СДК дека многу сте “КРАТКИ“ во постовите и немам трпение да ги читам. Епа сега видете, возрасна жена климактерична, жешко е, ама не од времето, туку од овој Климе што ми се закачил како крлеж и не сака да ме пушти. Топло-Ладно и наопаку, мореееееееее и мензисот доцни е ќе види он Ручек, абе мама готви цел живот сега ли на стари години да се учам! И овој Климе уф ме тормози нон стоп. Од оваа кожа во друга не се може. ТОЧКАААААААААА , ај грашакот ќе се претвори во билијард, а батаците оро ќе водат. Пријатно.
Очајно ми недостасува присуството на есента! Тоа нејзино величествено руво кое обвиткува во прекривка од жолто-црвени нијанси, и располага со таква силина да те припие во тој меѓепснички колоритен пастелен сјај.. Сјај за кој секој уметник може само да сонува. Есента воодушевува и со својот килим кој го постила долж земјата, а е сочинет од илјада паднати лисја кои нежно крцкаат под тебе небаре газиш на кашмир, и минуваш гледајќи ги веќе соголените дрвја. Поседува во себе нешто што ме тера секое утро да си го полнам филџанчето со чај од лимун кој ми овозможува да си ги наполнам батериите за да можам да го издржам денот. Така вдахнувајќи си парче енергија, ми се отвораат и порите кои го воспримаат еланот кој ми разбранува сетила, емоции. Просто есента шармира со својата неподнослива уметност. И стојам зад тоа дека никако не е меланхолична и здодевна! Можеби е, но само за луѓето кои не знаат како да уживаат во неа, па чекаат поволни временски услови за да им биде добро. Исто така ми недостига и ложењето на дрва кои одврее навреме потпукнуваат кревко и слатко во каминот. А ништо не го заменува ниту тој опоен мирис од џем со кајсии или сливи, чие полнење во мали теглички значи победа, а го паметам уште од најраното детство... Се сеќавам дека моите имаа обичај да ги ставаат високо во креденецот со цел подолго да траат преку зимата. Но, јас пак храбрата секогаш успевав некако да се прикрадам и земам по малку. Токму поради ваквите благодети и топли секавања мислам дека есента е мелем за душата која ја кани на гозба од секаков вид. Воедно, и мешето знае да ни го наполни со зимница. Поготово рано наутро пред да почнат работните обврски што има подобро од потпечено лепче намачкано со ајвар и сиренце? Од друга страна пак, сето ова ми е воедно индикатор дека дефинитивно ми здодеало летото. Де топло, де спарно па студено. Не сум јас навикната на вакви временски варијации и тоа се во едно годишно време. Затоа и повеќе ја љубам есента. Нејзиниот слатко - кисел дождец и пејсажот од зајдисонце кој на есенскиот тон и лисјата кои танцуваат во ветрот им дава посебна нота, прави да се чувствувам живо. Па џемпчерчиња, фармерчиња, чизмички, капутчиња и сета останата топла облека која се изнесува од плакарот...абе милина, со срце ја чекам овојпат!
Моите на пример кога одат на викенд, се пакуваат во кола со едно куче, две желки и три лубеници. Кога ми се најавија дека ќе дојдат во викендичката и мајка ми излезе со цел аквариум од кола, не можев да се воздржам, а да не почнам да се смеам Па ми вика: Ти мислиш лесно е да држиш баланс по оние кривини и сува да останеш? Патем, ова е новиот член на нашето семејство Сé уште нема име, така што било какви предлози се добредојдени.
Отварам нов тренд на нокти. Едната рака исцртани до детаљ, другата обоена во една боја. Епа кога не знам да работам со двете, ќе измислувам трендуви. Ај, не е лошо ни вака.
Јас зборев за родители кои им наметнуваат на децата некои работи само зашто тоа е нивна желба, а не желба на детето. Во твојов случај, твоето дете само одлучило дека не сака да се шиша, само одлучило дека сака долга коса, штом не се буни, значи дека не му смета и тоа си е во ред. Се' е во ред доколку детето самото изрази желба за нешто. Според ова, од каде ти се пронајде во мојот пост? Моето мислење и твоето искуство се целосно спротивни. Јасно и конкретно имам напишано за која група на родители мислам. Истото важи за малите девојчиња. Ако самото дете посака кратка коса е во ред. Лошо е со сила и плачки да го однесеш на фризер и да му ја скратиш косата само зашто фатило вошки или било жешко, па ај ќе и' ја скратиме да не му биде топло на детето, ништо не и' е, ќе поплаче малку, ќе и' порасне, фати вошки - одма на фризер на нула (пример). Иако за вошки постојат многу други решенија, за жешкото време исто така. Е јас за тие родители зборев. И не зборам јас од памет, ова се реални примери од моето секојдневие. И зошто мешаш "воспитни", со ова? Зошто мешаш комшиски муабети? Каде пишав јас дека треба воспитна да му се удри на детето? Баш напротив, целосно сум од страна на детето и целосно би поддржала негова желба каква и да е, ама само ако е негова желба, а не наметната. Каде пишав дека јас така мислам зашто ми е битен муабетот на комшијата? На овој начин ќе ме правиш инфериорна спрема тебе, као јас се занимавам со комшиски муабети? Друг пат кога ќе цитираш некого, цитирај го цел пост, а не да бришеш. Зашто дури и еден збор да се избрише, може да се добие целосно спротивна слика од тоа што некој сакал да каже.
Стари луѓе=луѓе без работа Одам накај дедо ми и сеа таа една негова комшика излезена на улица сите ги посмататра.И тоа ко да не си човек.Поминувам и и викам добар ден и ми враќа и она.Сеа ја одминувам и осеќам дека со поглед уште ме прати.И тоа на сите му го прави.Абе Бог да чува
Абе ај Бог да чува и да брани. Абе сите Вие, куртон да не сте навлекле на големата глава па не гледате што се случува. Се е мед и млеко, ееееееееееееее не е така, живејте зачаурени, а животот ќе поминува покрај вас како ветер во празно. Море бегајте таму и зафтете со серизна работа.
^^ Свесно или несвесно нашите желби ги наметнуваме на нашите деца кога се мали, па кога ќе видеш дете со било каква фризура, не само репче одзади или нешто слично, знај дека тоа во најголем број случаи е желба на родителот. Што разбира мало дете од фризура, или се плаши од фризер или не. И кога го носам на шишање сигурно не ги оставам со фризерката сами да се договорат каква ќе е фризурата. Исто може утре тебе некој кој обожава малку поспецифичен стил да те обвини пример дека си мајка која го става детето од мало во некои шаблонски рамки со тоа што му правиш најобична машка фризура или го облекуваш прилично досадно. Исто ти е. Тебе едноставно тој ˝стил˝ не ти се допаѓа и затоа напаѓаш, не дека детето немало избор. Додека се мали, во ред, кај сите деца очигледни се карактеристики, однесување, стил превземени или наметнати од своите родители. За брзо време ќе почнат сами да изразуваат желби и да покажуваат индивидуалност, тогаш треба да се остават по своја волја. Јас како мала на сите слики сум во сукњи, фустанчиња, кики, шнолички, а во сликите од основно и средно пример се е црнила и панталони. Не е некој проблем и не остава последици, чил аут
Знаете, се надевав на поубаво лето, повеќе дружење, запознавање со нови фацки, и баш поради тоа што се случи спортивното се осеќам како страшило за пилци. Како луѓето да бегаат од мене. Што ли ми се случува?
Типично однесување на некој кој излегол од својата земја и видел нешто поразлично уште на почеток од престојот е тоа. Добро познато.Клише. Јас за вака бев родена, не со оние сељаци во Мк да се расправам. Јас бев класа уште дома, сигурно за тука сум била планирана ама ете некоја грешка. Едноставно отскокнав другари. Луууууузерс. Бљак сте ми сите. И не се дружат со никој од бившата ни земја, оти сите се исти никакви, само они нели, бисер. Како и да се чувствуваш, (а ние што сме настрана знаеме) преточи го со пофини зборови, оти ако си класа, ќе знаеш како. Ама не си.
За овие 2 месеци откако се зачленив на форумов се изначитав и видов свашта, милијарда тролови искочија.. еднаш баш пишував и се замарав со тоа (со цел памет) ! Батали тоа, правилото на форумов е божем да се пишува на кирилица, свака част за тие шо го поштуваат правилото, више се навикнав на некои што упорно си тераат на латиница.. но едно не ми се верува што видов некни, член што пишува со бугарски фонт! Мислам свашта, наредно шо да очекувам, некој на грчки шо ќе пишува ваљда?!