Не можеш за основни работи да функционираш, иначе јави се во електродистрибуција и прашај ги имат такви броеви, кај мене има зависи кој дел на Скопје некоја или некои општини немаат.
Населбава нема нигде ко шо глеам, ќе се јавам секако ама сигурно ќе се правдаат, дефект ова она и којзнае коа ќе дојде.
Барем ќе заеш уште колку саати ќе нема струја. Да има дефект разбирливо е се случил дефект само треба брзо да се санира за да не трпат луѓето последици зависи и дали е пријавен, ама може и да им кажуваат да им појавува, можеби го санираат дефектот.
Коа ќе дојдам у Македонија, ќе го напунам цел фрижидер со сите можни сладоледи, а прво шо ќе изедам е кило сладолед од смоква, од еднаш. И после уше бизнис план да направам да увезам Балкански сладолед у Немачка, и збогум сиромаштијо.
Е јас прво шо ќе напраам кога ќе идам е ќе ја најдам најблиската бурекчилница и ќе си зеам пола пита бурек со сирење и пола со месо и еден голем бучен козјак јогурт. А второ ќе си седнам во некој кафич и ќе си нарачам едно ладно нес кафе со многу лед. Јебало ме странство.
Жими све ако нешто сакам за Македонија и Балканов е што имаме убава храна за мерак, било со наше или туѓо потекло Мусака, гулаш, полнети пиперки, ќебапи, сарми, чварки, пити, ѓомлезе, гиро, или турсконо лахмаџун, пастрмајлии, од благото еклери, тулумби, кадаиф, слатко
Кебапчиња ммммм, до скоро имаше тука една пицерија и луѓето беа наши и на нас ни правеа кебапчиња со кромид и печено лепче , па кој баксуз сум два пати влегов и одма го затворија.
Е како бе немате барем нешо ситно...Милион посто има, гуглајте. Тука по турски и грчки ресторани има 90 посто од храната, дури иаме и македонски ресторан, селско, гравче, пинџур, помфрит со сирење, раванија, али ништо на жар. Има едно ко трафиче, исто ко кај Жабарот, ќебапчиња какви има, со кајмак и ајвар, па па па... Дури и еден албанец има мутено нес, ја бев вџашена. И буреци, турско кафе има. Али баничка со зденка и маслинка нема, нема Ројал, нема уштипци, џигер у зејтин, СЛАДОЛЕД, Швепс у лименка увек ладен, нема кафана да се остаиш со ракија у Скопското и цефка...
На темава, друга работа што никогаш не ја разбирам е што луѓе е диват на Старбакс и Мекдоналдс. Па идат у странство и уау, биле во Мекдоналдс. Шокур им се толку посебни сендвичите, не разбрав и нема да разберам. Па сироти ние Мекдоналдс оти сме немале. Бабска пита и мусака увек ќе изберам пред тракатанците од Мекдоналдс. Преценети до немај каде. А и тука во кафана сум јадела болје сендвичи со ќебапи.
Само за чалам и курч пред други, ете сме биле странција, сме лапале у Мекдоналдс, јаката работа нема шо. Мислам дека за повеќето ова важи, е сеа има може луѓе шо стварно им е омилено и едвај чекаат пак да пробаат иако и Бургер кинг е исти курац друго пакување..
Не само чаламот него ете тие што биле Мекдоналдс знаеле што е убава храна, ние тука сироти на грав сме живееле. Абе ај