Сега баш кога бев во Рајчица беше на поседок една жена што си имаше мака,не поради дрога или алкохол туку поради психички проблеми,ја прашав дали разговарала со некој отец ми кажа не,само и наредуваа да мие садови,да чисти,јас знам колешката ми кажуваше за син и пред да оди незнам колку пати се јавувал и му викале нема место,треба упорност и тие што се лекуваат таму од дрога и алкохол знам работат таму кој во кујна е задолжен кој да чисти,им даваат работа за да не мислат на пороци,ама на гостин да му наредат нешто ,еве јас седев на клупата нешто лошо ми беше и децата ги пазев,10 сестри ми викаа да одам на служба,отидов саат време седев во црквата и излегов надвор ми се слоши од топлото и повеќе народ,една сестра излезе по мене и ми вика службата уште не е завршена,незнам дали само јас имам некој чуден впечаток од нив,во бигорски монасите се многу гостопримливи .
Пробувам да заспијам зашто е премногу топло и немам што да правам,и сега не можам да заспијам од што е топло
Некогаш со телефони идеа во пакет и полнач и слушалки. Па нема слушалки Па нема полнач. Па нема и двете и плус нема џек за слушалки па мораш блутут да земеш што се поскапи. Во меѓувреме уште немаат сите телефони ист тип на usb за полнење па ако е поразличен од стариот, ќе купиш нов. Па следно гарант купуваш само изваден екран за 500 евра, остатокот од телефонот го доплаќаш. Па после само кутијата без телефон. И тако даље...
Прочитав никој не се пријавил за служење доброволен воен рок. Епа така е тоа кога на сопствениот народ маваш, со одредени постапки пробуваш да го уништиш во индивидуалниот развој поради лош систем и лошите политичари па станавме аполитични. Си го бркате сопствениот народ. Се е тоа една политика, се кладам дека еден куршум да пукне што не би сакал, повеќето што се во Арм и Полиција со исклучок ќе избегаа ќе биде исто како 2001. Освен специјаните единици и некои одреди за нив сум сигурен дека ќе се борат, сега мислам за обичните војници и полицајци. Или тогаш ќе молите или тие луѓе што сакаат да ја брнат Македонија ги нема. Мислам на обучени луѓе со квалификации и доброволци. И ќе биде истот како после 2001 ќе ги гоните бранителите нема да ги почитувате се знае. Познавам луѓе кој животот највредното би го дале некогаш за оваа земја, но сега не, меѓу кој и јас, што бевме против овој систем против Вмро Сдсм и други партии само сакавме да биде оваа земја средена бевме следени, а сега никогаш не би сакал политичка активација и не би се борел ни за некоја друга земја во која би живеел, има многу поубави работи во живото и по важни од тоа, и животот е преубав да си го дадам. Сфатив штп е политиката. Убаво кажуваат некогаш што човек може сам да си направи никој не може.
Добро бе, вие со дечковци (па и мажи) нарциси и себичњаци, што ви се врти во глава за да сакате да сте со нив? Што ве привлекува, каква љубов добивате, толку не гледате дека добивате трошки и дека ставаат сѐ на ваш терет?
На жештиниве многу сакам да си дојдам дома, да си легнам и да гледам репризи на нет од Бандини. Најмногу ме релаксира после тежок ден.
Ако ја најдеш некаде на интернет, пушти линк. Сериозна сум. Одамна ја немам видено, еднаш ја имаше на Јутјуб ама не цела
Зашто луѓето запишуваат медицински факултет и имаат желба да станат доктори? Генерално. Некоја моја анализа од лично искуство. Во проценти. 1) Сакаат да помагаат на луѓето, веруваат во Хипократова заклетва, ги интересира наука (5 проценти) 2) Веруваат дека медицината е добро платена професија и ќе им донесе подобар живот во материјална смисла ( 25 проценти) 3) Сакаат да фураат статус на божество, да лечат лични комплекси и фрустрации, доживуваат ментална ерекција кога некоја надвор од болница ќе им се обрати со “докторе/ке“ (70 проценти) Сакам во иднина да направам и некоја моја анализа од лично искуство за тие што запишуваат ФИНКИ и ФЕИТ.
Јас дома седев и размислував што да правам со животот и решив дека годинава ќе се кандидирам за Феминка на годината. Мислам дела тоа ќе ми ги реши сите животни проблеми. Сега само ми треба добра кампања и менаџер, затоа пред време се фаќам со работа и примам апликации у ЛП.
Што треба да се одговори на муабети од типот: Женската (сега бивша) , ми се налути оти се враќав од одмор со 3 девојки..... -Као, wooow што фраер си ти?! Ако ego boost ви е да ја озборувате бившата пред колегите и другарите, дали сте сигурни дека имате висока или ниска самодоверба?