И то шо велиш, ама ете го виделе кавадарчани мавал по нив, Врлал со камења ко овој нашио. Страшна работа
Сеуште немам деца и затоа цело време си велам "Не сакам да бидам мајка опседната со децата". Сакам да имам мое слободно време, сакам животот да ми продолже најнормално. Дали е возможно? Не сакам кога ќе се сретнам со пријателки и другарки единствена тема да биде децата, бебето, запче, прваче, проливче... Буквално секој ден гледам жени чии деца се веќе по 7-8 години и се однесуваат како да немаат живот. Не се средуваат, косата не миена од пред една недела, нокти шминка се поим. Не излегуваат со никого, а ако се видеш случајно со нив - ти ја прашуваш "КАКО СИ?" Таа вели "едното има проливче зелено и кашла носето му тече, другото прваче се учиме еве сега" ??? Не разбирам навистина. Зарем застанал животот целосно? Никаква социјализација, никаква комуникација со надворешниот свет. Што мислите вие?
Мислам дека не е така, дете од 7-8 години не е толку мало. Имам две деца, па фала Богу секогаш средена, идеме на кафе, чат-пат и ноќно излевање. И лично, сум против жени кои се запоставуваат откако ќе дојдат децата.
Зошто секогаш се коментира во негативна конотација за мајчинството? Приоритет ми е детето да е најадено, облечено, преслечено, насмеано и среќно и ако косата и ноктите трпат на таа сметка, нека трпат. Не е тоа дека се запуштаме, ама не можеш со дете да функционираш како ти што имаш замислено. Ако сакаш слободно време, дадилка ќе си викнеш. Зависи и што подразбираш под социјализација и комуникација. Ако мислиш пијанчење, дискотеки, кафиња, тоа го надминав уште пред да имам дете. Досадно ми е. Сега патувам и шетам на нови места. И нормално е да разговара една мајка за сопствените деца. Ти ако не сакаш да ја сослушаш, едноставно е, не се дружи со неа. Затоа што децата ако не се животот, не ги имај, отколку сопствените фрустрации од неживеење да ги истураш врз нив.
Да, потполно ова го мислам. Исто размислуваме. Те молам потцртај го делот каде спомнав пијанчење и урлање. ќе те почекам. За социјализација зборам кафе, ручек или вечера со другарка, па и во бар на пијачка. Не мора секој муабет да биде за дете дете и само дете. Може да збореш за себе, за животот и за вашето другарство. Точно дека детето е одговорност, но тоа не значи дека животот ти престанал и немаш право да излезеш на кафе или да се дружиш. Тоа дете сигурно има некој да го гледа за да бидеш надвор 2-3 саата. И не се работи за неиживеаност, туку за нормална работа.
Хм. Па во главно така е ради "пријатели" како тебе, што им е тешко да слушнат 10-15 минути што ги мачи/ радува пријателите во моментот. А за запуштањето, тоа е индивидуално и неповрзано со деца. Знам жени со деца кои се негувани, со социјален живот, средени. Знам и жени кои немаат деца, а по твоја дефиниција се запуштени. Зошто може моментално поминуваат низ тежок период или не се замараат и оптеретуваат секогаш да бидат средени по општествени стандарди
Зависи за колкаво дете зборуваме. Ти што не отвориш некоја тема. Ја прашуваш лично прашање и очекуваш да ти филозофира за животот. Нормално е на како си, да ти одговори она што и се случува во животот. И деца се случуваат во животот. Не знам што очекуваш. Ти за што муабет сакаш да правиш? Еве јас и да сакам на кафе да отидам, не можам, затоа што бебето не сака да биде стационирано во едно место, не е тоа кукла, живо битие е. Ако некој сака да ме види, нека повели таму јас кај што одам. Каде да го оставам, кога цица и не сака шише да види. Кога не ги знаете некои работи како функционираат не може да ги осудувате. @KiT да ти вришти бебе, ќе одиш да се шминкаш или нокти да правиш или ќе го облечеш набрзинка, да го изнесеш надвор да прошетате? Не е дека сакам како од поплава да излезам, не ми дава времето да се однесувам подруго. Не разбира бебе, чекај мама креон да стави. Што?
Муабетот беше за поголемки деца од 7-8 години. И да е мало бебе, додека спие ќе се средиш, и не заради општествени стандарди, туку за себе. Не велам дека тип топ треба да сме секогаш, ама да личиме на женско.