И со двете партии на власт немало државни пари за лекување на млади деца, немаше ни за Тамара тогаш. Ама има за вакви луксузи, ко синот на овој градоначалник за кој сум сигурна ништо не сработел во животот. Каков татко,таков син. Каде се сега законите за нив, нечесниците што се богатат на државни пари. Ама, стружани си го изгласале,стружани ќе си го трпат.
Луѓе, дали и вас ве нервираат коледарите така што пеат во 6 наутро Мене искрено не ми смета, затоа што знам дека можам да го изедам тоа што останало
Зашто едноставно не даваат и тоа е норма таму, и не е прв нити ќе последен пат ние да потпомагаме нечија операција што говори фактот колку повеќето сме хумани како народ, а од друга страна попустливи и пасивни до будалштина што еве цело време ја имаме истата политика. Мислењата на Нина секогаш се насочени да предизвикаат иритација кои за жал будат коментари , дури изгледаат како да се намерни. Сепак не е некоја залутана Германка таму...
Не ни знаев дека може да се лечи и овде, а оди во странство поради подобри услови, сега дознав ти кога кажа..
Па ако тука се нема услови за лечење, или има подобри у странство, тогаш државата треба да придонесе... Не знам шо не е јасно? Коа одиме да лежиме, сметката коа ќе ти ја дадат, од конец до игла ти наплаќаат, се немаат лекови, а да им дадеш пари на рака од џеб пред очи ќе ти ги извадат, посебни терапии само за препродавање на црно служат, кетонал скришум сестрата ќе краде од друг оддел или ќе зајмува од итна, ако ти се сожали на болките, и ние плус плаќаме здраствено?! Треба некој или некои да настрадаат од бесна толпа, па другиве да се научат на памет. Татко ми 6 месеци чекаше да му сошијат одцепен мускул, раката му висеше. Дојди утре, задутре, ќе те викнеме, па прај тестови пред операција на приватно, ти се јавуваме за 2 дена и така 4 пути поред, за на крај да му ги напраат вечерта пред операција у болница, ко шо е и редот. Али оти татко ми е глуп, да ГЛУП и наивен и кутар, и коа му кажуем дека го дупат, неее он знаел, али ако докторот не го слушал, немало да го оперира, ќе го дупел уше 6 месеци. Не, него треба некој да го издупи со куршуми у приемен термин, па после нека се курчи на оној свет. Ајт.
Сабајле кај дечко ми во зграда се развикале едни дечишта Коледари, ви дојдоа коледари, газда, коледари, и наместо да пеат, звонат ли звонат, не им отворив.. За другите отворив, им дадов пари, немавме ништо друго, ама на овие безобразните што не пееа туку само викаа и звонеа цело време не им отворив.
Од кога за коледе одат возрасни мажи роми? Не мораа ни да ѕвонат на врата, се слушаа надалеку. Срамота. Пред зграда фрлени јаболчиња и портокали. Значи не е дека доаѓаат затоа што се гладни, туку ако фрли некој пари, добро, ако не, ќе ја фрлиме храната.
Де бе дечки едно ќесе бонбони да сте купеле да сте дале. Иначе во претходната населба кај што живеев еден комшија евра монети ни даваше Кај него обавезно идевме прво
СДК дека иако сум модератор, не сакам да делувам како полицаец, ама еве на моменти посилно е од мене ова што сакам да ви го кажам, односно вие си знаете, ама мало потсетување: ,,Форумот „Фемина“ е заедница на почит и толеранција. Бидете учтиви кон останатите членови. Запомнете дека другите веројатно нема секогаш да ги споделуваат вашите гледишта. Не толерираме агресивно однесување, препукување, омраза, провоцирање и викање. Дозволете им на другите слободно да го искажат своето мислење..." *********************************** Честит и за многу години нека ни е Бадник на сите православни христијани, во добро здравје, со радост и мир во душата да го дочекаме утрешниот голем христијански празник Божиќ - Христовото раѓање
Разбирам но како ги препознаваш луѓето дали се православни или не? Ја би идела у бар денес и би се начукала пошто ми треба тоа многу многу многу.