Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.232
    Допаѓања:
    91.845
    Пол:
    Женски
    Остави некој знак ако некогаш се вратиш на форумот ,или пак ако не читаш ,знаеш оние малкуте 2-3 што велеше дека се :|
    :*
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека е вистина тоа каква енергија испушташ во универзумот, таа ти се враќа назад ко бумеранг.

    Ви кажав дека сум среќна? Да бе, во последниве постови само за тоа зборувам. Пу, пу, да не е за подрек. Не дека ништо не ми фали, ама ете, така сум си позитивна и насмеана, среќна што сум жива и здрава. И вработена, да не заборавам. :)

    Денес направив добро дело. Бараа во фирмава да препорачаме некој со тие и тие квалификации, ми текна на другарка ми што очајно бара работа и одма и се јавив. Ја пофалив, останатото останува на неа, нели интервју. И ја примија. Која радост, душичка. Од утре ќе си имам друшка на работа.

    Додека чекав автобус на кај дома, на девојче што стоеше пред мене и падна кутивчето (веројатно подароче некое) во вир, од дождов. И се приближив и и понудив влажни марамици. Прво ме погледна чудно, па ми се насмеа, и на крај зеде и ми се заблагодари. Луѓево не се навикнати на вакви „обични“ гестови. А колку те орасположува тоа што си „помогнал“ некому. Не дека е бог знае каква помош, ама сепак е гест на добра волја и верба во добрината на луѓето.

    Како и да е, убаво ми е луѓе на душичкава, сакам и вам да ви пренесам.

    Останете ми поздравени, насмеани.

    Love, Jones :*
     
    На Golden, Sexybaby86, Barbie20 и 24 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Јас пак да досаѓам |(
    Издржав два саата синоќа, ох боже, евакуирана |( не се седи така, нема уај фај, нема тв, а плеталото си го заборавив дома :D Не бре луѓе, кога ме фати некоја скокот, не седам тука па не знам што, кога му реков на маж ми, збирај се човек, збирај се да си идеме. Ама каде ма ќе одиш жено? Збирај се оти ако вода дома не те удави тука ако останеме цел ноќ - јас ќе те задавам! И, маж, што ќе прави сиромав :P
    Нема една педа вода на патот. Нема. А до куќата уште дваесет метра. Крај краева до спратот горе ехеее уште два метра три вертикална, туго моја, неќе да се удавиме. Уморна, а тишина, само еден цајкан на патот да брани од ајдуци оти и врапците разбраа каде и која улица е празна, ама како сум легнала така станав сабајле. Десниот бут ми е малку како укочен цел ден. Ама сите комшии ги пречекав сабајле! :!: Морнинг! Успеавте да поспиете? :wasntme:
     
    На Sexybaby86, Elennaa, Abeja и 11 други им се допаѓа ова.
  4. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Колку желби сум имала во животот,да видам ова-она,да направам вака-така...

    И на крај ништо не ми се исполни ;(
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Е па децо, јас најверојатно во претходниот живот сум била 23то дете од 67 годишен татко и 49 годишна мајка од Камбоџа |( Или Етиопија. Или од некое друго гладно Африканско племе...или сум била трска...а бе нешто вечито гладно и исушено |( Па ти да мислиш само на јадало нонстоп, само на благо и газирано,ко првпат во животот да си добил сетило за вкус :x И тоа пази, месец дена лебче во уста не сум ставила, ама џабе, уште шифоњеров што ми е в соба не сум го каснала :tmi:

    Ооој луда женска главо, чевре де, а знаеш да запомниш шест килограми и да ги распределиш по цело тело, а сега не ти текнува како да избркаш барем два :fubar:

    Сакам да кажам, јас сум си елегантно преполнета лепотица :emo: И ќе си квичам ко ќе прај мајка сарми утре :sweat:
     
    На Monna.Monna, Elennaa, Abeja и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Ја разбирам да се правело грешки ( нели човечки суштества, бла бла ) , ама бе да се повторува упорно едното исто по xyz пати , да те здоболи исто толку , и да си викаш постојано never more .. |( ? И се вака во циклуси , више рутина ми стана. Ко кафе и цигари отсабајле.
    Уште малку синоним за мазохиста ќе станам |(
    Али поштувам карма, целава негативна енергија што ја креира деновиве верувам дека ќе ја апсорбираш назад. Не мора утре, а ни за година дена..
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.232
    Допаѓања:
    91.845
    Пол:
    Женски
    Не ми е тешко моите чуства да ги искажам пред други какви и да се ,не се срамам да заплачам ако во моментот тоа го чуствувам.Зошто да ги кријам моите солзи и да ги потиснувам во себе ?
    Не ми е тешко да признаам кога некој е во право и дека сум погрешила ,не ми е тешко да простам, затоа што сите грешиме и секој од нас заслужува и друга шанса, зошто да бидам лоша и да имам негативни мисли ?Што ќе постигнам ако посакувам зло на некому ?
    Не ми е тешко да кажам те сакам,не ми е тешко да помогнам во било каква ситуација ако би можела зошто да стојам на страна ,не сакам да ги повредувам луѓето зошто да ги повредам кога јас не би сакала никогаш да сум повредена,не навредувам и несакам да зорувам лошо за било кој затоа што би ме болело ако слушнам некои такви мислења насочени кон мене ...
    Сакам сите да се среќни позитивни насмеани,посакувам барем малку да внесуваме радост во нечии животи и да правиме добри и чесни работи ...
    Животот е еден зошто да го губиме за нешто што не не исполнува и не не усреќува а знам и сигурна сум дека секој посакува поубаво утре поубав живот,започнете прво од вас па продолжете со вашите најмили ... секогаш има и постои решение за се :)


    ''Побарај ги луѓето кои ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар.
    Најди време да им кажеш '' Жал ми е '' , '' фала'', '' те сакам '' и сите останати нешта кои ги мислиш.''
     
    На Barbie20, Elennaa, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Значи стварно не знам како луѓево не посакуваат, барем на момент малку да се оттргнат од виртуелниот свет, да се одморат од мобилните и барем кога се излезени да одморат очи од технологија, уживајќи во реален разговор и во убавото време...

    Во кафич на излегување, во трговски центар, по улица, сегде гледаш фацки задлабочени во мобилните, како светско прашање да решаваат. :D
    Баш како на една слика што ја видов пред некое време, што пишуваше нема вифи - зборувајте меѓу себе. :rofl: И во школо ги гледам, скоро сите обавезно полнач си носат, за не дај Боже да им снема батерија, што ќе прават после некој саат без телефонот. :D Да им кажам дека ми се случува понекогаш дури и да го заборавам мобилниот за на училиште, ќе ми се чудат на издржливоста. :D
    И да, не знам како не им е непријатно, додека им зборува некој да чепкаат цело време на мобилен?
    Не знам дали сум единствена, ама ептен некултурно ми е ова. :geek:
    Не дека не сум зависна и јас од интернет, 90% сме во ова време, ама барем кога излегуваш на воздух и на дружење, препушти се на една поинаква опуштена атмосфера, со разговор и допир, а малце интернетот нека одмори од нас... :lol:
     
    На Divinebutterfly, hermosa, AquaBlue и 7 други им се допаѓа ова.
  9. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.858
    Пол:
    Женски
    СКД денес не ми е денов ко што треба (и до времето е).... :(
     
  10. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.430
    Допаѓања:
    6.954
    Пол:
    Женски
    Се прашувам каде заминаа луѓето што порано ме препознаваа покрај секое мое преправање како ми е во душата.Оние кои по првиот мој отсутен поглед ќе ме прашаа што ми е.Се прашувам каде ми заминаа вистинските пријателства,оние пред кои можев да плачам бидеќи знаев дека ќе плачат со мене.Да се радувам и да знам дека другата страна нема да осети трошка завист.Да се олеснам,устата пена да ми фати од зборување и да знам дека ќе бидам слушната.Сега луѓево покрај мене,не ги познавам.На сите им е битен статусот во градот и на кое сепаре ќе се седнати.Им гледам во очите,чисто црнило.Ни тронка од вистинските емоции на луѓето што ги знаев,на кои бев навикната.
    Значи џабе облеката,џабе убавината,кога знам дека со тоа можам да издвојам само едно очајно лигавење на некоја примитивна машка особа која ми спушта ѕвезди од галаксија која не ја ни познавам.
    Што барам да ме познаат како ми е кога ни јас не се знам.Само еден ме познава,тој што си дозволив да го изгубам,а се што гледам јас се кафеави очи кои покрај целата таа шминка не можат да ја скријат тагата и празнотијата на мојата душа.Лице маскирано со пудра заради бројните непреспиени ноќи.Црвени усни со лажна насмевка.Станувам жив мртовец а тоа не ми се допаѓа па затоа ќе ја избришам шминката,ќе ја слечам облеката,ќе му го дам целото тело,ранливо,како на срна.Ќе си ја разголам душата.Ќе му дозволам да ме бакнува на секоја лузна,секоја бразда од моето несовршено тело.На крај краева тој само тоа го бараше од мене.Бараше искрена љубов.Само тој така знаеше да ме сака.
     
    На Divinebutterfly, lana.del-rey и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    И тогаш, во истиот момент сфаќаш дека кармата е кучка и дека за се што свесно или несвесно си правел постои ден кога кармата ќе се потруди животот да ти залепи шлаканица затоа што еднаш јас бев кучка сега е таа.
    Во мал дел од секунда ми прелета ова низ глава и ми текна на една случка од минатото каде што јас постапив вака како што сега постапуваат кон мене. Идентично дури.
    Ми иде да се извинам на сите оние спрема кои многупати не сум била фер и да си го вратам некако колосекот во нормала. Зошто кога подобро ќе размислам има уште неколку работи кои што свесно секој ден очекувам кармава да ми ги тресне у лице.

    Бидете добри за да не ви се врати. Зошто боли, пече како рана. Убаво кажале старите дека зборовите најмногу повредуваат.
     
    На LittlePinky, Sexybaby86, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.830
    Допаѓања:
    163.231
    Како што имам забележано злоба во неколку феминки, никаде на друго место... А бога ми и тешки шпиони. Па тоа пренесувања во детали, има ли нема ли дечко, па ова пишала на фемина, па она пишала, па, па, па... Бравос! Брилијантни тешки лигушки сте право да ви кажам!
    А па ви прават муабет од што сте досадни како стеници и таа непроценлива смисла за хумор те тупење...
    Мизерии... |(
    Дај бре одете средете се во главите, стекнете малку самодоверба, не ми глумете личност!
    Чао, пријатно, добро ми оди во животот.
    Не знам дали ми е мило што сум нечиј извор на фрустрација зошто мора да има зошто, оти тоа не оди туку така, мора нешто да лечите или ми е криво зошто напорно ми е.

    П.С. А да, и како што сте апалачи, ќе си го дозволам тоа задоволство и себе си и јас ќе ве алапачам вас, во детали, ок? Ок!
     
    На Maria.Vampire, mims-89, lana.del-rey и 4 други им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.191
    Пол:
    Женски
    Борењето со самиот себе е најтешко...
     
    На Mishela, anuskaNESTLE, Monna.Monna и 27 други им се допаѓа ова.
  14. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    4 сат е, а јас учам ли учам :^) мозоци обвивки лобуси ма се научив аман веќе, уште овој сабајле ми е испит па да воздишнам малку :D па немогу вече толикоо од мене :?:

    ајде имајте убава ноќ ( колку и да преостана од неа :lol: ) јас се враќам на анатомијава :* :emo:
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Една личност ме зарази,и мене грло ме боли сега, :lol: :lol: ,си знае која е таа.ај убав ден Феминки. ;)
     
  16. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Оној момент кога кревате паника во кафич бидејќи ви го нема телефонот, срцето ви чука забрзано бидејќи успеавте да загубите телефон кој нема еден месец. Во тој момент ви текнуваат филмчиња во мозокот како во еден глас ви се дерат и мајка ви и татко ви, а тогаш се е прекинато и дечко ви се јавува на другарката и и кажува дека мобилниот е кај него и дека сум го заборавила на клупата.
    Ќе го утепам, ме потресува без причина можеше да каже одма а не јас во мозокот да си изрежисирам 15695268 филмови во мојата глава.
    Бај д веј си фатив дечко фрст тајм ин мај лајф :?: , и мило ми е што тоа е пред 17

    Ова ми е прво мислење од телефон, добро ми оди :lol:
     
    На Elennaa и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    длабоки мисли, секојдневни проблеми бла бла бла..
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Може ли денеска мозокот да го пуштам на пасење и да се фрлам на шетање, без да размислувам на сите проблеми кои ме опкружуваат? :?: Па мислам дека заслужувам такво нешто :) 8)
     
  19. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Убав ден. Станав малку подоцна од вообичаеното, си направив кафе и отворив прозор да влезе воздух. И еве прозорот уште отворен, јас уште го влечам кафето и уживам во чувството на она што следи. Пролет.. :inlove:
     
    На lana.del-rey и LittlePinky им се допаѓа ова.
  20. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    И покрај се не ја изгубив вербата во Господ.Ако тој не е за мене,тогаш Господ чува нешто подобро за мене.Само се каам за сите саати,денови поминати плачејки за него.Се каам што го запознавм.Бидејки која ке ми текне на него не мпжам со насмевка да се носам со спомените,туку со солзи...
     
    На LittlePinky, lana.del-rey и Katerinceee им се допаѓа ова.