Прво - селфи не е секоја фотографија на која ве има, туку е селфи онаа која сами сте се сликале. Сам си правиш на себе фотографија - селфи, што не е јасно? Второ - Инстаграм е социјална мрежа на која фотографирате со вашиот мобилен телефон според неговите можности и правите што поумесна фотографија и во такви ограничени услови, а не фотографии земени со професионален фотоапарат. Трето - инстаграм не е нарцисограм каде што на 10 од 10 фотографии сте вие и вашата гадна фаца, освен секако ако не сте модел и имате моден блог или правите социјален експеримент со вашата фаца 365 дена во годината. За ова постои фб и токму за да се избегнат таквите работи е создаден Инстаграм каде што узурпирате простор со вашите селфија. Четврто - вие со приватните профили на инстаграм сте индикатор за горната категорија, сто посто пола профил е со вашата фаца, па ете сакате да ја зачувате приватноста и вашето лице да го споделите само со вашите пријатели. Или па ширите фотографии со објаснувања за настанокот на светот и ги разурнувате сите мистерии за верата, зборувате за Дарвин и при тоа не сакате да го ширите со останатите, не би биле посебни.
Она кога сабајле си завиткан како палачинка, во топли ќебенца и сонуваш убав сон, а малку светлина доаѓа низ прозорецот. И наеднаш: Тии-тит, тии-тит, тии-тит... И мораш да се разделиш од креветот, ќебенцата и палачинката. Знам дека е гадно, ама вчера сабајле, баш по истава разбудувачка рутина станав и си избив заби онака асално И таман да ја вратам четката во вратичката од огледалото видов дека четката веќе стои таму. Мајка ми купила едно пакување од две четки нели, арно ама исти како тие што досега ги имавме. Спојлер Да појаснам. Мојата претходна четка на мајка ми и се лизнала и и паднала во шолјата Исто како мене со ситуацијата со пицата. И мојата е сега жолта и стои во првото вратиче, а другата жолта (старата) е во второто. А јас по навика го отворив второто и... Само да знаевте колку плукав. Оти јас не пијам ни од чаша што некој пивнал, а не пак гадотииве со четката. Ама па како што бев поспана... Toa e. Памет за друг пат.
Се караме, не викам не. Од нас може да избие и Трета Светска војна. Има и озборување, не викам не. Некои ме запоставиле заради дечковци, не викам не. Меѓу нас има и разгалена и негативна и позитивна и на далечина и лоша и добра и среќна и тажна... Има моменти кога сме се карале, сме се озборувале, сме плачеле, сме се смееле, сме тагувале, сме биле разделени... Ама секогаш сме тука една за друга. Секогаш! Има ли една од нас среќна вест, повод за славење сите сме спремни и славеме. Има ли некоја потреба од совет сите се претвораме во психијатри и филозофи. Некоја е тажна - сите ја расположуваат. Некоја е повредена - се претвораме во војска, спремни сме глава да отсечеме. Некоја е болна или во лоша состојба - тука сме да се претворемо во лекари и медицински сестри. Некоја пијана - сите ја трезнат. Некоја поминува низ тежок период - сите се спремни да го дадат своето рамо за плачење, да ги извадат на површина своите психијатарски способности, сите глупости и смешки од ракав, и да ѝ помогнат да го надмине периодот. Некоја направи грешка - тука сме да ѝ простиме. Некоја се посрами - тука сме да ја тешеме со нашите срамни моменти и постапки. Некоја се чувствува помалку вредно - тука сме да ја дигнеме до небо. Некоја падне, тука сме да ѝ се изнасмееме и да ѝ дадеме рака да стане. Некоја се крене високо - тука сме да ја вратиме на Земјата. Некоја е уплашена - тука сме да го надмине стравот. Некоја е беспомошна - сите помагаме. Некоја е изнервирана - тука сме да ја смириме. Некоја греши - тука сме да ја поправиме и да ѝ ја укажеме грешката. Некоја постапува правилно - тука сме да ја пофалиме. Тоа е другарството. Тоа се најпрекрасните личности што ме немаат изневерено. Тоа се моите другарки. Тука се да се израдуваат што ме гледаат, да ме гушнат, сослушаат, подржат, да се насмеат со мене... А и јас сум со нив во истото. А под тоа „Некоја“ се нашла секоја од нас
Замина ти девојко. Кади си сега кога најмногу ми требаш? Да Насмевко, тебе ти зборувам. Зошто ме остави со Празнината? Што да правам сега? Каде да те барам? Ќе можам ли воопшто да те најдам? Или треба да чекам ти да ме најдеш мене?
Леле, леле, леле... ми падна вилицата додека те читав, Мимс бе пааа... Како би си цуцнала едно винце сега ама ми фали нешто. Ми фали балканот, ми фали кафаната, мирисот на скара, мирисот на оцетот и зејтинот, музичето...
Спојлер Со душа чекав да завршам основно училиште. Мислев дека кога ќе тргнам средно, веднаш ќе си најдам другарки, но не е така. Веќе трет ден, а јас со никој не зборувам, освен со едно девојче кое ретко ми зборува. Веќе е трети ден одам на училиште и едвај чекам да си дојдам дома. Кога сум дома, едноставно не издржувам да не заплакам, навистина ми е тешко. Можеби по некое време се ќе биде во ред, со сите ќе се дружам и кога ќе ми текне што се сум мислела на почетокот ќе се смеам. Но, сега вака размислувам и многу ми е тешко. Нема со кого да разговарам, никој во одделението не познавам. Во ходниците сама стојам, нема со кого храна да одам да купам. Уште сега има многу за учење, наставниците се строги. Сега почнав, а сакам да завршам. Можеби понатаму, вооптшто нема да сакам да си заминам од средно, ќе сакам да останам ама нема да може. Сите овие три дена, со душа чекам да излезам од училиштето. Брзам по скалите, што побрзо да излезам надвор, што побрзо да се вратам дома.
^ Не очекувај дека другите треба да ти пријдат, гледај како се однесуваат другите, така и однесувај се и ти. Барем средно ти е можност да се однесуваш и да бидеш таква каква што сакаш да бидеш и да поправиш и смениш работи кај себе. Биди понасмеана, подружељубива и пристапувај ти. Немој да мислиш дека не забележуваат кога брзаш да си одиш дома, со исплашен поглед полн прашалници дали утре некој ќе ми пристапи и ќе се дружам? Ако цел клас се такви, тогаш немаш место за паника, ќе се здружите, ама ако веќе сите комуницираат и се обидуваат да се здружат треба да промениш нешто кај себе за твое добро. Штом едвај си чекала да завршиш основно, веројатно и таму си го имала истиот проблем. Значи треба да промениш некои работи кај себе, да се опуштиш , да учиш редовно и да се учиш како да комуницираш со другите. Можеби ти си срамежлива, ама на другите веројатно им изгледа како да не сакаш да се дружиш, тешко им е да те извадат од твојата зона на комфор. Не можеш да очекуваш дека ќе освоиш луѓе околу себе ако се однесуваш цело време исто. Отвореноста прави разлика. И терминолошки, веќе се професори и веќе е клас, не се наставници и одделение и не одиш по храна, колку и да звучи исправен термин, кај врсниците тоа звучи - еј ај да одиме по јадење.
Тау-на-таруу.. ФЕМИНА, Тау-на-таруу.. РАЗОНОДА, Тау-на-таруу.. ВРИЕ ОД ТРОЛОВИ, Тау-на-таруу.. HO ИМА И ФИНИ ФЕМИНКИИ.. Искористете го секој ваш слободен момент за да бидеше во друштво со вашите виртуелни пријателлиии! Ćiaoo Feminааа !
Животов ми се згорчи од само една чаша чај од ајдучка треба. Кој може да пие вакви горчила? Ова е лудило од чај, да ти си одмиле животот додека го пиеш.Прв и последен пат пијам вакво нешто
Фала богу заврна , колата ми беше паркирана по дрво и чавки или каков било вид на птица се искакало и ја улепила цела кола , ама стварно како да ме мразат , неможе птица толку многу штета да направи , али ајде. И сега сите викаат , дома ми викаат иди на перална , другарите ми се смејат иди испери го тоа , НЕ. И така поминаа две недели и денеска конечно врнеше два дена и сега е исперена , како нова е. Сега оваа приказна ја споделувам со вас , бидејќи тука има нешто поучно , понекогаш е добро да си мрзлив , со тоа уштедив 100-150 ден за перење + 50-100 ден бензин и 40-60 мин време . Од друга страна па сега треба да плаќам казна за задоцнето пријавување на испити, понекогаш и не се исплати , али шшшшшш не и кажувајте на моите дома оти цело време Јипи иди плати на време , ќе треба казна , не , не ок е има време , епа нема . Али се разбира од мој џепарац издвоив , ќе си платам и не кажувам дома , нема да им ја дадам таа можност " ти кажав ! ". Се надевам научивте лекција денеска од овие два примера.
Јас и правење благо. Да да, мошне занимлива комбинација. Другпат не се нафаќам па мајка Јана нека е. Имено, го ставив црното чоколадо да се растопи во тавче, а во меѓувреме се заседнав тука на фемина и скрос заборавив дека сум го ставила на ринглата. Кога по 5 минути одам, и што ќе видам луѓе. Тафчето у пламен, а дрвената лажица фатила уџум накај ќошот. Па, кога сум се растрчала, ми се чини за секунда напунив тоа големото корито, и цела вода ја исипав врз шпоретот, арно струја што не ме дрмна. А чоколадото на топење, тоа пустото беше насекаде освен онаму каде му е местото. Ма не на под, висечи, плафон, чиниш шеќерна кујна сум правела. Кое уметничко дело беше тоа чоече, ма Пикасо може комотно вода да ми носи. Арно мајка ми беше кај пријателка, иначе да беше дома допрва ќе ме научеше како се прави колач. Инаку, еве ви рецепт по брза постапка: Пробајте па дознајте! Ова ви го кажувам, во случај да ви текне да ми праќате ЛП да прашате како, пошто искрено од трауми сумљам дека ќе ви ја погодам дозата, а згора на се го изгубив и ливчето со рецептата. Што значи чудово - Валероплам постирано во темата ''Фемина инстраграм'' се јаде само еднаш и никад више.
СДК колку е прекрасно кога едно мало детенце кое не ти е роднина туку комшиче те нарекува ,,даде'' и ти покажува колку само те сака. Како што би рекла мајка ми, и малите деца чувствуваат кој ги сака, а кој не.
Имав другарчиња од основно што не им славеа роденден, никогаш... Не беа од оние кои немаа пари, туку напротив. Денес... затоа бараат внимание на многу погрешни начини и имаат проблем со себеприфаќањето и самопочитта...повеќе се голи, отколку што се облечени, повеќе се во нечии кревети, отколку во своите. Без исклучок.
Какви се жентурачи постојат.Толку некултурни, гнасни, се обидуваат да те омаловажат на било каков начин, аргументирано или не, без разлика на простор, време и луѓе, чудо едно. А можеби и две! Е, а најслатки ми се оние со испитувачките погледи.Си велам, кога би биле мажи, колку повеќе би ми годеле истите. Ама мајка природа. И така,за вас уште едно мрчење во однос на животецот, за мене уште еден доказ за она што сум и зошто.
Се ближи свадбааа, другата недела сме старосвати, и неможам да дочекам.Прав џумбуш ќе биде Само здравје господ да дава!
Епа океј сеа,да не сфаќаме се во буквална смисла,сакам да кажам дека се многу мноогу ретки тие луѓе што си го покажуваат своето право лице.
Постојат работи кои болат,но не онака интензивно туку подмолно и тивко.Боли празната и сиромашна трпеза,боли демодираниот и ефтин гардеробер,боли и мирисот на ефтините кинески обувки,дури и потта предизвикана од тешката ефтина синтетика,боли.Ме болат и израснатите сантиметри од децата што не можам да им купам нова облека,ме боли и погледот на куќава.Ме болат одбиените покани за кафе,ме боли и повикот за шетање,ме боли и милостината од мајка ми.Се ме боли. Болна сум,и само ова може да ме излечи.
Веќе некое време размислувам да се вратам на факултет. Не се останати многу испити ама па и не се малку. Денот кога сестра ми дипломираше се чукнав во глава и се заинатив годинава дека ќе дипломирам. Арно ама требало молба, па требало комисија... Е јас тоа поднесување на молба го одолговлекував прилично време. Ми се налутија моите, ми се налути тој, а мене после толку време некако несигурноста во тоа дали навистина ќе дипломирам почна да ме убива. Си станав утрово, па дождот ме предомисли. Се вратив во постела и почна да ме измачува тоа што не сум одоговорна и што не си ги завршувам обврските. Молбата нема сама да се однесе, а и дипломата нема сама да се донесе до дома. За неполни 10 минути се спремив и отидов. Не ме болеше, брзо завршив Него јас обожавам црвен кармин иако веќе 6,7,8 месеци немам ставено. Ги фрлив речиси сите и оставив само еден, мат. Дечко ми мрази црвен, борд, циклама, за него тие се провокативни бои, кармин се знае или розевкаст или месо боја. Пред некој ден уз муабет со братучед ми кој има прилично слични размислувања со мене, кој е прилично опуштен околу тоа како некој се облака, шминка, почна да коментира како изгледаат девојките кои имаат дечковци или жените кои имаат мажи, а го носат карминов само кога излегуваат сами. Паднаа прилично лоши зборови, па дојдов дома и го фрлив и тој што го зачував.