СДК да имавме затвори како оние во Шведска, моментално ќе ме читавте како сум направила неколкукратно убиство
Во ждм пишала барала девојки за работа од дома, информации во инбокс. Па пиши во објавата кога више си постирила мме. Или ќе објават оглас се бара пример медицинска сестра или девојче за бутик негдекаси, исто информации инбокс. Ае важи ќе те бркаме сеа 50 души да ни одговориш на сите
Што е со свирење на аларм толку често во продавница во мол? Значи ми свири на ташна у која носам новчаник, телефон и кармин. Прееска у Ваикики ми звона на влегување а само шо дојдов у мол. Мислам глупаво е, плус обезбедување мора да ми ровари во моја ташна, ко најголем крадец се осеќам.
Зошто мажите до 24 / 25 години не знаат да се допишуваат? Освен SP и KS знаат ли воопшто нешто друго на напишат, а камоли муабетот они да го водат и иницираат... Кога ќе научат? И зошто никогаш?
Тие што се 20+ и што уште кукаат како не им иде во животот дремат пред тв и телефон и чекаат од мама и тато, имам совет за вас ... омажете се / оженет се што побрзо ама со некој побогат/ побогата за да може да живеете на туѓ грб до крајот на животот . . . паразити сте
24, 25 години треба на старост да не асоцира? Луѓе што прават тапа муабети ги имаш од сите возрасти. Не си налетала на фин дечко. Можеби само такви привлекуваш, па до тебе е. Да ги ставиш сите мажи од 25 во ист кош, нелогично е.
Не, јас тоа би го рекла незрелост... Баш салам муабет може да падне со 25 +, ама испод тешко, ретко... Не е до мене, општо (скоро) сите се жалат на тоа
Добив покачување на плата, минатиот месец и сега овој пак. Дури ми е чудно. Некако повеќе мотивација имам штом парите растат. Ете чисто да не се демотивирате, да имате трпение, некогаш и во Македонија не е толку црно, само треба да се помачиш, вложиш и треба време.
Нема логика ова што го збориш. Не значи ако си запознала еден, двајца од 25 години што не ги бива за муабет, дека треба и останатите да ги ставиш во ист кош. Мислењево делува како од ракав фрлено, само колку да се пише нешто во темава.
Затоа што не ти е деактивиран алармот у ташната, новчаникот или чевлите. Оди кај си ги купила да ти ги деактивираат.
Не, само разгледував, не купив ништо. И да купам, на каса ги вадат алармите, не е со деактивација. Така да не знам зошто свират кога немам ништо у ташна. Еден од обезбедување ми кажа дека е ради батеријата на телефонот, ама не ми е за верување.
Откако се повлеков и почнав повеќе да гледам за себе. Сфатив дека многу "другарки" , не ми ни биле вусшност другарки. Кога почнав да се повлекувам сфатив и дека воопшто не им било грижа за мене.
Знам дека не си купила, за тие што ги користиш зборам. Имаат и внатрешен сошиен аларм на многу места.