Барав тема за кога некој те имитира а не најдов. Значи има повеќе од 10 години од како една девојка ме имитира. Правеше мои профили на фб , со моето име, пишуваше во моето име... не превземав ништо оти знаев дека е љубоморна. А не дружев со неа. Пред неколку месеци ме адна на фб. Ја прифатив. На фб не сум пишана со моето име и презиме, туку со две исти имиња кои не се мои ( пр: петранка петранка ). И сега гледам дека таа личност си направила ист таков профил на тик ток , со тие исти две имиња. Па остави ме на раат, побогу!!! Со години не живеам веќе во тој град, што уште ме имитираш, толку ли сум ти интересна, толку ли бев важна во твојата глава????
Не направив ништо лошо. Нејзиниот тогашен дечко ми беше другар со кој не дружевме нонстоп али ипак дружевме само во друштво. Незнам шо е било помеѓу нив , таа остана трудна, другарот имаше сообраќајка во која заѓина. Таа роди ќерка од него, која ја прекрсти со неговото име, шо ми е баш мило оти дечкото беше многу фин и добар. Ќерка и моментално има 6 7 8 години мислам. Никогаш сум немала комуникација со неа освен кога сме биле во исто друштво или ккга нашите деца си играле. И сега пак истото го прави. А веќе немаме никаков контакт.
Не е тоа имитирање, крадење идентитет е. Појма немам зошто би го правел некој тоа, ама ете, свашта има по светов.
Сакам да кажам дека у Немачка НЕМА убав сладолед у дуќан! У слаткара у реду, у дуќан значи страшно, ќе пукнам! Еееејјјј, да немаш оној Родео чоколаден, само досадна ванила! Имаш оние глупи амерички срања Том и Џери, уше на дедо ми таквото да го стават у нутра, или па оние ХагенГаз со глупи комбинации за пензионери. Едвај и тој Шварцвалд Вишња шо го јадам 5 години, ми преседна! Има таму од тие евтините на стапчиња, корнети у кутии стварно укусни сладоледи, али брате НЕМА ЧОКОЛАДЕН СЛАДОЛЕД! Нема ни асален чипс! Кај едвај ќе најдеш дебел ребраст, као едвај со сол, дома треба да си дотураш сам сол! Друго, каков е тој укус на пиперка, ватафак, тоа за запршка служи, не за чипс?! Нема чипс со ќечап еј, алооо! Еднаш по грешка у ауслендерскиот оддел најдов од тој нашиот лутиот, ребрастиот од Чипси, ај даов мочани три евра, коа сум му седнала со све срчи, лелеј! Али шо, коа тоа у соседниот град го најдов! И сеа од муабетов кај бев гладна, сеа па ќе пукнам значи! А да, и коа веќе мрчам, еве едно радикално мислење - у Немачка пивото е мех! Ако пиете ко баба некоја Златен Даб, ондак сте на коњ, али ако пиете Скопско, па уште и црноно, да ви изгоре душата, ондак сте на антидепресиви! Ок, се продава Скопско, али зборам за у ресторан бе, коа ќе седнеш ко чоек да се напиеш, а не тамо мутеници да лигавиш! И плус, коа идеш у ресторан, ако си нарачаш точен Радлер, drumrolls please - ти даваат мочано пиво мешано со Спрајт? Со Спрајт?! Ај се одјавуем, и онака треба да добијам, па затоа.
Ние шо сме Даб фанови, таман ни е. Е баби сме, у реду На све што нема, она се фати за глупости бе, чипс и сладолед. Кажи нема 10ка со кромид, да се најдеме во маката.
Кај мене има, сеа за сеа, за понатака ќе видиме. И селско месо, и тавче гравче, шарска, пинџур, раванија... Е сеа пак ми се пријаде.
Најверојатно другарти нешто и има зборувано за тебе па таа во некој афект да речеме несвесно се поистовестувала со тебе. Јас би рекла да си разговараш со нејзе,што е проблемот можеби не знаеш нешто што таа го знае. А можеби и другарот имал некои потајни чувства за тебе, и таа тоа го знаела. Како и да е, тоа поглавје мора да се затвори ако сака секој да си продолжи со животот.
Зошто секогаш ме сожалуваат кога одам пешки од/до дома/работа? Само 4 км се во прашање, тоа ти е ко од ГТЦ до Бисер. За времето додека да дочекам автобус, да се извозам до кај што можам и да доодам од станица до дома, јас пешки ќе стигнам како и да е. Барем нема да се буткам во гужви, да дишам смрдлив воздух, да ме гураат луѓе. Ем се раздвижувам, ем си ислушувам подкастче.
Како и секое утро, си го прам ритуалот кај шо влечам една тарот карта за вајб на ден. Предолго сум на форумов, сите бевме свесни дека некогаш ова персона ќе излези од мене. Ама шо сакам да споделам е, некогаш, зошто уште учам за картите, како шо читам наоѓам некои толку убај реченици, толку длабоки и толку многу допираат, шо морам да ги споделам негде. ''If you think about it, loving someone is like cultivating a skill. It requires ever increasing amounts of empathy, compassion, patience and also curiosity and the desire for self-improvement.'' Колку е убо да се гледа на љубовта како на вештина. Пошто само ако сакам некој, не значи дека нема да го повредам. Не значи дека ќе го дам мојот максимум. Ама ако ја гледам љубовта како вештина која морам да ја усовршам - барем ќе знам дека се стремам кон мојот максимум.
Порано ми беше мерак да трошам пари, ваљда дека не беа мој, сега одам по бутици, шетам ваму таму, не ми е мерак ништо да си купам, не знам.. Како за ништо да не ми се даваат пари, не ми предизвикува некоја сатисфакција да си купам нешто..
Тажно е кога си мислел дека некој ти е близок другар/ка, а излегува дека не те вреднува ниту 1%. Имам т.н. најверен другар веќе 15год. кој непосредно пред свадба стана тивок, го снема, ниту да пише или јави и очигледно смета дека не сум битна да дојде на 5мин. да ми врачи покана. Наместо тоа, ја мести жена му да ми прати слика од поканата, одвај читлива, ко демек ја преку океани живеам, па не може да се видиме и немаа месеци да си ги поканат гостите... Криво ми е колку наивна излегувам понекогаш. Свесна сум дека повеќе правев за да го одржам другарството во живот и пак дозволив да ме направи да се чувствувам безвредно. Последниве денови, некој кој не ми е ниту другар ми помогна за толку многу работи, што воопшто не беше должен да ги направи. Повторно заборавам да запомнам дека не треба да имам ниту основни, ниту никакви очекувања од луѓето, затоа што само ќе се разочарам...
И ја така се осеќам. Дал нема ништо по продавнициве, дал шо викаш ти свои пари па не ти се фрла на било што хаха