Сакам да кажам дека сум под толкав стрес, под толкав притисок целата сум нервозна, све си идеше во нагорна линија и така како што требаше и наеднаш бум се отиде у курац и сите на исто место, имам блиски луѓе ама некако сите со обврски па немаме време баш онака лезетски да се видиме и да си направиме муабет, а толку ми треба да си искажам се шо ми лежи на душа, тешко ми е ама валјда ќе помине. После дождот сонце изгрева.
Не знам за вас, ама мене дефиниција за невозможна мисија е кога при левел на досада over 99999 ќе ти текне да се снимаш со мобилен и притоа да успееш гласот на снимката навистина да личи на твојот...
Што ми личи, што да ти кажам, ко затната зборам , ко ќе се слушнам на снимка, кога ќе снимам со мобилката, на други им е ист гласот како што е снимено, ама ко ќе се слушнам себе, ко да не сум јас Ми се менува гласот некако.
И на другите им се менува, поточно така им се чини. Имено звукот кога излегува од нас ги слушаме и звучните вибрации кои се создаваат во нашите коски. Другите тоа не го слушаат и всушност го слушаат нашиот гглас таков каков што би бил и на снимка.
^Јас кога ке си го слушнам гласот на снимка,ми се оди да се извинам на секоја личност на која сум прозборела.
Што е ваше ке си дојде ! Никогаш не го сватив тоа и мислев дека е еден вид на утеха. -Од многу усти го имам слушнато ова , лично и јас го имам изговорено но онака на празно, тоа беше не проверена да кажам поговорка. -Мислев дека тоа го изговораат оние кои што сакаат само да не утешат кога ке изгуме нешто. Искрено и јас многу луѓе тешев така а незнам зошто. Мислев дека кога ке изгубам нешто тоа е засекогаш, дека повеќе никогаш нема да го имам тоа нешто особено ако се работи за љубов. Тоа и се случи , го загубив единствениот човек кој ме сакаше искрено, кој се трудеше секој ден да ме освои ,кој навистина го ценеше моето присуство, мојата улога во неговиот живот. Не бев свесна дека го изгубив, мислев дека ако ме сака доволно ке ме чека да ми помине се и еден ден кога ке решам да му се вратам ке ме чека. И така беше го загубив...Тој ме чекаше , ме сакаше , ме почитуваше, чекаше да се вратам и доволно ке беше да се извинам , да си ги признаам грешките ...Но не ! Јас бев силна , јака и свемоќна бидејки бев во тие години каде што мислев дека можам се а неможам ништо. Никој следен не беше ни најмалку од него јас за тоа бев свесна. Никој не го ценеше моето присуство во неговиот живот , ниту ме третираше како Жена...Јас тоа се повеќе и повеќе го сваќав но пак не му се враќав да застанам пред него да се извинам како вистински човек и да се покајам за све. Бев заслепена од све околу мене , друштво , излегувања , алхохол , журки...што не сваќав дека он е тој кој го сакам а упорно бегам од него за да не си го признаам тоа. Но ни тоа долго време неможев да го издржам...Се вратив кај него се извинив се покајав и добив шанса. -шанска која беше последна, бидејки ни таа не ја заслужував.Тогаш реков дека ке се борам за ова суштество кое заслужува да биде нај среќно на свет. Маж кој заслужува секогаш да му биде зготвено , средено и куќата полна со љубов.Единствено тоа можев да му го пружам , но после се не верував дека ке стигнеме до таму. Сега за сега едно ми беше јасно , ја сватив онаа реченица ШТО Е ТВОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ !- Само незаев дали и засекогаш ке остане кај мене Но знам дека од мене зависеше дали ке остане или засекогаш ке си отиде.Неговата љубов кон мене не беше сменета се уште ме сакаше како прв ден а јас него повеќе од било кога , бидејки сватив дека цело време јас сум била вљубена во само еден човек ! А тоа беше тој. Мислев дека никогаш порано нема да биде исто помеѓу нас , на моменти дури помислував дека можеби ова е и освета.Од тоа стравував бидејки не сакав да ми се случи тоа што јас му го направив него , кога најмногу ке се вљубав да ме остави без никаква причина- ИДИОТСТА ПОСТАПКА !Да бев вистински идиот. Како времето поминуваше тој се повеќе беше сигурен во мојата љубов како што јас бев сигурна дека и тоа е љубов а не некоја освета. не верував ни во она АКО СЕ САКА СЕ СЕ МОЖЕ но и тоа го осетив на сопствена кога.Со месеци седам сама за една недела со саканиот и тоа е жртва не дека не.Но ете Аако се сака се се може. Велат правата љубов еднаш се случува а јас често се плашев што ако тој беше правиот а јас еден пат го загубив? Дали пак ке имам права љубов ?Дали некој ке ме сака пак како него ? и ДА ! После неколку години .... СЕГА ТОЈ Е МОЈОТ СОПРУГ И СМЕ ПРЕСРЕЌНИ ! и двајцата грешевме ( иако јас ммногу повеќе ) но сетоа тоа го заборавивме и надминавме. Веќе не се ни сеќаваме на тоа. Деновите ги испонуваме со љубов и ако се сетиме на тоа минато само се смееме за глупости. Јас го направив најсреќен маж а тој мене нај среќна жена...Ке го почитубам секогаш , ке го сакам , ке го чувам ) Бев доста храбра за да ја изнесам мојата приказна тука ! Наскоро и деца сакаме и се надевам господ ке ни дари ! и моите деца цел живот ке бидат учени на тоа како ВИСТИНСКА ЉУБОВ ПОСТОИ, И НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОДКАЖУВА ОД ЉУБОВТА
Еве јас за што размислувам моментално. Во последно време, хороскопот воопшто не ми е погоден. Јас секој ден си очекувам да ми се случи нешто убаво како што пишува во хороскоп, ама слабоо... Друго, ништо не сонувам, а тоа ме нервира. Не ми погодува хороскопот, не сонувам за да толкувам што може да се случи И друго, јас сум буквално личноста што на сите им кажува да продолжат со животот, да го остават минатото, дека се ќе се среди, давам позитивни совети, а кога истите совети што ги дадам треба да ги применам кај мене, слабоо...
сДК многу е убаво кога некоја голема балканска звезда има концерт на 5 минути од твојот дом а ти со отворени прозорци можиш да го слушаш и уживаш со нозете на биро!
Сакам на другарка ми да ѝ докажам дека сум си самата виновна за тоа што ми се случи. Епа вака, срцка. Си излегов јас, а не ја вклучив светилката надвор. И така, во темницата не видов каде одам и си паднав. Ништо страшно, Не си ти виновна, во ред? Лав ја.
Зошто се мора да биди толку комплицирано? Зошто мора да сакам некој шо не можам да го имам(можам ама мојте дома го нејќат)
Ја дојдов тука, пошто така од внатре нешто ме тераше да пишам у СДК, па да пишам! А уствари не знам што да пишам. Него онака, сакам да пишам.
Е,ај сега да си признаете сите дека зедовте да се снимате за да видите како им звучите на другите Ја пак се чудев зошто кога ме емитираат зборуваат како измутирана мачка со затнат нос. Од сега ми е срам да прозборам
^^^ Море арно за зборење... Него сеа ги сфаќам тие што мe молеа да прекинам да пеам. Ништо од мојата пеачка кариера. Мноооогу солзи исплакааааааааааааааав. Стопати те проколнааааааааааааааав. Врати ми го пивотоооооооооо. Замарам, нели? Е ако, де. За тоа сум ја тука. Тортуле ми е многу убаво зборче.
Си гледав слики од кога сум била мала, морам да си признаам дека преслатко детуле сум била Пола и повеќе од сликиве не ни знаев дека постојат, случајно во една кутија под кревет ги најдов (она кога чистиш и се и свашта наоѓаш од сите страни ). Ми се навратија толку многу спомени, ми доаѓаше да заплачам во секој момент.