Некој еднаш имаше пишано @Feminka22 мислам беше, дека неможе да си поднесе граматички грешки на форумов, and I felt that (like with all my heart). Јас сум иначе престрога со себе за ова прашање (овде рачунам и typing грешки). Сега додека барав едно постаро мислење земав си ги препрочитав и анализирав некои. Точно си забележувам во кои мислења сум била целосно присутна и посветена на постот/дискусијата а во кои само сум гледала да пишам и да завршам ''набрзина''. Најчесто правам typing грешки кога пишувам на брзина или мултитаскирам нешто во позадина, па мозокот ми е на пола-пола, пола таму, пола ваму. Понекогаш и набрзина прегледувам и едитирам, понекогаш не. И така сега кога ги гледам како си стојат така до бесконечност ми иде да се самозастрелам. Исто кога сум во брзање а притоа дискусијата се води во негативен смер, или ми ти тупи, знам да изгледам и подрско(освен ако некој не си заслужил, ова е несвојствено за мене и не поддржувам). Ова дека си го поштувам времето и енергијата највеќе, ама исто така знам дека доколку не сум во брзање/избрзала би одговорила посмирено и од дискусијата би се извлеко подобар резултат и можда и би течела поинаку. Значи заклучок, јас сум у глобала фина и писмена личност, ако изгледам неписмено и дрско(повторно, освен ако некој не си заслужил) на моменти значи сум у некоја фрка, имајте разумевања. Така што нека стои ова овде за поука (мене највеќе) да се внимава што и како се пишува.
Луѓето кои работат во големите маркети во Скопје се убиваат од работа, буквално. Од 8 саати, 8 им се ефективни ама баш 100%, немаат време ни да одат во wc. Тоа е како во затвор. Слично е и со другите градови низ МК, ама со Скопје немаат шанси.
Колку брзо проаѓаат 3работни дена кога знаеш дека се само толку во неделата, а регуларно ко цела вечност се 3 дена. Изгледа се е психа Иначе друго што сакам да кажам и да се пофалам дека помалку импулсивно купувам ствари, размислувам по неколку дена дали нешто ми треба стварно или не, а и онака имам направено залихи со облека, чевли, ташни, козметики за наредни 5 години....
Пукнете одродници, ама до истекување на законскиот рок што го дадовте, не сменувам документи, уште малку сакам да се порадувам на Македонија, после ќе бидам граѓанка на Северџистан додуша, минатото лето на пасошот грчиштата ми удрија печат со северна, ама си стои и Република Македонија од претходно #истоеаманееисто!
Апсолутно го делам мислењето со тебе. Секој пат кога ќе го видам тоа Северџистан, ми се превртуваат цревата
Интересен датум. Ама дотогаш можат уште многу работи да се издесат во меѓувреме, дури и Македончето може да се разбуди од зимскиот сон или ми ти кома. Интересен факт(уствари на македонски fun може слободно и како забавен па и смешен да се преведе): Дали сте знаеле дека и нашите политичари се бават со натални карти и астрологија? Можда требаат да пробаат со ѕвездена астрологија можда и тоа ги спаси и им помогне некако. Спојлер: . Се шегувам секако, нема. With that being said, добро утро Македонијо!
Ако документите не ти се со северна да. Да се искористи и името за некое париче од народов да соберат...
Сакам да прашам: Дали некогаш завршува кризава на идентитет и дали некогаш чувствуваш социјална и кариерна стабилност, или цел живот се бориш со тоа? Прашувам за другарка.
За термини за операција вртеле од непознат број за да не им досаѓале луѓе. Океј... Значи ако се погоди да ќењаш, а телефонот не е до тебе и ти вртат, си наебал. Практични ептен. Е сега ако се љубезни да вртат уште еднаш...
Кога на некого го поздравуваш, се гледа човекот во очи, а не се закопува фацата во телефон, па здраво ќе кажеш
Страшно.. покрај еден куп достапни информации, каде сме сведоци како луѓето си ги уништуваат нивните животи и животите на најблиските од било какви недозволени супстанции, ова (дрога, марихуана итн) зема се' поголем и поголем замав
Покрај еден куп информации… Знаеш колку пострашно работи као алкохол, кафе и цигари се легални а се 100 пати ако не и поише, посмртоносни од тревата? Од тревата не можеш ни OD да добиеш