Извини што ви се убацувам во муабет, ама не ти треба пример кој знае каков подалеку од тука. Отвори ги темине ќе видиш колку примери за либералност ( или не ) имаш. Еве почни од тука. Одогворите ти се пред очи, ако сакаш да ги видиш. Поздрав.
Ама не било тоа така, он само знае да каже дека не прочитал ништо опипливо. Значи и да дојде некоја да му пише еве ти личен пример ме силуваа кога имав 16 години, пријавив во полиција, тие ми рекоа "па со миничов сама си го барала, хехехе" овој ќе и извади дека и во Шведска тоа го има. Значи дојден е да не убедува дека Македонија е најдобра земја за живеење, зошто има мажи што јс пуштаат жената на кафе со другарки и и дозволуваат да оди кај мајка и, нормално со претходна консултација со мама. Вријам од вакви муабети, по темине во "Брак", од проблеми со мајкини синчиња, семејно насилство па до тоа дека не ја пушта мажот на работа, стемнето ми е кај сум родена. На секоја втора во темине, мајка му одлучува дали детето негово ќе оди во градинка и дали ќе може да оди кај другата баба на гости, он овде ќе ми проповеда за либералност.
Toa ne bi bilo argument. Mitomanija za 1903 e argument i manifest (patem napishan vo 1923 od dramski pisatel) svedochi za liberalnoto opshtestvo vo koe zhiveat Makedonkite denes. Inaku, likot trola i kontrira na forum za vnimanie, ne mu go ovozmozhuvajte podobro.
Ако во продавница скршиш чинија/украс или слично од полица, дали ако кажеш дека не било намерно ќе ти простат и нема да си платиш? Не. Дур работев ко келнер, истурен или згрешен пијалак идеше на моја сметка, не е битно намерно или ненамерно е згрешено. Битно е направена штетата од моја страна и јас ќе ја платам Зашто тогаш простуваме грешки кои убиваат луѓе со такви оправдувања? Возел брзо и пијан, ставил дезинфекциско средство место инфузија, извадил здрав јајник и матка...не може и не треба помала казна во животот да ти носи од ненамерно скршена чаша од 100 денари.
Важи За вадење здрави органи не мора правда, ич. И баш оти НЕ се споредуваат човечки живот и една чинија, не треба да се слични и споредливи казните.
Ако скршиш нешто во продавница, истуриш нешто на работа ондак тоа иде во оштетена роба и за тоа дуќнот си плаќа. За вториот параграф, и за оној гомнарон Нелај Мазга од погоре само мачење.
Не знам ама во кафичот на моја сметка идеше истурен/згрешен пијалак, ама работев таму. Знам и дека познаник како муштерија му се случило несакајќи да бутне некој украс во продавница и си го платил. Барем го натерале.
Сакам да кажам дека така би требало да биде, иначе знам дека е така у Мјауќедоња. И ја работев во маркет, па месечно се праеше попис, и се шо фалеше од плата ни го одбиваа.
Ја кога работев келнерка, скршена чаша, истурен пијалак ништо не плаќав. Башка не работев на едно место, а кршев, не дека не. Така да, малце споредбиве.... Ама добро Иначе тој Асани од Струшка Гинекологија доби условно,наредни 5 години да не го повтори делото (не викам дека е задоволителна казна, ич не е), а и веќе не е директор, а и само по себе си повлече, месечно ни 5 деца не се раѓаат во Струга, во Охрид одат сите, значи и помалце пари во џебче. Само по себе воопшто не ти одговараат споредбите. Невкусно е.
Баш зашто е неспоредливо, треба да се драстично поголеми казните за убиство и лекарски грешки кои лесно можеле да се избегнат. Оти вака на исто ниво ставаме скршена чаша и мртов човек. Објаснив веќе. И ако сметаш дека условно е некоја голема казна...што да ти кажам. Мене патем за истурен пијалок ми одбиваа од дневница.