Енџи ако некој ме осеќа близок, нема да се потресува од такво нешто пред мене. Чим се замара, значи не сме блиски, само глумиме дека сме. Јас пред либе на пример не се замарам ако нешто не сум кренала или не сум усисала 5 мин пред да дојде.
Не мора да значи дека глуми. Некои од нас се извинуваат постојано за секакви ситници, скроз нема врска со блискост.
Па, и јас сакам секогаш да ми е скоцкано без разлика кој и да ми дојде. Првенствено ради самата себе си.
Следната реченица шо ќе ја кажам ме прај да се осеќам како пес од цртан. М р а з а м поштари и доставувачи Не е ова благо кажано. Ова е длабоко чувство шо го осеќам. Поштата, сите знајме каква ни е. Не можам нешто да рифанднам а месец го нема нигде оти наводно ме побарале. Наводно. Сите нарачки ми ги одбиваат со тоа дека од пошта ме побарале, а од нив ни абер ни глас. Па како вистинска Карен се карам на шалер и бум, наоѓаат нарачката. Доставувачи мислат, од друга страна, дека јас седам дома и го чекам нивното пресвето височесто да помини. И сум трчала само за да земам нарачка. Сум излегувала во пресрет. И еднаш пречрктав и сега знам дека сум чак и малку кучкеста. Сега пишам во белешки дека после 1 не примам нарачки. И на кревет да лежам дома, не излегвам после времето шо сум пишала. Денес се потсетив колку неќам доставувачи, пошто немале канцеларија впишав на 20ти да добијам нарачката, ко ќе сум слободна цел ден. Нарачката стигна денес. Цела недела порано. И као увреџен оти не сум дома ми ќенкаше како морало денес да ми донеси. Па као од Понеделник кога сум можела и стандард до 1 му викам примам нарачки. Па као не можел тој така. Сепак Сабота на 20ти. Кој би претпоставил дека со умисла го одбрав денот. Почна да не ми е гајле дали ќе примам нарачка. Дали сакам да го имам полароидот? Апсолутно. Дали радо би го немала за да немам контакт со доставувач? Исто така да. Сакам ко ќе видат од карго моето име на пратката да си речат: "аман пак ова, оди однеси му го на ненормалнава оти кој ќе се брка и кара пак со неа" Dream big.
Коа ќе видам некое напалено чиче слеш дедо као ќе пише у секс темине демек сон му е со некоја помлада од него, да си испуњаваат фетиши... Па кажи бе златен КОЛКУ е тоа помлада, па да видиме дали и уопште знае што е тоа секс, фетиши и исуњавање желби. Шо желба ќе ви беше тоа, ко да нема 20 накај 30 годишни шо се онадат со чичковци, ви се плукнам у тоа педофилите гнсни. Треба да се забрани у цел подфорум секс мужи да пишуваат, и да читаат,испод 500 мислења, па и више. Та мој мој, преку мој више.
Зошто сме плачеле за Тоше? Таков човек нема да имаме во следните 50 години. Гледам како украински писател со странски пари купи 149 возила за армијата со странски пари. И уште купува. Почна на 2-3 дена да купува по едно возило. Ние таков човек немаме. Немаме некој што ќе биде гласот на народот во регионот, Европа.
Е па си се изнасмеав и искринџав коа го видов ова. Македонскиот маркетинг е на завидно ниво. Ко за 1993 година.
@Gosh На тема педофилија, кога ќе видам reel од Берет, морници ме полазуваат колку многу такви шетаат на слобода Just a few examples: https://www.instagram.com/reel/Co5oRG6DUIF/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== https://www.instagram.com/reel/CnxXb7qB7ZP/?igshid=MzRlODBiNWFlZA== https://www.instagram.com/reel/Cq54FxVpRhn/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
70 и нешто годишен човек на уролошка клиника му правеле биопсија и починал од сепса. Стручна комисија рекла дека тоа е очекувана компликација....во 2023 година. Значи ако очекуваш дека пациент ќе ти умре од на пример пијан хирург, очекувана грешка ќе е. Или ако очекуваш дека ќе те оперираат со нестерилизирани интрументи и фатиш бактерија, исто е очекувана компликација. Технички све е очекувано. Е така. Умираме оти очекуваме живи да останеме, не е до здравството
Некни отворив кулата. "Гатачот" мој суден ден. Денес јас пак кула. "Гатачот" мој пак суден ден. Крипи е ко ќе си мечнуваме енергиите вака. Башка шо на иста тематика ни се читањата. Уште фани ми е дека тарот хипи грл персоната излезе на површина. На друга нота, прва слика со полароидот сакав да ми е мачорот. И ми мрдна кон мене на сред сликање и сега ја имам убедливо омилената слика шо ќе ми оди во новчаник. И како права мамичка ќе ја покажвам на секој дур сум на кафе, на работа, итн...
Гледам "on this day" на инста, од минатата година; сме биле разголени скроз по кратки, дури и бебушка. А оваа година одвратна пролет, пола со јакни ја поминавме. Туку, не сум јас јас ако не споделам сликиче што ме инспирирало. Мнозинството сакаат скратени патишта и инстант резултати/промена. Ама вистинската промена што може да биде и доживотна, не се случува туку така. Треба многу да се вложува, конзистентно и трпеливо. Што знам, можеби некој требаше да го чуе ова... so, there it is.
Отековте со оваа слика, по фејсбуци, форуми, тоа коуч-еви, гуруа за здрав живот, нема кој не ја споделил. Ако си дошол ти до операција, сигурно нема сега вежби и јаболки да те спасат. Здрав живот, добри навики се практикуваат за превентива и за ублажување на не толку сериозни болести и состојби, не за лечење на веќе направена штета. Плус, лајфстајл не можеш секогаш да смениш оти така ти текнало. Си се просветлил одеднаш. Често си под притисок и немаш можност да воведеш комплетна промена на начинот на живот. А тоа малку што можеш да го промениш и не е некој чудесен лек што веднаш ќе те освежи. Така да, многу паметна сликава, ептен, да те замисли
Предавав само една година во средно училиште, полани. И класот ме покани годинава на матура. Баш се израдував, ми беше задоволство да ги видам.