Реално повеќето луѓе не се за да бидат родители. Зборат како било себично да немаш деца, а далеку посебично е да ги имаш, а да не си способен за нив или да не можеш да им пружиш основни услови, па ни животните не се размножуваат така.
Облакам палто ми е ладно, соблакам палто и седам по кратки ми е таман втф?????? У климакс да не влагам бе
Еден од посмешните профили на тикток - https://www.tiktok.com/@mr.nouar?_t=8cMhaAAyFWA&_r=1 Вака ко ќе видам какви сè будали постојат, сфаќам дека џабе ние се жалиме Балканците се вакви, такви, онакви, кога генерално секаде има блесави, невоспитани, некултурни глупави створења.
Синоќа зоврев, до 1 не можев да заспијам, фрлив и јорганчето, само чаршавот остаив, прозорот цела ноќ отворен . Па уше и со цел памет го исправ јорганот, го распремив, еве сеа се мрзнам ко пи*ка со плус две поларни ќебиња, чорапи и факинг парно. У менопауза ќе идам у дивина негде, да не ме трпат луѓево, кај не можам сама да се трпам.
Канцеларија имам по ново во многу сериозна установа, и три видливи тетоважи. Прилично фантастично си ја работам работата Барем според тие од кои добивам фидбек
@Polyincognito па од сите можни бои уште црни ми фалат црни, (удобни мислам дека е задолжително ама пак да го спомнам), да не се од fast fashion продавници и да можам да пробам затоа што сите калапи им се различни И нешто поевтино затоа што црни ми требаат само за кратко. Малку покомплицирано
@NoirSerpentine Ај ако наидам на нешто по тие критериуми, ќе те тагирам онаму во шопингхоличарката тема
Не ја сфати поентата. Не отворам дискусија за тоа повеќе. Мило ми е за тебе, што повеќе фантастично да си ја работиш работата и уште многу попозитивни фидбеци.
Кога бев дете, основно, средно, моите беа "главните"; фамилијарно фокусот беше ставен на нив, и на мене и брат ми како нивни деца. Потоа, дур бев на факс, цели мои 20-ти, фокусот се префрли на помладите роднини, на моите братучетки. Сега они се на факс, фокусот е ставен на мене, маж ми и ќерка ми. Сега ние сме тие кои организираат собиранки, кои одат на гости, кои се пречекуваат со возбуда. Некако, во 30-тите и 40-тите години во животот како ти да си "лидерот" (не ми текнува подобар збор). Грубо кажано, до 30ка си помлад, допрва местиш темели за повеќето нешта во животот, се чекаат од тебе новости. После 50ка си постар, си прошол низ повеќето нешта што мнозинството проаѓаат во животот, речиси како да не си веќе интересен. Никако не велам дека постарите не се битни, само со тек на времето, факт е дека колку постар е човек, толку помалце му се обрнува внимание. Така да, enjoy it while you can.
Само мене ли ми е безврска што приватниве болници ставаат слики на соц.мрежи од персоналот со тазе родени бебиња, па фрчат лајкови и срценца? Тие од државните болници да го направат тоа ќе ги распнат,ама на овие се восхитуваат. Лицемерие. Што викат бугарите парата прави играта
Se sekavam nekogas na tebe, deka ne znaese da varish kafe, deka obozavas vrnezlivo vreme kako ova shto e momentalno. Zosto mora da sme razdeleni, samo toa ne svativ. Nikogas nema ni da svatam.....zauvek si moj izgubeni raj.... Posveteno
Вечерва сум толку уморна шо ме мрзи да си напрам ноќна рутина. Имам чувство дека ќе се пцујам утре сабајле ко ќе станам како панда. Неќам да станам како панда. Ете мотивација да станам.