Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.196
    Пол:
    Женски
    Конечно најдов време за феминава. Вчера онака набрзина ја исчитав СДК. [​IMG]
    Денес асално ќе си седнам и ќе си изначитам низ омилените теми. [​IMG]

    Не знам зошто го кажувам ова...
    Првиот школски ден супер ми помина. [​IMG]Конечно назад на учење, назад на клупите, назад кон бришењето табли, шегите, смеата, расправиите и сето тоа. Не можам да опишам колку ми фалеше. [​IMG] Што ќе правам јас кога ќе завршам стварно не знам. [​IMG]
    Глупаво ми е сега што не можам веднаш да си пишувам во омилената ми тетратка која скапо ме чинеше, ама поубава и не можев да најдам. [​IMG] Ма сите ќе ми завидуваат. Фаца ќе сум. 8) :D

    Едвај чекам да почнеме асално со учење, малку да ја оттргнам главата од глупости. :mm: Да се посветам на обврските и да си уживкам во есента. ^_^

    ***

    Сега троторар прават на нашата улица и само што не стигнале да копаат пред нашата куќа. Значи кај најдоа кај се запустија баш сега да копаат и да не можам да разминам кога ќе одам на школо.
    Којзнае како ќе минам, си замислувам како потскокнувам меѓу багерите кои брчат од сите страни, машини за мелење малтер и нервозна дека ми се извалкале патиките од земјата. |(
    Како капак на се’ поставуваат и камера која ги снима работниците како работат нон-стоп и веројатно ќе даваат на локалната телевизија. Па ако видите некој како подрипнува наоколу да знаете дека сум јас. :D

    Па тоа е тоа, сега фино-лепо да се фрлам на читање со кока-колата в раце и да си кулирам пред да фатат обврските (кои со душа чекам да дојдат :D ), а сигурна сум дека тогаш ќе барам слободно време.
    Ама тоа, кој мене ќе ми погоди, го частам Скопско и ќебапчиња. :beer: :mm:
    Ај чао. :D

    [​IMG]
     
    На Elennaa, Moonstone.17, Insatiable13 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Што да ти кажам, што да те лажам, не ми фалиш, не ти фалам.
    Се опростувам од свесноста и пловам како Колумбо, а компас немам, каде ми е Америка?
    Емоции вријат во експрес лонец, само чекам да запишти пареата и притисок да ми ги дупне ушните тапанчиња. Љубов, љубов, љубов... нека пулсира, на местото на горчината и лутиот бес се повеќе надоаѓа шеќер, а рабовите на “јас-сум-најдобра-и-секогаш-во-право“ стануваат се помеки. Мислам дека е време за спојување, мислам дека овојпат ќе биде слатко и шарено. И меко. И создадено за прејадување.
    Се претворам во желе од твојот омилен портокал и собирам воодушевувања во коцкички од солзи.
    Ме фасцинираш. Силен врисок и жива утроба. Ги имам, ми ги дава. И се и ништо.

    Што да ти кажам, пак ли ќе лажам?
    Ништо не е вечно, темната страна ќе биде видена и може да биде огромна црна дупка или огромен слободен простор спремен за пополнување. Зависи од перспективата, ама па гледање од перспективи е враќање на старото еднострано гледање, а вистината има многу, многу страни.

    Што да ти кажам, морам да лажам... ништо не е вечно, и маските си имаат рок на траење само штета што е краток.

    Многу се заљубив. Во што? Не е важно.
     
    На Abeja, Trnche, kala21 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Школо,па парк,па кај другарка на пица и пиво,па кафенце,и се тоа придружено со добра музика.
    На здравје 1 септември!
     
    На Elennaa и Waka-waka им се допаѓа ова.
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    На луѓево не можеш крајот да им го најдеш.Вака не им одговара, така не им одговара.Веројатно налетувам само на такви разгалени и претерано себични луѓе.Ќе го дигнат носот и преувеличуваа.Drama queens.
    Па не можам на сите да им угодам, аман!
    И убаво што и претходно сфатив, па веќе не се ни трудам.Нека прават што сакаат, ако веќе не можат да разберат. |(
     
    На eliesaab и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tешко е да си во право.Убаво пиша пирана 2 Вистината има многу, многу страни .
    Подобро е некои работи да останат некажани.Но исто така пак во некои животни ситуации не секогаш молчењето е злато.
    Добро е човек да има покрај себе некој кој ќе му каже тоа.
    Се се случува со некоја причина.Се прашувам себе ?
    Како е можно некој до толку да ги нареди работите,за да ти се отворат очите, макар и полни со солзи да гледаш кристално јасно, да ти се отвори срцето и од него да излезат сите недокажани зборови и мисли?
    Се чувствувам како детенце кое продува.Падни , стани .Може ќе заплаче од падот, но насмевката на најблиските,нивната љубов и топлина ке му дадат сила и тоа ќе се обидува ,повторно и повторно, се додека конечно не застане на нозе.
    Често мојата сила била во вистината, но истовремено и моја слабост.
    Решена сум да не се менувам за никој и ништо.
    Цврсто ќе се држам за вистината како за гранка во немирна река.
    Колку ќе успеам да испливам само времето ќе каже.
    А дотогаш ?
    Ми останува само да пловам и почекам.
    Може сама ќе успеам, може некој ќе ми подаде рака?
    Којзнае?
     
    На poenta и lunicka им се допаѓа ова.
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Во последниве месеци, не знам колку честитки напишав по повод веридба или свадба. Веќе престанав да бројам. Еден куп колешки, врснички, другарки, познанички од мојата или блиски до мојата генерација, се верија и омажија.

    А ние како пар со најдолг стаж во друштво, често наидуваме на прашања од типот – Вие кога? Ајде што чекате.

    Еден од ретките муабети што сме ги правеле со него за запросување, беше баш пред некое време. Си лежиме заедно и го прашувам: Што мислиш, зошто сите девојки се фаќаат за уста кога дечкото ќе им понуди брак?
    А тој мижи и по неколку секунди со малку прашален тон, ми вика: Хм, затоа што сфатиле што одговориле? Момент на еуфорија е тоа, знаеш... Прво ќе речат: Да! И после ќе им текне што кажале.
    И толку беше од нашиот сериозен муабет за запросување :D
     
    На Foreveryoungiwannabe, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sexybaby86 и 25 други им се допаѓа ова.
  7. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    123
    СДК некои луѓе воопшто не ни се потребни во животот. Доволни се оние десетина луѓе ки ни го исполнуваат животот со убавини и не прават среќни. :inlove:
    И едно неможам да сватам како некои луѓе можат да бидат толку нападни и да мислат дека цел свет се врти околу нив, да бидат толку невоспитани, тролови, без грам совест и без душа, користољубиви, лицемерни со 100 лица, превртливии со сите негаивни особини. Што толку им причинува задоволство да се ситат од тагата на другите и да прават лошо?
    За таквите немам почит, засекогаш се избришани од мојот живот!
     
    На Ivy89, MademoiselleB, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Иако сум студент при крај, секогаш септември сум го сметала како месец за нови почетоци промени.
    Нешто од типот како втора шанса... :tmi: ;)
    Уфф конечноо денеска завршив еден куп обврски што ги одлагав читај (се плашев) цело лето. И незнаете колку се осеќам олеснато :lol: :tmi: друго ново е дека периодов ќе се крчка магистерската ветувам дека посериозно ке се заземам со пишување.
    Само здравје и нерви ми се потребни и убавово расположение да ми потрае.
    Останете ми поздравени! :d:
     
    На Valerin, kala21, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  9. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Замисли да влезеш у лифт пун луѓе, и да им кажеш “СИГУРНО СЕ ПРАШУВАТЕ ЗАШТО СУМ ВЕ СОБРАЛА СИТЕ ОВДЕ“ :rofl:
     
    На Lella, Libera, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.003
    Допаѓања:
    164.584
    Се осеќам мошне шити, ама оптимистички дека е први, понеделник и дека себичноста е клучот за успешниот живот.
    И при тоа себичен не значи лош човек.
     
    На Trnche, Ordinary и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    си замина и август , еве ме сега шмркам и кивам цела ден во кревет , 1 недела нашколо и одма вирус фатив |( уште сум по пижами ме мрзи да станам :geek: , денес овде е labor day не учиме 8) како мала многу често бев болна, со амоксиклав шуруп пораснав :D ми се гади само од името :puke: :puke:

    туку сдк поздрав до тие што почнаа нашколо денес , со среќа нека ви е новата учебна година
    јас утре вакваа ќе одам :devil:
    [​IMG]
     
    На Lella, Anabelle.Amorette, Moonstone.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Pirana2

    Pirana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    248
    Поентата со оваа реченица е дека генерална вистина не постои туку секој човек во себе носи своја вистина, и според многу филозофи, објективната вистина всушност е ништо друго освен облик на субјективната индивидуализирана вистина на секој човек, а има и други кои тврдат обратно, ви текнува на она “Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината?“

    Во Платоновата Theory of Knowledge најдобро може да се согледаат 2 спротиставени ставови околу ова прашање т.е. преку дијалозите на Сократ и Теодор - каде што Сократ преку дискусијата со Теодор се обидува да го сфати Протагора кој тврди дека секој човек има своја вистина и вистината најмногу зависи од перцепцијата за светот (или нештото) на индивидуата.
    Интересното е што цело време додека Сократ упорно се обидува да му ја побие тезата на Протагора преку дискусијата за индивидуална вистина, добива одговор дека се тоа што тој го зборува е вистина, и точно како и се она што го зборува Протагора е вистина.
    Значи, вистина е се она што еден човек го смета за вистинито врз база на неговите сетила и разум, а не една и единствена, генерална вистина.

    Е сега, тука има една логичка финта. Ако се навратиме на Ајнштајн, теоријата на релевантност парадоксално се исклучува сама по себе.
    Имено, ако теоријата гласи дека се е релативно, тогаш и самиот исказ дека се е релативно е релативен, нели?
    Во тој случај, ако е релативно дека се е релативно, тогаш се употребува принципот на двојна негација кој гласи дека негација на негација - значи потврдување. Што значи, теоријата на релевантност е апсолутна (генерална) вистина и овој пример ја побива тезата која ја напишав погоре, т.е. дека не постои апсолутна вистина.

    Па... дали сме сигурни дека вистината има многу, многу страни?!
     
    На Gea и vinozito1 им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Ми недостига периодот кога имав повеќе време да им обрнам внимание на луѓето кои ми се драги,
    да им кажам убав збор или да направам некое убаво дело.
    Сега времето ми го цицааат особи кои единственото нешто кое го заслужуваат е клоцата во газот.
     
    На anggell, Elennaa, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е да се наоѓам во ваква ситуација.
    Никогаш не сум била здрава подолго од два месеци. Браво, му треба на некој аплауз?
    Не, на мене ми треба инфузија.
    Форевер сик, шта чеш.
     
  15. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум во исчекување на предобрата пита на мајка ми, и на утрешниот ден, да се запознаеме подобро со новите школски.
     
  16. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    А замисли да влезеш во лифт полн со луѓе и онака машки го испуштиш ТРРРРРРРРРРРРРРРТ.
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    23.268
    Пол:
    Женски
    Денес сум ранобудник :D Ко се разбудив мислев дека е 12, 1 а то 9 и пол да ти било :D
    Значи феноменален тим сме со татко ми и брат ми, све сме раскренале, мајка ми ја пуштивме на работа и ко ќе дојди само да избриши џамој, паркети, да клај теписи и средено е се :D
    Ние со четките в раце, цела дневна и кујна сме ги изваросале, сме ги напрајле цут :lol:
    Ги сакам ваквите деној ко ќе се е добро, и ко ќе има слога без да се скараш за ситница, само смеа и ништо дуго, како праеа молерите во Викенд на Мртовции, Драгеее немаа да ме чека и шлаг вартаа :D , е то нас ни е мајтапот секоја година. :D
    Знам дека немам се во животот, т.е во превод ништо немам, ама знам дека секогаш ги имам нив, заедно со топол дом :)
    Некогаш во животот, ќе биди ова на мене :)
    [​IMG]

    Имајте убава вечер :hai:
     
    На SV1911, bittersweet, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Дали ова беше мојот најмрзелив ден досега? Да, беше.
    Станав сабајле во 7 часот, си исцедив сок, си го испив, поткаснав и накај 8 се вратиш во кревет. Си реков ај телевизија ќе си гледам, и сум си заспала. Дојде татко ми накај 1, ме разбуди да му го "поравам" телефонот и пак си се варив назад во кревет. Еве, нема ни пола саат од кога сум станата. Се чуствувам како од Марс падната и се чудам што да правам вечер, освен за некоја минута ако не заспијам повторно. А нема да ме чуди, на ваков ден :D
     
  19. LittleGirl23

    LittleGirl23 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    14
    Дојде и првиот ден и сипомина од училиштето.Супер веше се само денот ми е толкуууу празен затоа што не се видов со моето бебушко .Сега тргнав на училиште но баш ми е гајле иако помина летото ќе гледа секој ден да можеме да се гледаме можеби некогаш керипнеме некој ден нотоанема да биде често. :inlove: :inlove: :*
     
  20. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Посебно задоволство ми причинува лежењето на кревет, моткајќи се со чаршафот, да го слушам дождот. Крц-крц, секако, тука е вмешана и нездравата храна, добро, само чипс. :D Одлично ми оди во оваа комбинација. Пригушено слабо светло, тивка музика, што друго треба да посакам? Ете, прегратка од симпатијата нека биде. :wasntme:
    Си читкам интересни работи на интернет, како за почеток на први септември, одлично е!
    Еве прочепкав на Max-tv-во, во архива си најдов Рабробил и Рабробус, којзнае колку пати ги имам гледано, ама во секој случај пак ќе ми бидат интересни.
    Ќе си поуживам во слушањето на дождот, сè додека не загрми. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На mileystar, eliesaab, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.