Притисокот е преголем. Не можам да го издржам пак одново. Ме боли што и после толку време не сум сфатена, разбрана и почитувана. Си дозволува да ми каже работи без да се грижи дали ќе ми ги повреди чувствата, а јас наивна пазам на секој збор, да не навредам, повредам или предизвикам проблем...
Да бе, знам големите работници. Кој не работел со нив у фирма, мисли бубрези јадеме. Ја и коа не работам, пак работам поише од нив, маме да си ебам. Бетер од нив, се само турците, уше поточно турчинкине. Иначе ова е јака заебанција со големи фирми шо не моеш по емаил да ги контактираш, кријат емаил ко змијата нозете. Ако друг пут ти треба, гуглај пример amazon email kundenservice, и у втор трет ред ќе ти излезе.
Бре, бре, бре... Добив известување дека 5 години сум членка. На некои сум им ок, на други не (и не ми е гајле, нека пукнат ). Јас најдобро си знам каква сум и си се свиѓам. Како лета времето, бе?
Не знам дали ќе ми смени. Имам блиски такви па и мене ме кочат, ме ограничуваат со нивната пасивност. Јас предлагам сешто а нив се' ги мрзи. Не пишав за нешто лошо, туку озбилно, зад таква неволност мора да стои нешто, не е од ништо тоа. Психологија стои зад тоа.
Ама мене зборот не ми беше да имаш многу другари и ради реда да се дружиш,туку дека некои луѓе воопшто не сакаат да запознаваат нови луѓе ,нели за да видиш дали некој ти одговара да се дружиш со него треба да го запознаеш.Велам да бидат послободни во социјализирање...
Сите сме различни луѓе некогаш и околностите случките во животот ти влијаат. Некои луѓе се по затворени, тешко остваруваат комуникација има и причина за тоа и карактерно се смениле станале позатворени, тоа е на некој начин и штит.
Јас како цел живот што сум сингл и секое излегување со машко завршуваше фатално, јас разочарана па повредена минимум две недели од дома да не излегувам…. Потоа доолго ама баш долго време сама, никој не ми се пушта, пишува и дури не ги препознавав знаците што некој ми ги дава кога му се допаѓам, цело време ми давал знаци значи ама јас глупава.. сега сум свесна за се, иако не знаам баш јас да се пуштам ќе пробам да бидам поопуштена и да се потрудам да вратам исто… помош девојки јас си сум баш тапа за пуштање со машки, мислам побрзо ќе ги избркам од мене наместо да се зближам
Можно е луѓето да имаат попаметна работа во животот од дремење со луѓе што не ги знаеш или па со големи групи на луѓе од кои реално не може сите да ти се другари, некои си ја ценат приватноста, некои едноставно немаат време
Никогаш не сум била некој си патриот и све тоа. И знам дека и денес државава ни е во хаос. Ама малце онака треба срам да ви е ако додека седите на компјутер лабаво во дневна, грицкате сончоглед и пиете кафе и можете комотно да изедете некое лајно за политичариве на фејсбук, да се расфрлате со поими како фашизам и фашисти. Бидете среќни што не сте виделе actual фашизам
Можеби немате исти интереси и вкус? Звучи као да е време да си најдеш други пријатели. Јас па не можам да сфатам на 20 години провод да ти е биртија со шприцер, помфрит и шабанарија cover пецаљка, или дремење со кола паркирана во темно ќоше со пиво и грицки. Ае некогаш може и ќе сфатам, ама секогаш?!
Па мислам дека поентата ти е сфатена. Ме нервира и мене кога ќе предложам нови работи и другата страна е константно "ќе видиме, не знам, ајде ќе се договориме...". Или немате исти интереси, или сакаат да те откачат, или се работи за финансии, или едноставно не им се прави ништо ново. А и депресија и немање волја е реално иако може да не изгледа така од страна.
Доцна синоќа направив една важна и голема одлука. Не знам дали е исправна. Го молам Бога да ми даде сила да ги издржам последиците... За мое добро е знам
Имав денес нешто работа да средам до едно место надвор од град. Додека ми завршуваа работа, отидов до локалниот маркет да земам сок, да се освежиме. На касата беше еден дечко што одевме во иста средна, и го немав видено од тогаш. Се поздравивме, свртевме два реда муабет. Ме праша дали сум женет (знаеш дека си стар кога ова те прашуваат). Не бил ниту он. Тогаш беше многу популарен. Висок, добра фигура, активен спортист, плави очи, беше физички над сите тинејџери. Денес, се променил, качил килажа доста, проќелавел... изгледа 10 години постар од што стварно е. Не знам што му се случило за таква промена, но, битно е да е жив и здрав. Тогаш, се сеќавам дека немаше женско што не сакаше да биде со него, а овој немаше некоја што ја одбиваше. Заврши во врска со моја другарка која беше многу симпатична, ама мирна, и повлечена. Колку само плачеше поради него пошто на овој не му беше гајле и си одеше со други. Емотивно ја трошеше до максимум. Не знам и сам колку пати ми се жалела и сум ја советувал да раскинат. После 5 години психичка тортура, дури таму на факултет конечно се освести и го остави, го избриша буквално од живот. Денес, она е меѓу најуспешните жени што ги знам. Нема некој лошо мислење за неа, сите зборат со восхитување. Се омажи за добар човек, и грижлив татко, бар по тоа малку време што сме се виделе, таков впечаток ми има оставено. Доволно е да ја видам неа како блеска, и се е јасно. Да останеше со овој, не верувам дека денес ќе беше таму каде што е. Најблиску до цветот, е тревата штеточничка, испреплетена околу него, не му дава да диши. Пресечи ја, и ќе почне да цвета. Исто е и со луѓето.