината во себе.

    Вториов син секогаш важел за поглуп, и секогаш го влечеле со врски, со поткуп, со лигавења, завршил све што треба со сила и му отвориле фирма која му ја работеле родителите...

    Кажете ми како мајката е праведна?
    Лејт најт психотерапии. Се избезумив какво всушност од мајки се прават немајки... Од примеров, правете се глупи и заостанати поголема е веројатноста дека родителите ќе ве влечкаат.

    ПРАВЕДНО И ЕДНАКВО Е КОГА СИТЕ ИМАМЕ ЕДНАКВИ ШАНСИ И ЕДНАКВА ПОДДРШКА, А СИ СТЕКНУВАМЕ СЕКОЈ СПОРЕД СПОСОБНОСТИТЕ!!! Ако е глуп син ти остај го да добие дарвинова награда и спаси го светот за бога милога...

    Сите си мислат дека своите деца им се најпаметни и најфини, ама помирете се...голем дел се глупи, па дури и неснаодливи... и ги влечат сите останати околу нив надолу, а они си успеваат како имели.

    И останав без сон.

    И почнав 5 книги, ниту една не ми оди периодов... не знам оти... може ќе паузирам, па ќе ми дојде пак читачката сладост.

    Искуствено...сега и во некоја подруга насока каде ми нуди повеќе аспекти на животни ситуации, мислам дека ќе започнам сериозно да пишувам зен приказни во староста. Страшно е како запаѓаме во некој семеен транс од кој излегуваме оштетени, тажни, неумесни, неспособни и тоа е само навидум, ама пустото убеден си дека си таков... можеш да се залечиш и да си бидеш ти ти, ама процесот е долг и тежок.
    По логиката на нештата не си возрасен и не си се пронашол ако не се косиш со сите теории и практики на живеење на твоите родители, а сепак да ја задржиш љубовта према нив и тие према тебе. Само така ќе си среќен.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.