Мислев дека можам да изедам 400 грама сланина да испечам. Ја испеков и ја изедов, но по која цена боже мој. Ми се одмили мрсно.
Не мора да прифатат нечии совети, но не треба да се лутат. Бар да размислат. Ако не им требаат совети, да не пишуваат во теми за совети. Ако им треба само некој да ги сослуша и потапша, еве им ја СДК. Ако сакаат да си се искажат на раат, ја има и Сдк без цитирања.
Ти секој совет што ти го дале во животот си го применила? Биди реална. Свесна сум дека мојот совет можеби е погрешен, неизводлив за другата страна или пак личноста едноставно сака само да се искаже а тоа го маскира преку барање совет. Не се лутам, не мислам дека мора да ме слушаат. Бубаче, ај те молам препрочитај што напишав, два поста се. Т.е. дочитај ја втората реченица, ми се чини дека го читаш само првиот збор и комплицираш нешто што е многу јасно.
Многу ми е жал што гледаш само од твојот себичен аспект и не сакаш да си прочиташ што си пишала и каде ти е грешката. Па пробуваш да се извадиш преку мене. Ова сум го забележала со сите го правиш,можеби дека во реалниот живот ти го прават на тебе.
Подлабок е проблемот. Ете девојчето кое често прашува дали да се скараат со дечкото. Можиме ние и една година да везиме, џабе ако е друг проблем. Некогаш е работа за психолог, да се открие причината зошто е толку зависна од него. (ако читаш извини шо те зедов за пример) Или совет за крем да побарам, ќе ми понудат од 5000, а јас немам толку за крем. Не мора да се послуша, ама да, не треба ни лутење. Ќе се мачам да пишам и на крај ќе ми се испонаша.
Слушам прееска во автобус, жена од околу 50тина години на девојче средношколка ѝ вика: "Слушај, стариве кога ти викаат да станеш, ако не можеш, не станувај. Па и вие младите од школо, факултет, работа, па за тест за испит си учел, не си спиел. Или здравствен проблем може имаш, не можеш да стоиш, од кај знаат стариве дека стварно се осеќаш добро" Женче да си жива и здрава до 101 и назад со муабетов, повеќе луѓе ни требаат ко тебе.
Исусе. Не планирав ова да го правам, напишав мислење да се вклучам во дискусија, ама пошто ти очигледно имаш проблеми со разбирање и почнуваш кавги баш од тоа, ќе пробам пак да ти објаснам. Ти ме цитираше прва со ова: На кое што јас ти одговорив со ова: Пази сега, има две спротивставени реченици, првата се однесува дека не е безобразно да не се послуша совет. Во втората реченица, ти кажувам дека се сложувам тебе дека е арогантно да не кажат ни фала. Значи, тука адресирам две работи, за едното се сложувам со тебе за другото не. Од кај испаднав себична, некоректна, ваква, таква? Ако ти е предосадно најди си некоја друга занимација, не да цитираш за да испревртуваш и се караш.
Пак ќе кажам, прочитај што пишав и каде ти е грешката. Ниту се карам, ниту испревртувам. Ти се согласи за дрскоста за другото не. Каква сакаш биди си, за мене си таа исто како што сум јас за тебе.
Ми требаше вчера нотар за една работа. Обично во Центар завршувам тие работи, ама реков ај ќе тргнам од маало накај Центар и првиот што видам, тој. Додека најдам еден нотар, на главна улица пројдов покрај 5 казина, 4 кладилници и 2 филијали за брзи кредити. Гревови...
Леле браво за женава, еднаш притисок ми падна и седнав а бусот беше фулл пензионери, пензионерски ден и еден дедо ми вика ајде стани не можам гледаш, а мене кога ќе ми падне притисок не можам да стојам, ако не седнам ќе се срушам, реков не можам притисокот ми падна среќа кока кола што имав и ми се нафрли пола бус, ете ја се шетала со кеса од mango па уште кока кола а не може да стане на постар...
Најубаво си знае човекот. Си ги чува нервите и вака ќе си живее до 101. Замарање исклучиво само за фамилија и за ништо друго.
Баш секој совет не сум го применила, оти различни сум добила. Ама кога барам совет, барам затоа што ми треба и дефинитивно нешто во глава ми фали ако при добри и корисни совети, јас си терам по мое, си го туркам проблемот под тепих и после некое време срушена и уште побетер пак барам совет. Тоа е кога човек не сака сам себе да си помогне. И не, не се лутам, туку ми е жал за таквите. Психологија стои зад тоа, јасно ми е, жално е, не за лутење.
Светов е полн со злобни, зајадливи, себични луѓе. Додека имаат корист за нешто се мед и млеко, потоа исчезнуваат, немаат време, зафатени се... Не знам кога јас ќе научам да не верувам на никој! Глупава сум, ама тоа е, да сум здрава и жива
Абе... зависи од проблемот. На форум да ти кажам ич не сум приметила ни препрашала, во реален живот да. На крајот едноставно "дигаш раце" и оставаш давеникот да се удави.