Што знам,мене најтажни ми се оние луѓе кои имаат проблеми со самиот себе...За се друго мислам дека има лек
Неверојатно е колку многу личности има покрај нас кои не прават среќни, но не можеме да го забележиме тоа бидејќи сме опседнати со една личност. По цел ден мислиме на таа личност, ја вклучуваме во сите свои планови и ја ставаме пред себе, а и пред сите други, сите активности ни се сведени на нула, бидејќи од преокупираност со таа личност не можеме нормално да функционираме и не мислиме на ништо друго. Слепи сме за се` друго, за сите други, затворени во себе, избегани од реалноста, живееме во некој си свој филм... И одеднаш таа личност ја снемува од вашиот живот. Не сте свесни што се случува. Не можете да го прифатите тоа. Не можете да се помирите дека таа личност веќе ја нема во вашиот живот и повеќе не е дел од вашето секојдневие во кое дотогаш била нај присутна. Се помирувате со тоа. Во вашиот живот веќе постоеле многу други. Се појавуваат и нови. Ве прават среќни. И тогаш сфаќате дека цело време сте биле слепи и само една личност ви била се` во животот. Целото ваше време сте го посветувале на некој на кој не сте му значеле ништо, и од преголема преокупираност сте заборавиле дека постојат личности со кои би поминале само 5 минути дневно, и кои и за толку кратко време би направиле се` само да ве видат насмеани. Затоа, никогаш не ги заборавајте оние кои цело време се покрај вас, за некој кој денес е тука, а кога е со други ве заборава, ве брише од својот живот како воопшто да не сте постоеле и кој никогаш повеќе нема да биде дел од вашиот живот. Посвете те го своето време на оние кои го заслужуваат тоа.
Рандов вртејќи по каналиве на МТВ го фатив "Notebook".. го имам гледано преку 10 пати и секој пат леам море од солзи што толку ме потресува приказната... некако ми дава сила, моќ да верувам дека вистинската љубов сепак постои и никогаш не треба да се откажуваме за некој што мислиме дека вреди ! Премногу се разнежив вечерва и ви посакувам сите феминки еден ден да ја најдете вистинската љубов .. а за тие што сте ја нашле ви завидувам сакајте се само...
Колку и да е тешко, ќе го поминам и ова. Се ќе биде во ред. Ја имам подршката од семејството, ќе успеам. Ќе се променам, морам да се променам.
Времето надвор ме тера да размислувам за се што се случи овие три месеци што толку брзо поминаа. Некој успеа да не оддели од една личност, а што посигна со тоа ?! Каков ќе биде овај почеток на семестарот ? Зошто луѓето не го сакаат врнежливото време ? Кога ќе имам доволно пари да си ги купам работите што ги сакам ?
Еднаш сакам да излезам со другарка на кафе, а притоа да бидат заобиколени добро познатите трач - муабети, или да биде отворена темата - дечко. Као не знам, постојат триста други кежуал разговори кои може да бидат направени, и пак средбата на крај да кулминира во успешна. Еве, искрено да мора да бирам, боље би одбрала да ми кажува на шопинг како поминала, и се подновила со некакво парталче, отколку горенаведеново. Зошто нејќум површни луѓе бре, ама ич. Сакам длабочина да видам во човека, емпатија, рационалност, мудрост! Не мора интелегенција, пошто таа е релативна, и секој од нас има прилика да ја стекнува дур е жив. Но на горенаведениве, ниту една книга не може да те научи. Ете така, очајно ми се потребни поинакви теми на разговор, за да знам дека постои макар трошка надеж, и не е се заминато во бестрага! Затоа сфаќам дека факултетов и не е толку лоша ствар уствари. Таму бар со колеги се поистоветуваш, бидејќи заедно ги држите кариерните нишки насочени кон целта, кои ги надоградувате со тек на време. Слатко е тоа ривалство, колку и да се чини горко...
Пред некој ден добив една од најважните лекции за животот. Врнеше, а јас читав книга и ми ѕвони телефонот. Чиче! Ме викна да одиме на кафе - јас и тој. Признавам, чувствував нешто помеѓу возбуда и вознемиреност. Колку само години не сме испаднале јас и тој. И отидовме на кафе (нема врска, милкшејк пиевме ). Потоа во саат и пол, ги опфати најдобрите лекции за животот што секогаш ќе ги паметам. *Ме научи што е важно, во овој момент во мојот живот. *Дека ако другарките ми се вистински другарки (во што сум длабоко убедена) ќе ми останат без разлика на се. * Не постои глупаво прашање, постои само глупав одговор. Кога човекот нешто прашува, значи нешто не му е јасно и треба да се разјасни. *Човекот не се цени по облеката - туку по карактер. Секогаш да бидам убаво облечена и средена, ама ќе ме паметат по мојот каракер. *Во нова средина не е можно да не се спријателам со никој. Ќе ми побараат помош - јас тоа не можам да го одбијам. А кога на некој ќе му помогнеш, тоа не ти го заборава. *Во една средина не можат сите да ме сакаат и да ми бидат пријатели - ако тоа е така, значи го прават тоа од корист. *Неодлучноста е генетска особина и секогаш ќе ја имам. *Која одлука и да ја донесам, ако тоа е тоа што го сакам, тоа е правилната одлука. *Не можам секогаш да им угодам на сите. Ако има пет луѓе, ќе им угодам на четири, а петиот ќе бидам јас. Понекогаш треба на прво место да се ставам себе си. *Секој почеток е тежок. Тешко било и кога сум почнала во прво одд, ама сум била многу мала и не се сеќавам. *Тркалото ќе си се сврте. *Да си поставам цел и да ја исполнам. Потоа да си поставувам други цели. *Што и да одлучам и направам, тој ме поддржува. Како и мајка ми и татко ми. Без сомнение, тој е една од највредните личности во мојот живот.
Сношти дечко ми ми вика: Каде сакаш да идеме вечер, мадам? I was like: Тоа е она мини срцев удар што го доживуваш кога си ја имаш мувата на капата ( Првото што си го помислив беше, о туго, да не ми читал постови тука? да не сум го оговарала него? Па после тек почнав да мислам на потенцијални локации... )
Си седам така,поточно стоев,добро шо има врска сега тоа,на балконот.И си мислев како го фрлаат ѓубрето комшиите над мене.Ете на пример нека биди од третиот спрат.Сигурно ќе го земат тоа најлонот,то ест ќесата со џубретина и ќе ја вртат,бртат како боздоган и ќе фрлаат бомби од балконот,погодувајќи го контињерот.Ако удрат некој по глава,арно..ако го погодат контињерот пак арно.Како во онаа серијата луд,збунет,ненормален шо беше.Рефко и Чомбе бацају бомбе.Развиена имагинација имам,а? :geek:
СДК веќе не сум госпоѓица, станав госпоѓа Минатиот викенд ни беше свадбата, за нас двајца најубавиот ден од нашите животи Повелете, редно е да ве почастам
Сакам да ви кажам дека деновиве неможам да престанам да јадам. :geek: Незнам што ми се случува луѓе. Ми се јаде бре. Прва седнувам на маса, последна станувам. Почнав да се осеќам како оние од Топ Шоп, и тоа не е се! Епа не е, уште собира стомакот за јадење.
Разговорите со најблиските навистина можат да помогнат, каков и да е проблемот. Со што и да се соочувам од сега, па понатаму, ќе разговарам. Само со разговор можам да решам некој проблем. Досега, постојано кога и да имав некој проблем, се затворав во себе, не сакав да комуницирам, не правев ништо со што проблемот би заминал побрзо. Повеќе нема да биде така, го знам тоа.