Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Доцните ноќни часови се најубави за јадење :!:
     
    На kala21, Hell0.kitty, Mahidevranfan и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Ццц до кое дно падна човечкиот живот ејј не ми се верува.Колку сум само разочарана од секојдневниве случки што насекаде ги има.Па добро бе луѓево во Брза Помош стаени ли се ради реда да ги има на список а дали некој ќе умира на нив многу им е битно,побитно им е дали има земено книшка чоекот во тие моменти и дали комбето ке им остане чисто па уште госпожите надвор муабет на мобилен си прават со шефот :puke: да фатиш да утепаш и ич криво да не ти е :swear:
     
    На Barbie20, eliesaab, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Кога ќе чепкаш низ некои стари фолдери, кои датираат уште од првиот компјутер-трактор и стигнале до денешниот лап топ, ќе најдеш сé и сешто.
    Денес си најдов неколку интересни слики, меѓу кои и print screen од лудото скокање на solitaire картите после некоја од многуте победи.

    А меѓудругото, си ја најдов и позадинава :D

    Во недостиг на интернет и други позадини, мора да си смислуваш нешто за да не ти биде досадно. Па така после гледање на Loch Ness филмот од '96, отворив Paint и си нацртав едно недефинирано суштество во езерцево. И оп - ете ти нова позадина :lol:

    Кој знае уште што сé имам по некои стари цедиња, морам некој ден да ги најдам и да ги отворам :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 123.jpg
      123.jpg
      Големина на фајлот:
      115,7 KB
      Прегледи:
      508
    На kala21, sweet-cherry, Lella и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Роденден е денот што го чекаме цела година, цела година... :music:
    Епа конечно дојде и тој ден! ^_^
    Денеска е мојот ден и нема да дозволам никој и ништо да ми го расипе! :wasntme: :D
    Лани си помислив желба и ми се отствари после 3 дена, иако мислев дека е невозможно и овој пат ќе си посакам желба и се надевам дека еден ден ќе се отствари. :inlove: :D
    Повелете на торта! :hug: :hug:
    [​IMG]
     
    На Lella, bittersweet, Mahidevranfan и 30 други им се допаѓа ова.
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    12.629
    Пол:
    Женски
    ...некој личности можете да ги одстраните од вашиот живот но не и од вашето срце, зашто нив таму им е местото.Засекогаш. :)
     
    На julie77, bili12, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали ќе го дочекам денот, кога ќе си купам крофнички од Плоштад и нема да се направам лом. [​IMG] Па и тие... едно салфетче ставиле. Стаи цело туце, ко човек. [​IMG]

    Иначе, не знам како да се наречам. Ај нека биде „неспособна за носење чанти“ (ова чанти многу глупо ми звучи, подобро е ташни [​IMG]). Едноставно не знам да носам ташна на рамо. Ми паѓа, глупа сум, не знам. [​IMG] Се' си мислам дека ќе ми падне и се навалувам на страна. [​IMG] Не знам како едноставно да си ја зацврстам ташната за рамо, паѓа. [​IMG] Треба така и јас да правам како што манАкенките вежбаат да одат право со книги над глава. Така и јас по дома да си се шетам со ташна над мишка. [​IMG]

    На полуматура последен пат носев ташниче и тоа ми стоеше на маса. [​IMG] Ама па и што ќе ми се тракатанци? Мобилниот и новчаникот во џеб и готово. [​IMG] Имам едно прекрасно мало новчаниче, може да се приспособи во секој џеб да се бутне. [​IMG] И волкот сит и овците на број. [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Lella и 20 други им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    И така, овој ден јас го завршив со една многу убава вест. Ке станам тета по не знам кој пат.
    Снашке, нека ти е со лесно :) :) :) :)
     
    На Lovely93, sweet-cherry, Lella и 13 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Роденденот го чекаме цела година... Епа до некаде е точно. Еве јас, мојот роденден не го очекувам никогаш. Обичен ден ми е секогаш. Но, денес е роденденот на едно посебно девојче, DREAM-GIRL. Да, толку е посебна што и во СДК ја спомнувам.
    Откако се запознавме, поминаа осум месеци. Ноќните допишувања, малите тајни, кажувањето на секоја глупава и секоја убава работа преживеана во текот на денот. Сеуште се немаме сретнато во живо, но ќе биде тоа, има време. Само да сме ние живи и здрави.
    За фасцинантно краток период ми стана помила и од родената сестра. Од каде се појави таа доверба? Бидејќи не ме познаваш воопшто? Не, знаеш речиси сѐ за мене, а и јас за тебе.
    Не можам ете, ми се преврзуваат зборовите сега, не можам да ја искажам мојата среќа за тебе. До сега ти посакав безброј радости, насмевки, да бидеш послушна, да го превземеш денов како ДримкаДен.
    Е сега ќе ти посакам уште нешто. Да помислиш на тоа што највеќе го сакаш денес, да ги затвориш очите и од сѐ срце да ги дувнеш свеќичките. Верувам дека ќе ти се исполни желбата, знаеш. Те сакам мала сестричке. :* :hug: :party:
     
    На Lella, makedonkamak, Jenniffer и 2 други им се допаѓа ова.
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Како баш најубавите работи се случуваат на крајот од летото? :o: :dance:
     
    На LittlePinky, Anabelle.Amorette и Summerlover им се допаѓа ова.
  10. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    524
    AziskaStrslenka да си ми жива и здрава. Ме изнасмеа со твоите мислења. :D :D :D :D
    Луѓе колку и да не ми денот, доаѓам дома и се ми е океј, верувале или не. :wasntme:
    Virtual hugs to all :inlove:
     
    На AziskaStrslenka и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Маратонците го трчаат последниот круг, а на маратонкава ич не и се оди дома. Се чудам од самата себеси, ова ми е трет пат некаде да сум сама во странство на подолг период а да не чекам одвај да си дојдам. Лани буквално ми се креваше енергијата на помислата за дома, сега сум во расположение дека да можам буквално ќе се омажам со некој за да останам. :rofl: За тие страшно заинтересираните за мене и моето добро, тоа нема да се случи, не сакам да живеам како криминалец или во страв, ако се вратам ќе се вратам како академски човек. Нејќам, супер ми е, никој не ми фали, со тие што треба контактирам секојдневно, мада што не сфаќам зошто цело слободно време би висела на Скајп... Ако сакаш со мајчичка да си гугукате петпати дневно, ич не ни иди тука, замотајте се со папочната врвца и седете си така.

    Сфаќаш дека да, ти требаат луѓе и поддршка во животот, ама дека ти си тој што си го отвора сопствениот пат кон било што. Не може да легнеш и да чекаш, и да се буниш како се' не чини, едноставно не можеш. Мора бе главата да си ја чукнеш малце, не знам, овој вака правел, тој така, епа сестро надредени ќе имаш цел живот, ако мислиш да се жалиш цел живот дека некој не чини, нек ти е со среќа со нервите. Одиш, гасиш какви и да се било лични емоции, работиш како што треба, и си одиш. Културен и пристоен. И ако повратат и се исерат и да не знаѓ што направат пред тебе, се смееш, викаш у реду е, се случува, луѓе сме, и го решаваш проблемот без многу галама. Дека ако ги нема нив, ќе нема ни кој да те плаќа тебе.

    А, и парите. Овој толку зимал плата, оној волку, ами и ние сакаме толку, леле, за греота сме. А куферите пупа од шопингот, телефони се нарачуваат, поклони фрчат за рода до трето колено, па па. Што очекувавте жити се', милиони ли на сметка, со приватен џамбо џет ли дека ќе слетате во Скопје?! Ви се пружила прилика, секој со среќата понатаму. Живеам со слушалки во ушите за да избегнам вакви теми, а нормалата е сведена на минимум, барем во крчмава.

    Леле како да влегувам во ПМС, ќе се разгличам како дериште во недела, сите мои американски пријателчиња се враќаат дома. Ќе ми фалат ненормално многу, се договарале да дадат сите по нешто и да ми купат карта за пак да дојдам назад. Такви бе луѓе сакам, многу воспитани, многу пристојни, многу ги засакав а и они мене... Ретко е да се најдеш на иста фреквенција со некој... Речиси невозможно. И мораше да живеат баш на 10 000 км од мене. Мада што, се понудија или да ме посвојат или да сд оженат со мене кога ќе завршст колеџ, за да се гледаме кога сакаме, хаха... Енд ај уонт сеј ноу ту дет.
     
    На sanjaeva, Bozica1980, AziskaStrslenka и 31 други им се допаѓа ова.
  12. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Прекрасно е чувството кога те буди мирис на штотуку сварен планински чај во придружба со свежо испечени, заруменети, топли и крцкави кроасани со чоколаден крем. :smirk:
    Замислете од толку што ми изгледаа вкусно не смногнав ни една силичка за да ги сликнам и постирам во темата ''Фемина Инстаграм'' туку веднаш ги апнав. Нетипично за мене, а? Вел, пипл чејнџ. :D
    Ама да знаете како ми ги надразнија сетилава, онака до максимум, разбудија апетит и сласт во мене како никогаш досега!

    Еве, не е ни 12 часот, а веќе чувствувам дека ги имам наполнето батериите, и сум подготвена успешно да го почнам денов, што чинам денес ниту небото не ми е граница!
    Вака подготвена и најадена тргнувам во нови походи. :rock: А впрочем и морам, иначе собава нема да се исчисти сама по себе. Ниту прашината на полицава ќе исчезне, а ниту некој од улица ќе дојде да ми ја собере пајажинката на Климентина што ми прави друштво веќе неколку дена горе на ќошот од мојот кревет. Епа ете така луѓенца, ми преостанува само уште да ви посакувам и вам пријатен ден исполнет со многу радости.
    Се читаме подоцна. :hai:
     
    На Lella, eliesaab, Ivy89 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Феминке
    Онака рандом инспирација за пишување токму денес.
    Тема на муабет- мажи.
    Вчера во една вечер имав уникатна можност да видам како изгледаат три типа на мажи.
    I тип: болно љубоморниот и вечито заљубен
    Кога на некого му си неостварена љубов и гледа на секој можен начин да ти наштети или да те направи да се чувстуваш повредено, уствари тоа се банални работи кои не допираат до тебе.
    Можеби и тоа му е одбранбен механизам за да докажи дека ништо не допира до него, дека е бесчувствителен и слично,а уствари е све спротивно затоа што свесно прави некои заврзлами еквивалентни на 16 годишен тинејџер кој малку покасно созреал од другите, односно влегол во пубертет.

    II тип: сељак
    Сите сигурно сме искусиле по еден таков во некој кафиќ/дискотека.
    Најчесто тоа се типови на луѓе кои никогаш нема да ти пријдат преку ден затоа што ги ужаснува мислата дека некоја девојка е трезна и може сака муабет да направи,а не да се лапа сред кафиќ :D
    Во случај девојката да не е пијана, а тие располагаат со 1000 денари,спремни се да ги потрошат на тебе само за да те испијанат и да завршиш со нив.
    Едноставно се плашат од трезни девојки и секогаш секогаш пленот ако успеат да го уловат тоа ќе биде навечер, за следниот ден да си пречкртаат во тефтерчето и да се прават фраери ау бау за една вечер, уствари тоа е така затоа што не знаат поинаку да задржат и да шармираат девојка.
    Се палат и при најмали движења во ритам на некоја девојка и просто сами рацете им одат да ја фатат.
    Е, сега навредени од првиот тип и како последица на вториов тип мажи, третиот тип најмногу трпи.

    III тип: опуштено разочаран
    Исто како и нас.
    Нема да правам некоја психолошка анализа, веднаш ќе преминам на настаните од вчера што ме натера баш да размислувам како се оддалечуваме меѓу себе машки и женски,затоа што им оддаваме преголемо внимание на луѓе кои не обезвреднуваат во секоја смисла на зборот.
    Си седев сама на шанк, не беше после 2, ама после 12 беше сигурно. Со менструални болки, главоболки од шотчињата ја допивав последната голта мохито, која патем првиот тип на маж ми го направи ужасно грозно и си пушев цигара.
    На другата страна приметив се гужваат некое друштво,ама не обрнав внимание, бидејќи си ги чекав пијаните ми другарки за да си заминиме евентуално секоја по свој пат, а мојот водеше само до креветот вчера вечер.
    Се наведнав да видам колку е саатот, кога во наредната секунда некој ме праша дали можи да ми се придружи и да седни до мене на шанкот, бидејќи е уморен.
    Има многу девојки кои би го погледнале налудничаво, но јас само се насмевнав и му кажав дека све е во ред.
    И онака почнавме рандом муабет, без лигавења, без некои глупи фрази на пуштање и слично.
    Онака, лабав муабет каков што ми фали во животов со било кого,а да не мора да значи дека вечерта ќе ја завршиш со него.
    Од страна од тој првиот тип, добив поглед као "што прави оваа,дечко има" ,ама мене искрено не ме тангираа неговите констатации.
    Типот ми даде и број, откако не можеше да ме разубеди да продолжам во дискотека и во наредната секунда ко из пушке ми вика, уште утре евентуално ќе го избришиш бројот и нема да се јавиш.
    Искрено не беше далеку од вистината, не би му се јавила и поради либето и поради тоа што се срамам за такви работи прв чекор. Но, во други послободни околности радо би му дала и број и ќе чекав тој да ме побара.

    Она што сакам да го кажам е дека фали меѓусебна дружба, бидејќи секогаш сите ги бираме полесните, но не и подобрите варијанти.
    Факт.
    Не само ние женските што си снижуваме вредности кога утре други ден ќе завршиме со некој како првите два типа, туку и машките се обезвреднуваат кога ќе завршат со некоја што нема три грама мозок и главата и стои само за да и расти коса и да ја чешла. Толку.
    Сакам и утре кога би излегла некаде, да запознаам многу повеќе како дечкото од вчера. Комплетно трезни, муабети на место.
    Бидејќи некогаш ти треба само муабет со некој.
    А, толку располагаме со негативна енергија во нас, толку предвреме се разочаруваме што нема каде да ја истрошиш освен на некој втор тип мажи.

    Бидејќи не сите жени се курви и не сите мажи се сељаци.

    Се распишав малку повеќе, ни јас не би читала толкав пост.
    Не измислив топла вода, само ќе ми олесни на душичкава барем една девојка ако прифати некој културен момак да седне до неа и да помуабети, ако не е таков културно може да се сврти на другата страна сепак.
     
    На calliope, Sexybaby86, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  14. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК секој има некој КИКО во својот живот.
    Убав викенд
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Новости милион, среќата е најголема! :sun:
    Конечно ми се исполни најголемата желба - покрај тоа што вчера наполнив 24 години, јас магистрирав!
    Сега официјално сум М-р Лепа! :rofl:

    Повелете за сите по еден капкејк, да ве почастам.

    [​IMG]
     
    На Anna-Banana, green.eyes, Scar.Tissue и 44 други им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.035
    Допаѓања:
    36.189
    Пол:
    Женски
    Подароците предизвикуваат огромна среќа, особено кога се купени со внимание, љубов и со желба да му се допаднат на оној кој ќе ги добие.Најчесто ги купуваме со некаков повод,а подарувањето без повод за мене има поголемо значење.Честопати сме биле во дилема каков подарок да избереме за оние кои не ги познаваме многу или кога нашиот фонд од идеи на некој начин е потрошен.
    Во моментите на опуштеност и навраќање на спомените се присетувам на подароците што ме врзуваат за драги личности.Секој од нив има своја приказна која е посебна на поинаков начин и ме прави среќна.
    Но, еден зазема посебно место меѓу останатите материјални предмети.
    Поставен е на такво место што со секое поминување во просторот погледот ми застанува на него.Најголемото богатство што можеме сами да го создадеме, најубавата локација што треба да ја избереме за едно патување, најверниот пријател на кој секогаш можеме да се потпреме...
    Книга... Убаво спакувано парче хартија од кое црпиме знаење и мудрост.Толку занемарлив за некои во однос на материјалните добра, а толку облагороден за мене што претставува единствен подарок во низата што се разликува од останатите.
    А за да бидат сеќавањата подлабоки ја добив на подарок од него на денот кога се запознавме.
    Ми се обрати со зборовите:
    -"Ова е за тебе. Знам дека сакаш да читаш. Повели!"
    Без никаков повод, а сепак зазема огромно место во мојата душа.Бев фрапирана од моментот кога ми ја подаде, видно изненадена од неговото внимание не можев да ја сокријам насмевката на лицето во тој сончев и топол мартовски ден, а нетрпението за да ја отворам беше големо.
    Ме копкаше мислата за содржината исто колку што размислував за неговиот гест, за тоа што сака и што го прави среќен, како ги избира пријателите и која е неговата цел во животот.
    Малите нешта многу откриваат за една личност.Навидум минорни, а толку драгоцени за да поттикнат интерес и желба да допреме до некој, да откриеме нешто заедничко и да го споделиме духовното битие.
    Ситните детали што создаваат незаборавни моменти остануваат засекогаш како и првиот бакнеж.
     
    На bittersweet, julie77, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    Точно, мојот Кико беше тигрица...ang I miss him so much :?:

    Убав викенд и на тебе :*
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Благодарам под КИКО мислев на недостижна љубов (за жал) :D :envy: :envy:
     
  19. MermaidKiky

    MermaidKiky Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    221
    Пол:
    Женски
    Телефонот ми е во рацете секоја секунда во денот, па ако мислиш дека те игнорирам, биди сигурен дека го правам тоа :rofl:
     
    На Barbie20 и tessie им се допаѓа ова.
  20. strawberry111

    strawberry111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    Некој да сака да ми помогне во темата AliExpress? Итно ми е :$
    Благодарам однапред и се извинувам за оф-топик.