Баш, ја секојдневно пазарење по нешто ситно ама на каси редици, пола работи немаше што барам и си останав без зелка и краставички, ќе морам да барам на заем.
Изгледа за шест се купува, не за три, а ти и за десет купи ако сакаш, твое право ко што мое е да си кажам мислење.
Ne mi e cudno da nema nishto, lugje ke odat po izleti, gosti ke im goagjaat doma, ke spremaat za mnogu narod. Baska kupuvaat za 3 dena posto nisto nema da raboti do vtornik. A i znaes deka sme malce megalomanski narod koga se proslavi vo prashanje
Во то шо 1 Мај не е ден за славење и екскурзија, исто како шо 8 Март не е ден за која поголем букет ќе добие. Ама ок, сфаќам, се зголеми минималната, сите права ги има работникот... Не ти се обраќам тебе конкретно, нема кој да не' организира, а сами не ни текнува изгледа сè ни е погодено.
Побогатите на викенд во Грција, работниците во Скопје на протест за 1-ви мај да си ги бараат основните работнички права. Како и секогаш ќе има вест плус за протестот на вести и никој ништо нема да преземе. Плата немаат земено 30 000 работници. ГП Богородица фул. Само напред, целиме кон капитализмот .
Како што поминува време се повеќе сфаќам дека сакам животот да го поминам сама.. Не сум јас за овие работи, галама, меѓучовечки односи, си го сакам мојот мир..
Второ вакво, болно, разочарување годинава. Лежам неподвижна и тотално нефункционална. Се анализирам и се прашувам каде ли згрешив, со што го заслужив ова? Одговор нема. Ме боли цело тело. Умот ми е преокупиран со непотребни сцени. Најмногу нешто што мразам е да висам по цели денови на телефон, а сега телефонот ми е најмногу в рака... У пи*ку матер
Се смета за кич ако покажеш љубов кон татковината , за патетика било какво изразување на чувства, реакционерно е ако нешто од минатото како убаво прикажеш , а ако посакаш да пофалиш некој настан или случка, постапка на некоја личност и сл. мораш добро да размислиш, бидејќи ризикуваш да бидеш обвинет за недостаток на критичка свест, пресечени ти се мислите, одземено моменталното чувство на восхит... Само критика проаѓа како вест, само се ловат нечии лоши моменти, лоши лекари, лоши судии,учителки , глумици, пејачки, лоши соседи и сограѓани...што побизарно и пошокантно, инсистирање на сликата за скората пропаст која со години ја очекуваме, истакнување на гревот во сите негови најстрашни облици... Црна хроника, дури и тема на форумов има...прва утринска и последна вечерна вест во скоро секој дом... А каде се тие добри луѓе кои чинат добрини и поради кои сепак овој свет опстојува? Зошто емоционалното и интуитивното го занемаруваме, во корист на сомнежот,стравот и често лажното рационално кое е сепак временски одредено и не е вечно. А сето ова го напишав поради една старица комшивка, која на обична љубезност возврати десетоструко. Сеуште сум трогната колку работи потиснуваме, од наметната нелагода да не повредиме нечија приватност. Луѓето се создадени да живеат во заедница и да делат, станавме себични манипулативни егоисти...