Понекогаш е добро да слушнеш (прочиташ) мислење од друг за да не се чувствуваш игнорирано од светот, осамено. Не можеш да знаеш кој низ што поминува и каква цел има. Сепак е форум, нели? Ако ми олеснува, ќе пишувам што сакам и колку сакам.
Штета ни она предвремено не пушти инфо на инста. Тек вчера тогаш кога споделив го видов, ама too late. Баш сакам да ја исчујам во живо и ако имам прилика да ја запознаам лично.
Аххх, колку ме нервираат луѓето кои ти даваат милион совети кога: #1 Не им ги бараш #2 Не ни имаат искуство #3 Ги прават истите грешки како и ти, но само туѓите ги забележуваат
Не мислев на тоа некој да се искаже, туку баш да бара совет. Значи прашува што да правам? Му кажуваш што да прави, како да го реши проблемот и не го решава никако. После некое време се жали дека е пак во проблеми. Епа сега...
Те сфатив, но некој некогаш "бара совет" со надеж дека некој ќе го сподели истото мислење. Една порака не може никогаш да ни ја доволи цела ситуација нас како читатели, т.е. посматрачи на ситуацијата. Знам, најчесто испаднало како што викаш, но не знаеш што точно се случува и како и е на личноста. Мразам осудувања. Биди поддршка, а ако не можеш, одмини го постот. Сите сме луѓе од коски и кожа, сите имаме чувства.
Не е осуда туку криво ми е за нив. Ако бараш совет, барем примени го, направи промена. Ама да, повеќето очигледно само сакаат да добијат мислење и ништо повеќе од тоа.
Мене вака ми беше кога упорно се терав да им помогнам во темата "Морална поддршка за оние кои сакаат да ослабат". Им објаснуваш што е, како е, им даваш милион примероци каде грешат и што можат да поправат, еднаш дури потрошив саат време и напишав детално мени за 7 денови за исхрана; и џабе, не само што продолжуваа да си штетат, мене ме правеа будала дека сум се правела паметна, сум мудрувала, сите ги знаеле истите работи, ама луѓе биле, грешеле, сакале само поддршка. И кренав раце, нека се тешат меѓусебе за глупостите што ги прават, а ги кошта здравје во буквална смисла на зборот. Ама битно ќе бидат утешени.
Сношти седеме со маж ми. Он не прати политика и вести Јас: абе го уапсиле Доналд Трамп. Он: да, оној будалата. Јас: а знаеш ли кој е доналд трамп? Он: да, оној лудиот. После збореа за коридорот 8 на вестите а јас ништо не слушнав Јас: абе што е ова коридор 8? Он: Велика Албанија И што да се каже повеќе
Е знаеш како на нив им изгледа? Дошле тука за поддршка, а некој тука им мудрува и им кажува како се грешат. А кој те терал да пишуваш 7- дневно мени? Никој. Извини, ама мене тоа ми личи на инаетење. И да, тие ги знаат тие работи. Само бараат поддршка, тоа е се. А за прашања, свесни сте дека постои и зборот реторичко прашање?
Нормално дека никој не ме терал, од кејф го направив, зошто имам страст и голем интерес кон исхрана и нутритивни вредности, и сакам да помогнам. Јас можам да се инаетам само кон сопствените проблеми, а не можам кон туѓи. Давам совети и идеи, кој сака може да ги прифати, кој не сака не мора, негов проблем. Ама да дадам поддршка таму каде што не треба, нема. Нека даде друг ако сака, јас нема. Тоа ме прави инаетчија? Не би рекла, изгледа имаме различна дефиниција за инает. А која е поентата со години да пишуваш за истиот проблем и пак упорно да тераш по старо, надевајќи се дека нешто магично ќе се промени? Мене тоа ми личи на инает, ама кој како сака. Мое е АКО ЈАС САКАМ да понудам поддршка, совет, идеја, мотивација, аплауз, итн, да понудам, зш да не. Патем, во темана бараат и совети и идеи, не само поддршка, ама од некоја причина ретко ги прифаќаат советите и идеите.
Убав ден. Чекањето се исплатеше. Потпишан договор за работа. Од понеделник ново поглавје се надевам убаво
@MissChievous Не требало воопшто да се замараш, бидејќи во поголемиот дел од времето луѓето не сакаат решенија, туку сожалувње и тапшање по рамо Соодветен предлог и поддршка means they actually have to do something about it
Нема врска, така сакав тогаш, така праев. Моја лекција за учење беше дека уствари не секој сака совет, ја научив и продужив даље без да трошам време во таа тема. ¯\_(ツ)_/¯
Муабетот на @Iv531 не е далеку од вистината. Не мора да се навредувате ако некој не ви го послушал советот, уште помалку па да бидете безобразни во врска со тоа. Често луѓето и тука и надвор од тука, бараат само да бидат ислушани, не дека им треба мислење. Да, фрустрирачко е да се трудиш да помогнеш и тоа да не вроди со плод, ама не секој ви бара помош и не секој е во позиција да го примени тоа што вие мислите дека е добро за него. Тоа е многу битно зашто секогаш кажуваме од наша перспектива, што не значи дека автоматски е применливо и за другата страна. И јас често делам мои мислења, ама свесна сум дека никој не ми должи да ме послуша. Разграничувајте ситуација каде има простор за совет од ситуација каде нема и не сфаќајте сѐ лично, на форум сме побогу.
Безобразно е да не цениш туѓо мислење и да не го цениш времето што го потрошил другиот на тебе. Ама дека сме на форум научени сме да не се цениме меѓу себе туку да си се контраме. Секогаш можеш културно да се заблагодариш за времето и мислењето и без да возвратиш дрско и арогантно. Е кога бараш совет и си на форум очекувај секакви реакции. Ептен јаки ликови не красат овде, све дечишта до дечишта воздигнати во облаци.
Ич не е безобразно. Давам совет од добра волја, никој не мора да го примени тоа. За дрскоста се согласувам, ако веќе сум напишала реферат барем нека напишат фала од култура, не да се лутат ако е спротивно на тоа што очекувале.
Безобразно е, ти даваш од добра волја а они не ти се заблагодаруваат него ти зборат дека мудруваш. Како сакаш сврти го.
Абе за некои животни ситуации со врски, брак, работа, деца, ајде де. Ама еве темине за таблети и чаеви за слабеење кога ќе им пишеш дека све е тоа глупост и џабе фрлени пари иако не побарале и уште се лутат....како да не се изнервираш. Оти не побарале мислење нели. Само тука не се работи за ситуација дали да прифатиш едно или друго работно место па нели да увидиш сам според ситуација, плата, време него едниот избор е сериозно полош од другиот.