Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    ^Уште малку е 2015, а јас уште кога запишував датум, годината ја пишувам 2012 :emo: :up:
    Сакам да кажам, јас сум многу забегано девојче. :nod: Абе што наумам тоа има да биде. Сум решила да одам со отворен чадор низ чаршија (кога не врне) - веќе одам 8)
    Друго, нервите ми се пореметија од овоа, школото. Абе во новиот клас сите чутат како риби |( Ми ги нема другарките, да се израдуваат што ме гледаат, да ме изгушкаат. Порано дури и со служителите си правев муабет, а не пак со сокласниците. Во два дена поминати со новиот клас единствен разговор што го имав беше Имаш распоред? - Не :D
    Како и да е, зборував за нервите, да не смарам со школо. Сум станала ептен разлигавена. Порано на се бев трпелива и не се нервирав, затоа што имам коњски нерви. :angel: Ме нервираат испрашувања и земање на приватност. Ама колку и да ме нервира тоа, не реагирам, 50 пати да ме праша некој едно исто, 50 пати смирено ќе одговорам. Абе оваа недела не сум способна да одговорам смирено на 1 прашање. :@ А овие дома не се сочувствуваат со мене во тешкиот период, па ме прашуваат 100 прашања на час, :headbang: да им е*ам векот :devil:
     
    На AziskaStrslenka, Sunshine.Sunshine, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Мене може да ме изнервира вест од типот.
    Оделе 8 години,и се скарува без никаква причина,си фаќа друга,објавува слики со неа,оди на одмор со неа,се чувствува заљубено..
    И сето тоа во рок од 3 дена.
    ....Сакам да ги исплукам во лице таквите мажи,кои не чувствуваат никаква емпатија.
    Без емоционален капацитет !!!
    И воопшто не ги допира веста,што девојката со која поминал години години,е на системи,и ќе и треба долго време да се врати во нормала и да преживее.

    Посебен круг во пеколот за таквите ништожници :envy:
     
    На Barbie20, kala21, Marossa и 15 други им се допаѓа ова.
  3. valery15

    valery15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    128
    Како што минува времето се повеќе сум убедена во фактот дека не постојат грди девојки туку дека постојат девојки кои се насмеани и девојки кои се намрштени. За мене убавината е релативна работа. Некои мажи сакаат плави некои сакаат црни, некои сакаат високи некои сакаат ниски, некои сакаат слаби некои ич око не му фаќа слаба девојка па си бара елегантно пополнета. По ова можете да забележите колку сме различни девојките меѓу себе, толку се разликува и вкусот за убавина од маж на маж. Ако сте ниска а саката да бидете висока или ако сте малку подебелка а сакате да бидете слаба и не успевате во тоа. Не очајувајте, само насмевнете се. Сеедно што се разликуваме едно од друга, насмевката е она што го поседуваме сите девојки. Многу убаво изгледа девојка која е насмеана постојано отколку девојка која мрчи околу себе и се и смета, не може да ги поднесе луѓето околу неа а не може ни да се поднесе ни самата себе. Познавам девојка со манекенска става, висока над метро и 80, со сите пропорци, со изградена успешна кариера, дипломирала со висок просек, веќе е над 30 години а нема ниту дечко ниту другарки, затоа што е постојано намќор, али 24 часа намќор. Никогаш не сум ја видела да се насмее. Насмевката за неа е непознат поим. Од друга страна па познавам девојка што беше со мене во клас во средно, на изглед ќе речете јас со оваа никогаш не би прозборела ни збор а камо ли пак да седнам до неа во иста клупа во една училница што е толку мал простор или да отидам со неа кафе да пијам. Девојката има недостаток на убавина, ама се грижи да изгледа колку што е можно подобро и секогаш е насмеана, она е душа човек, секогаш ќе ти помогне и постојано се смее. Забавна е и сите сакаме она да ни биде другарка и си има убав и богат дечко што многу многу многу си ја сака. Секој што не ја познава оваа девојка штом ги види заедно со дечко и ќе рече дека тој ја лаже и изневерува, дека е грдотија или не знам што, а тој принц и дека можел да си фати измислена девојка, но не е така. Насмевката е богаство кое сите го поседуваме. Насмевката е најдрагоценото нешто на светот. Насмевката прави чуда. Повторувам уште еднаш чудааа.
     
    На SparkyAngel, Sunshine.Sunshine, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Be a good girls today :) Никогаш не се жалете од работа и учење, еден ден ќе ви се исплати :) Ако не секогаш со пари, сигурно со искуство. А и само со работа се стигнува високо на скалилото.
    Најдете малце време и за себе и продолжете со остварување на целите.
    Есента ќе е токму време за одмор од секојдневните излегувања и растрчувања, а и носи свои убавини. Како и луѓето, така и времето, секој има некоја своја убавина и што да покаже :)

    Пред да го започнете денот,смирете се и испијте едно убаво кафе :D

    [​IMG]
     
    На Ammy.Lee, bittersweet, Adi888 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Три пати снуз на алармот, едвај станување од кревет, собирање коса во репче, без доручек, си тргнав накај работа.
    Осудена на глупа песна која ми се вртеше во главата цел пат, забележав дека ова утро го нема дедото кој секое утро си чита весник во неговата кола. Го немаше и минатото.

    Стиснав грдо кафе од кафематот, се потрошило млекото и е ретко како коса на 2годишно девојче.
    Арктик Манкис акустик албум на уши, пролуфтирана канцеларија, смислувам мејл за да откажам викенд.

    Не знам ни кај сум ни кај терам.
    Ете така.
    Знам дека ми е до втора брчка на челото стигнато. Веке ми збоктиса. А немам простор за промена.
    Знам само дека сум со права музика до мене. А може и толку ми е потребно во моментов.

    Ај добро утро.

    [​IMG]
     
    На Ivy89, Someonespecial, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Господееее шо се нема по светов :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    ^ Фрли пајак (или било каков инсект) во косата на една и забавата ќе започне. :rofl: Или доволно е една од нив да има вошки :rofl:
     
    На MademoiselleB, Sunshine.Sunshine, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Значи со некои луѓе едноставно краставици не се садат! Криви ќе никнат! :yawn:
    А јас што табиет сум... баш за тие се фаќам, мерак ми е да ги исправувам кривите краставици и да корнам живци. ]:)

    Кога ќе ветиш нешто, има да го исполниш, па што сака нека е! :wasntme: Има да ти досаѓам, да те замарам, да ти стојам на глава, ама нема да искочи по твое! Јасно?! Ок, позз. :D

    Иначе сега ќе одам на забар. :rofl: Заболекар ми е... тапа. :D А замислете зубар? :D Така ќе го викам. :D

    Така што, сега ќе си одам на зубар. Јас сакам да одам, што знам. :D Обожавам кога ќе го видам крајниот резултат - чисто, бело зубче. :rofl:
     
    На AziskaStrslenka, SparkyAngel, Ivy89 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    Некогаш самите солзи прават рој од солзи, некогаш се добредојдени некогаш не!
     
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски

    Лелелеле ужааааас, мразам чување на непотребни работи... да ми беше тетката или бабата на сликата некакво крвно сроство, веднаш ќе одев кај неа се ќе исфрлев и ќе ја карав зошто чува глупости.

    Инаку да се пофалам прилично сум задовлна од оваа втора година на факултет, за разлика од лани. Нема да си го простам тоа што ми се случи лани. Како да го опишам депресија, носталгија, интерференција на ѓаволот ... Ќе речат ти си виновна што лани беше во таква ситуација, можеби сум до некаде, но не требаше да дозволам некои други личности да ми сметаат во намерата да си ги положам испитите. Премногу ми е криво, зошто оваа година речиси се положив.

    Совет ако студирате и почнувате прва година, немојте да престојувате во стан каде никој друг не учи или нема работна навика, зошто таква личност ќе ви љубомори и ќе смислува начини како вие да не учите и да немате успех.

    Уште неколку дена и ќе ги видам сите, ајде нека помини сесијата веќе еднаш :P
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.480
    Допаѓања:
    48.949
    Пол:
    Женски
    Со другарка ми многу често во последно време ги анализираме луѓето од овој тип,кои уште постелата не им се изладила од предходната врска а веке се во нова. Секогаш ми бил фасцинантен тој феномен како успеаваат за толку кратко време без никаква емоционална стега се спремни да се впуштат во нова врска. Дојдовме до заклучок дека или таа личност воопшто не била заљубена во предходниот партнер па нормално нема потреба да жали за пропадната врска,или уште додека биле во врска "неко меџу нама није наш" ситуација имале . Трето нема. Жално е што во последно време на се повеке такви ситуации сум сведок ,на почетокот ми беше чудно но повеке не . Особено ми беше чудно кога ке видев како луѓе кои биле во врска 10 години што се вика веке со една нога во брак влезени,раскинуваат,запознаваат нова личност и после 5-6 месеци со новата врска се верени и се спремаат за свадба. Очигледно должината и времетрањето не е мерило за квалитетот на врската и на исходот после нејзе. :)
     
    На Mishela, anichka94, Edie.S и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Женски.... јас се вратив, добро ве најдов, ми недостигавте! :*

    Всушност од одмор официјално стигнав на 1-ви утрото, меѓутоа со оглед на тоа што се вратив пред мајка ми од одмор, дома имав еден куп за чистење и алишта за перење, па не сакав да уклучувам компјутер зашто знаев дека ако влезам на Фемина куќата ќе почека малце, а време имав малце до враќањето на мама. :rofl: Исто така, мајка ми пустата од страв дека еднаш пред година дена бевме саглам ограбени, ми го однела лаптопот кај комшиката, па компјутеров ми е потежок за уклучување а и не сакав од погоренаведената причина. На одмор со либето си поминавме преубаво, ама угорницине во Парга не се издржуваат бе луѓе. Да сакав алпинизам, немаше на море да отидам. Сума сумарум, градчето ми се допадна, ама не е баш лесно на секое враќање од плажа да се пентериш 10 минути по угорница, исто така и за враќање од град. И морето беше ладно, а плажата камчиња. Земајќи го се ова во предвид, средна оценка на Парга би и била од мене седмица. Но за оние со кондиција гратчето го препорачувам. Но дефинитивно не е за луѓе со слабо срце, дента кога си одевме дознавме дека еден пензионер турист починал. И ај да не почнувам за лоши работи, сакам да кажам дека ова ми беше најубавиот одмор досега. Нели кога одиш со дечко на одмор ќе се рчнеш макар за ситница некогаш, епа овојпат, ние не... Очигледно како се подобро познаваш некого, се помалку можеш да сфатиш некој збор на свој начин и да направиш од ништо кавга. :D И многу сум среќна поради тоа бидејќи уште еднаш сфатив дека ние двајца иако за некои работи сме имале различно размислување, функционираме одлично. Двајцата се прилагодуваме еден кон друг и ги прифаќаме работите кои мислиме дека треба да се променат. И да, и во домаќинството функционираме одлично. Не дека се фалам ама овој одмор сум била права домаќинка, мома за мажење. :lol: Долната облека не дозволив да се враќа валкана во Скопје, му пеглав маички кога изглегувавме на либето, доручек скоро секој ден дома готвев и не се случуваше една валкана чаша да се заврти во умивалникот. :wasntme: Да не должам, ќе кажам уште само дека преубаво ми беше со него и дека ми недостасува навечер неговата рака и исто така дека чувствував таква хармонија што да треба уште утре без размислување би живеела со него. Преубаво чувство е да знаеш дека го имаш вистинскиот покрај тебе нели? :inlove:

    Девојки, доста се фалев јас, сега да ве почастам, имам два повода. Да не се два, ќе ги направам три работи. Го добив посакуваниот тен. Официјално сум примена на факултет и да, денес ми е роденден! :party:
    Освен да ве почастам, би ја искористила приликата и да им го честитам роденденот на сите кои го слават денес, вклучувајќи ја anastasijaki и популарната Бијонсе. :D

    А од мене имате:


    Толку можам сега, бреј ама истрошува одморов. images/smilies/emoticon-0140-rofl.gif Наздравје девојки, ми недостасувавте сите. :inlove: Секако и момчињата меѓу нас, да не се навредите, не ве заборавам. :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На ceca-1, SparkyAngel, Lella и 18 други им се допаѓа ова.
  13. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Колку само прекрасно се чуствувам денес...
    Денес се качив на таванот од мојата куќа. Не жалам што целата се извалкав и изголтав еден тон прашина. Мислев дека нема да успеам да се качам затоа што отворот кој води до тавнот е прилично мал. Но, ете успеав. Со мака и различни техники успешно беше.
    Најпрвин што здогледав беше старата, дрвена лулка од времето кога брат ми бил бебе. Прекрасна сина лулка која не беше ни малку оштетена и без никакви траги на распаѓање. Ми беше мило што уште е целосна, здрава и функционална. Следното истражување беше кон пакетите кои беа преполни со играчки, обувки и облека од времето на детството. Си ја пронајдов мојата најомилена играчка од тоа време, а тоа е еден огромен портокалов зајак со морков во рачето. Не можев да си верувам на очите, мојот зајак. Последнен пат кога го видов беше во второ одделение и последно си играв со него пред да се преселиме во новиот спрат од куќата. Веднаш до него беше црното мече на брат ми. Таа мечка беше неговиот најдраг и најверен пријател од детството. Со неа заспиваше и најмногу си играше. Тука беше и мојата кукла Маца која за жал беше без коса благодарение на мене. Јас и бев личен фризер и стилист на времето. Ех, што детете бев кога ке се сетам. Секоја кукла беше шишана, шминкана и некако модифицирана. Ниедна нормална кукла немав на времето. Им шиев фусанчиња, тоа ми беше главна преокупација. Времиња. Си пронајдов и неколку фустанчиња, тренерки и два пара црвени чизмички. Малите обувки сигурно беа од времето кога сум имала 3-4 годинки. Не можев да им се нагледам, такви чизмички денес тешко може да се најдат. Баш онака детски без никакви додатоци. Сите работи што ги пронајдов ги слегов дома за да се исперат. Не дека некој ке ги употребува понатму, но ете сакам да бидат убави и чисти. Ке им ставам убав омекнувач и откако ке се исушат ке ги складирам повторно. Сентименталната вредност е непроценлива. Сето тоа што го видов денес ме врати на некој начин во минатото. Ме потсети на времето кога бев дете. Дете кое се радуваше на мали нешта. Се радував на едена прегратка од мама, татко, на еден убав збор кажан од некого, на новата играчка, на новите сандалки итн. За мене тоа беше вистинска и единствена радост, не си мислев на ништо, ниту пак се грижев за нешто. Тоа е убавината на детството-безгрижноста.
    Ах, тавану стар каде ли ме одведе денес...
     
    На Lella, ozbilnazena, Elennaa и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    575
    Го молам вчерашниот сив, меланхоличен, инспиративен налик на есенски ден да се врати сега кога имам време за тегнење по кревети и многу кафе.

    Туку, сакам да кажам.. убаво е да се цели кон високо, да имаш големи амбиции и соништа, ама треба да знаеш некогаш да притиснеш кочница, да се преиспиташ, да си ги провериш способностите, сретствата со кои распологаш пред да тргнеш кон нешто. Зошто огромно е разочарувањето од неуспехот..
     
    На bubamara12345, tessie и Valerin им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.004
    Допаѓања:
    164.598
    Или јас се познавам и се дружам со богати или сите се имаат збогатено.
    Летово што полека изминува секој втор кој го знам летуваше или на Малта (од која патем не се нешто импресионирани, како од цените, така и од културата) или на Крит или на Ибица. И после жалете се дека било сиромаштија. Пих!
     
    На elisabeta и MademoiselleB им се допаѓа ова.
  16. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Конечно добри вести,во два дена се случија работи за кои чекавме добри шест месеци со помош на свекрвами,маж ми и золвами ги добрив потребните дукументи за да можам да работам,зедов permit за возење па сега памет у глава и спремај се за road test,ќе биде се само здравје.
    Зборот ми беше освен сите дукумети ја зедовме и таблицата за моторот па сега кацига на глава и можеме да се возикаме додека не држи времето.Следно ќе да е Jeep Grand Cherokee 2014 :inlove: , да даа нов ќе го купиме.Е тек после следи убоото летаме за Македонија како што е ред најголема свадба да се направи,заслужена.
    Доста се испофалив јас, :D имајте убав ден.
     
  17. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Една единствена личност може да те смени од корен.
     
    На Elennaa, ColoursOfTheRainbow, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Добивам текст од едната золва. Кога ќе дојде утре Бети да и го дадеш клучот од задната врата на нашата куќа, на предната врата стои завеса и не може да се влезе. - Молам? Која е таа Бети? Кое време утре? Каде да ја чекам, кај нас, кај вас? Стаклената кугла не ми работи денеска :!:
    Па ме фати грижа на совест. Може ми кажала, само не сум заушила, оти нешто ептен селективен слух имам овие денови :D Кога она сиромашка на мејл да ми пишувала веќе, ама сум го избришала несакајки со џанк мејловите без да го отворам, па ваму со стаклени кугли мавам по женава :o Ауч :D


    Друго, вчера, сосема случајно :!: , му украдев подолг од што е скромно поглед на едно тотално совршенство :$ :$ :$ Не ме интересира каков карактер има, нема да го женам :D
     
  19. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    сдк
    stop trying to be someone you're not , thinking that's the way to fit in with the rest,and convince someone to like you .. you were lucky enough to be different , don't try to be like everyone else.
    [​IMG]
    just be yourself , because at the end of the day , that's all it matters .. :)
     
    На kikav, eliesaab, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Пред некое време, седиме сите на ручек, и му велам на татко ми, знаеш на Џенифер Лопез и било роденден, а тој, а ти па мислиш јас на работа бев, а? :D :D Како вели мајка ми за неговиот шарм и тоа што сите паѓаат на него "во почеток ме нервираше, а сега не. ...Море и сега знае да ме изнервира" ја држи запалката и објаснува, со кој знае какви убилачки мисли :smoke: :D
     
    На Lella, Sunshine.Sunshine, Ivy89 и 5 други им се допаѓа ова.