Apparently, во Македонија највеќе се исплати да бидеш молер или шофер на камион со бугарски пасош. Над 90% од огласиве по интернет се за тоа. Останатите 10% или се господа што финансираат студентки (и тука се бара физичка работа де, што?), бараат бебиситерки за Англија/Белгија/Германија (и тие со бугарски пасош), или се лица очајни за реферал што ќе им донесе $0,01 од клик. Трчи-л'жи, у превод. Кога ќе го видам па и нивото на писменост и способност за изразување кај т.н. шефови, ми иде да дувам и да бегам. Г'з преку глава. Чиниш првачиња привлекуваат да купат сладолед. Цитирам некои: -Ние повеќе нема да работиме за друг и за БЕДНА ПЛАТА! (На 15ти септември... ) -Дали сте сериозна личност што го почитува Своето време? -Сакате дополнителна заработка преку Интернет? :geek: -Веќе работите, а немате Резултати? -Сакате да работите, а незнаете како? Не знаете како бе... Teach me, master. Рандомизација на големи букви lvl: не разумем ни сам И онака, го замислувам кажаново со ехо ко на ромска свадба - немате резултати-ти-ти... Или па овие што се специфични: sebara sankerka od 20-27 godini so ili bes rabotno iskustvo za rabota vo kafic. zainteresiranite neka pratat biografija so slika na menager*****@*****.com Што ќе ти е биографија бе, златен? А и кој да ми ја напише? „Родена на хх.хх.хххх, со три вонбрачни деца, склоност кон халуцинации и клептоманија. Во слободно време ужива да биде придружничка на својата слаба точка - menageri na kafici.“ Чиниш министерка ќе те прави, сачувај Боже. Шо ги е*ам, ќе се јавам за певаљка во група „Бенд“. G-gjica Bend (oficijalen popolnet profil) Works at(!) pevacica (grupa Bend). Колку кул за на CV. Журим, смртници. Острелија чека. Македонијо моја, сонцево и на роденден ти се крие. Фак. Секогаш почнувам со две реченици во глава, а разврзам цел научен труд сосе корици.
Она кога место да спремаш испит, гуглаш како поефективно да учиш за пократко време, која музика да си ја пуштиш у позадина да ти свири, со каков маркер да обележуваш за побрзо да запамтиш.. Дали е до времево, дали е до досадниов материјал за учење... не знам. Ама дека дефинитивно не ми се учи денес, тоа знам
Овој мрза ден, се' почесто ми доаѓа на гости. Но, јас како добра домаќинка, многу сум гостопримлива. Пу, пу, да ме серат кокошите. И така сега си се дружиме сега заедно. Ни кафе не ми бара да му варам, многу е срцка. Само многу сака да крка. Се' ми искрка низ дома и сака уште. А нема. Во дневна креветите се наместени у „ге“. И цел ден сум распослана на нив. Пола на едниот, пола на другиот. Океј, поише од пола е, али не е тоа тема на муабет, колку кревети фаќам. Него ме нервираат моиве... цело време ми викаат да се поттргнам, за да седнеле. А знаете што ми е убаво вака? Уфф, би можела да терам до 101 и назад. Само да има уште нешто за кркање. У моментов ни боранија не би одбила. (Не дека сум ја пробала, ама чувстувам одбивност кон неа) Па и овоа прекривчиве... само се с'мкнуваат. Аман више. Оти не се самолепливи? Па не ги местам, шо ми е гајле. Можеби ќе треба да ги слушам моиве, дека на ништо не личи, ама ќе ги стаам на мјут, па ич нема да ми чуе. И лаптопов се напунил, ама нема кој да стане, да го извади од штекер. Е ако де, од вишка глава не боли.
Ќе ја сакаш, ќе ја чуваш ко' бисерче, ќе дадеш и душа и срце и разум за неа и на крај оп цуп ќе си се омажи за некој со малце појќе пари... Па после сето ова уште од дамнешни времиња се преточува во фолк жалопојки - "Јас ја сакав а друг ми ја зеде" и обавезно има дел - "Ах мајко што сум волку несреќен"... Не бе друже, не ја мешај мајка ти, пеј и на мајка и што така ја (не)воспитала!
Знаете што???????? Преку к*р ми е од ликови без достоинство. Не ми требаш бе! Кој те е*е ама од тебе не заслужив БЕ ама ич.И така натаму животот продолжува без нервози.
Нека ни е честит и вековит 8ми септември.Ова е еден од најубавите денови во македонската историја . Исто така на денешен ден пред 3 години,јас сум се зачленила на форумов Па денес го славам мојот 3ти роденден дружејќи се со вас.
1. Ја обожавам есента. Омилена ми е. Ги сакам свежите утра додека одам до работа и ситниот дожд кога се враќам. Нови почетоци напишани на лист хартија, кои треба да се реализираат. 2. Се вратија ли сите сиромаси од Грција, Бугарија, брод во Београду и јахта во Будва, касно вечерва за да и честитаат роденден на државата? Или уште се скопјани, бугарчиња, још воле Југославија? 3. Ако сиромаштија е да одиш 2 пати годишно на одмор, редовно на море на секој продолжен викенд, да одиш 2 пати месечно на фризер и козметичар, да имаш ајфон...што е богатство? 4. Поубав ли им е животот на оние кои за се викаат дека некој друг им е крив за нивните неуспеси? 5. Секоја паметна девојка која сама заработува за живот, без да чека од свекрвата и маж и да ја издржува и има успешна кариера е нарекувана курва, партиски лижач и слично. Ок, кога маж го кажува ова. Ама кога жена го кажува ова е одвратно. 6. Нередовниот секс е извор на многу фрустрации. Ова посебно за мразачите по ФБ коментари, а уште повеке за твитер младината, богатите синчиња на комунизмот кои вообичаено се дебили или импотентни, неспособни да видат подалеку од сопствениот нос, или сопствениот к*р. Затоа мразат се. Оти далечно им е чувството на оргазам и чувството на се е совршено после тоа. Оти платените курви кои се единствените шанси за некаков сексуален живот не им ја полнат душата, издупчена со киселини од омраза. 7. Тажно е кога жена ке рече за друга - дебела крава, се шиша ко машко, цицка нема, глупа плавуша, се е*е со шефот за плата, а уште потажно кога маж ке го каже ова, и по 20 години ќерка му станува професионална курва, а он вика, срце на тато, колку е паметна. 8. За ова сакам да се повторам - се додека девојките ке купуваат гаќи место книги, ке имаме глупа младина. Се додека момците немаат доволно мадиња да им пријдат на девојките, немаат право да кажат дека се посилниот пол. 9. Колку време во просек трошите дневно за шминка, козметика, мачкање, чешлање, галење, ставање малтер, и колку време во просек се надградувате интелектуално? 10. На човек не можеш со сила да му дадеш. Колку и да сакаш да нема глупави и прости луѓе и да им помогнеш, не можеш. На крајот ке си речеш, па ао нема глупави, како ке се истакнат паметните? Колку повеке глупави, толку повеќе можност да одиш понапред. 11. Секој ја гледа својата среќа различно. Некоја сака маж и деца, свекрва која ке и ги чува и свекор кој ке им ја дава пензијата. За таа жена радост е кога пензијата ке легне на први. Некоја е среќна со маж и едно дете, кое сама ке го воспитува. За некоја среќа е еден маж, без деца, и да го шета цел свет место секоја година да пече газ у Грчка со јатрвата, золвата и патлиџаните од дома. За некоја среќа е да има девојка и заедно да создаваат уметност. Некому среќа му е да се замара со животот на другиве, оти нема сопствен живот со кој ке се замара. Или му е толку ужасен што не сака да се замара, па се храни со туѓата несрека. Свршува на збунетиот одговор на некоја девојка која не знае како да не каже дека само што имала спонтан и затоа уште 6 месеци нема да остане бремена. 12. Немање мадиња е исто така и ставење статуси и слики на ФБ и слично социјални мрежи и форуми, со мразам лицемерни луѓе, ке ми дојдеш у раце и нема другарство на светов. Ако си се скарала со другарка ти оти се плеснала со твојот симпатија, јави и се и кажи и. Што го тупиш цел ФБ со твоите неуспешни сексови и врски и другарства? Не ми е гајле за тоа. Доволно ми се 12 мисли за овој саат? Е сега замислете како ми е 24 саати, а особено кога не е празник и сум на работа, на кафе, шопинг, кога чистам и перам, и кога не можам да заспијам. Тогаш имам над 50 размисли во саат. Требаше да се родам глупа, така ке мислев само што ручек да направам денеска и дали комшиката има швалер.
Едно мало ангелче штотуку се докажа себеси. Секој ден се докажува сѐ повеќе всушност. Да си до поголемата сестра кога таа е во болки, е огромен предизвик за детенце. Но, не и за брат ми. Секогаш е овде да ме гушне, да ми помогне и да ми каже:"" Те сакам дадичке" токму кога ми треба. Го обожавам.
Никогаш не жали му се на господ како ти е тежок товарот што го носиш туку замоли го да ти ги направи посилни рамениците на кои го носиш тој товар...
Мириса на есен, на ајвар, печени пиперки и патлиџани.Ќумбиња во сите дворови, раздрагани лица на комшии, колку и да се инаетам сепак мирисот на есента го обожувам. Ама не се сакам себеси, зошто попуштам во се па макар и на глава да ми се качат.
Колку порано се запознаете себе,толку помал број на луѓе ќе разочарате.И себе поретко ќе се доведувате до лудило.Јас,на пример во реалноста сум срамежлива,пресериозна,досадна и напорна.Мојот смисол за хумор е по малку чуден,а интелигенцијава некогаш опасно се приближува до 0.Како таков склоп не сум премногу дружељубива и затворена спрема нови познатства.Значи затворена во некој внатрешен свет.Не мислам дека е повреден и поголем од оној внатрешниот,ама е безбеден.Суров сигурно не е.Иако има многу спомени убави,спомени кои болат,мисли кои не се секогаш убави,најдраг ми е зашто нема натпреварувачи ни противници,не морам со никого да се борам и никому да се докажувам.Знам за она правило кое вели дека човек вреди онолку колку што има пријатели.Можеби јас баш и ништо не вредам,зашто моите пријателства остареа и се смалија од искушувањата на животот,или завршија со недоразбирања и прекини. Пријателката се врати од посета на манастирот Св.Василиј Острошки.Ми донесе чорапи,бројаница,крвче, темјан и осветена вода.Поубав подарок не сум добила.Кога го зедов подарокот ме облеа необјаснива топлина.Не знам дали е од нејзиното внимание или тој има некоја моќ.И не е важно.
А бе ми се чини или сезоната за ајвар е порано отворена? Досадно ми е бе, не ми замерувајте. До сега јадев квики, ама ги изедов сите рипчиња, само переците ми останаа. Не ги сакам нив. Дали пред некое време прочитав дека при удирање со глава во ѕид, се губат калории? Сакам да пробам. Па у ствари и не мора да ми кажете дали е вистина. Ја и така и така ќе се видам во огледало, колку сум ослабела. Макар што сè изедов по дома. И во што е поефективно? Врата, ѕид, плочки, прозор или тапет?