Знам лично за случај кај што такво "проблематично" дете бегаше и на крај се самоуби. Којзнае што преживувала. Не викам дека мора во случајов да се работело за нешто страшно, ама како бе не им текнува дека и тоа може да е причината. Веројатно дека се заглавени во ова размислување кое ти го напиша.
Увек кога исчезнува и бега дете, треба и родителите да бидат осомничени и сосе гаќи да ги протресат и нив. А не да бидат увреѓени зашто полицијата ги испрашувала нив место да го бара детето. Душо за полицаец колку што може да си најдобра мајка, толку може да си и сериски убиец. Негово е да гледа од сите аспекти и можности. Само што тешко тоа кај нас.
Жал ми е за луѓето кои во животот имаат потреба да дојдат овде и да глумат лудило демек се препич со сарказам, вреѓање и исмејување. Искрено, мене ми изгледаат како нестабилни или несреќни. Проблемите од приватниот живот овде ги "истураат". Но, ова не е решение. Подобро посетете психолог, отколку вашиот "гнев" да го пренесувате овде. Не се популарни, не сте интересни и не сте мачкици со вашата ароганција и исмејување.
Многу ми се интересни ликови анализатори. Па се брцаат во туѓо, а по други теми “незаинтересирани” и тако. Па ќе напишат некое мудро мислење што мислат ќе погодат некој, а тебе ти е смешно колку наивно изгледаат и така. Се на се ликови кои за пет секунди ќе ги заборавиш пошто толку се впечатливи. Life goes on
Извини што те цитирам, само сликава ме потсети на домот на мојата баба. Изгледаше вака скромно и „старо“ по денешни стандардни, но моето детство беше толку среќно и исполнето во тој дом, што не можам а да не се размежнувам секој пат кога ќе помислам на таа скромно старо станче. Имаше ист ваков плакар, (и со телевизор во него) наполнет со специјални чинии и чаши што не се чепкаа и беа само за гости и прослави. Ден денес си чувам работи од тој дом, чувам неколку масички, неколку чаши, една комода и многу многу спомени!
Исто беше и кај баба ми. Во плакарот имаше кујнски прибор кој се користеше само за посебни пригоди. Целата соба беше со тепих од ќош до ќош. Мал кревет и од оние старите фотелји со портокалово платно. На масата бонбони кои никаде не се продаваа, но кај баба ми секогаш ги имаше. Толку беше топло, среќно... секојпат кога спиев таму имав мир.
Ах тепихот. Имаше теписи во целиот дом баба ми, од крај до крај. Паркетот никаде не се гледаше, а плочки знаевме дека само во тоалетот има. Се друго беше прикриено со теписи, па во кујната па дупли имаше, врз тепихот имаше стаза која почесто се валкала па ја переше често. Хехех Бонбоните исто, никогаш ги немав видено во ниедна продавница, нити пак нејзе ја имав видено да се врати од продавница да видам дека ги купила. Само магично, секогаш ги имаше на маса, колку и да јадевме толку магично повеќе ги имаше. Се би дала да се разбудам уште еднаш барем во тој дом, да ми спреми пржени кришки за доручек, и да ми подаде некое чоколадо кое го купила само за мене, без да знае мајка ми. Да си ја изнагушкам најсилно и да и се заблагодарам за најубавото детство што ми го пружила. До сите тие што се уште имате баби и дедовци во вашиот живот, изнагушкајте ги, јавете им се. Ценете го секој момент што го имате со нив.
Petok e osmi april. Mislis deka nekogas ke zaboravam? Nitu datumot nitu tebe. A ti mene ke me zaboravis, za mesec dva ke me izbrisis. Mi falis budalce, sekoj proklet den.
Многу ме нервира форумов денеска. До таа мера што се прашувам за кого се акам по протести, за кого мрзнам на ниски температури, за кого дигам транспаренти и белите дробови ме болат од свирење со свирчиња. Која свесно бидува швалерка сто години оти сака токмакот стан да и купи, која го бара дечкото кој под брише со неа, која е максимално делузионална оти мисли оти типот ја сака оти ја тепа, која останува со мажот а тој е спремен сите да ги испоубие, итн, итн. На толку протести, панели, форуми за едукација, на цела фемина која постои повеќе од 10 години и ви е жив доказ како агресори нема да се сменат, не ми е јасно како ништо не сме научиле како род. Максимално понижено се осеќам денес како жена. Попонижено не може. И премака ми е.