Не, не. Славица што не бришела кваки со ракија е крива. Или тој што му текнало да крши нога сред пандемија, не можел да почека барем да помине малце. И сите остали Славици и Светлани што со месеци кажуваа какви се условите во ковид центрите ама сѐ беше "компликација". Али карма треба и за тие што не веруваа и вртеа глава на "не почина од ковид". Сурово, ама тоа е.
Карма ќе ги сигне и тоа таму кај шо највише боли ама до тогаш уште што не ќе напраат и уште колку невини ќе настрадаат... Абе како не можеше тоа скапано Нато да ги бомбардира ваквите со све нив заедно па конечно раат да сме сите, онака по грешка да им се сотре векот, монструми. Овие се демони во човечки облик.
Дајте бе средете си ги границите. Не ви се ни партнерите, ни децата, ни пријателите тука за да ви потполнуваат лични празнини и неисполнетост, па да им се закачувате ко пијавици. Друга им е намената, не, озбилно. Колку ли само односи се базирани на козависност. Брате, личен простор и граници, градење карактер, хобија, интереси, google it. Гед а лајф прво, озбилно, потоа се друго.
Мое лично мислење и став е дека сите млади луѓе ( со исклучок на оние кои навистина поради оправдани причини не можат да го направат тоа) треба да се одделат од родителите и да започнат да живеат самостојно. Премногу луѓе среќавам кои немаат реална претстава за тоа колку пари се потребни да оддржуваш едно домаќинство, да плаќаш сметки, да орагнизираш одмор, да имаш пари за непредвидени трошоци во домот и сл. Многу луѓе живеат живот во теорија и замисла како би сакале животот да им изгледа, а многу малку прават за таа теорија и замисла да стане реалност. И тоа се должи на тоа што живеат дома со нивните, не плаќаат сметки и немаат чуство за одговорност која треба да ги води низ животот. За истово не се тие виновни, вината ја гледам само во родителите и во тоа колку не ги оставаат “децата” да прераснат во одговорни индивидуи кои треба да гледаат сопствена фамилија. Супер е да се има поддршка од родителите ама не и целодна издршка (не сум сигурна дали овој збор воопшто постои), од нивна страна кога веќе е работноспосбна личност која може да придонесува во домот доколку веќе не живее сама. Воспитувајте си ги децата, посебно синовите да знаат да си испеглат една ебена кошула, да знае да си направи јадење и да знае што и како треба да се испазарува за дома. Научете ги колку пари се потребни за да се оддржува домот, научете ги на одговорност. Помошта од родители е секогаш добредојдена, но во повеќето случаи не е толку неопходна. Не правете дебили од сопствените деца, посебно од синовите!!
Значи најголемата грешка на родителството, а ќе поминам и преку ставање шеќер во Кока Кола ама низ овие неодговотности на деца (што не се одамна деца) мамичка пеглање, мамичка ручек, мамичка и гаќи купува. НЕ МОЖАМ
А што ќе кажеме за тие кои и покрај тоа што заработуваат, значи работат, ок плата, во брак се и нормално си имаат свое домаќинство, а пак маме и тате им подмируваат трошоци за сметки, комуналии, им пунат фрижидер, им чуваат деца 24/7, мајките им готват, чистат, перат...? Ги цицаат и искористуваат до максимум, а господата си уживаат и шетаат ама демек се самостојни, дека нели не живеат со родителите и заработуваат самите. Е овие ми се уште пострашни и поголеми паразити од тие што ги спомнавте. А ги има и машки и женски, нема врска полот. Не знам дали родители им се или слуги, и како може да ги трпат уопште, коа не зависат они од нив, него обратно. Па не родител, свети родител нека е, што е премногу, премногу е. Баш познавам вакви примероци и им се чудам на паметот.
Епа порано раѓале деца да се побројни да работат по нивите, а сега овие денешниве што ги опишавте се производ на тие што работеле во нивите хаха
Ехеее колку вакви знам, и децата им се пораснати и уште бабите им мислат за јадење, само незнам, сите вакви што ги знам родителите им помагаат на ќерките, не и на синовите, барем во моја околина е така, секако има исклучоци, си одат на одмор без деца, им ги оставаат на бабите да ги чуваат. Им прават ручеци, зимници и што ли уште не. Како така ќерето да се уморува. Ама важно се самостојни, одделени од родителите, a тоа што им плаќаат сметки и им полнат фрижидер не е важно.
Тоа се луѓе што се опседнати со децата, што не се занимаваат со ништо друго во животот, не ги интересира за себе, за хоби, за забава. Понекогаш и таквите родители ги гушат децата затоа што не им даваат слобода, зависни се од нив до степен што се мешаат во сѐ. Има такви што помагаат, прават сѐ што сакаат децата, ама и такви што сакаат да бидат дел од сѐ, мислат дека ако нивниот живот се врти околу децата дека и животот на децата треба да се врти околу нивниот
Па не се сите такви, баш има и луѓе што и работат уште(бабите и дедовците) си имаат обврски свои, а децата самите им се наметнуваат, демек ај дојди, ми треба помош, дали околу чистење, готвење или чување внуци и тоа секојдневно е, а овие одма со трчаница им идат. Убаво е поддршка да се има од родителите ама ова веќе ми е искористување. А никој не е крив освен родителите кои им дозволиле, они ги имат научено, им дале слобода па сега нека ги малтретираат. Како да не си се ценат себе си, своите потреби и своето време, само робувај му на детето ама лоша услуга им праат, утре коа ќе ги нема еден ден, како ли ќе се снаоѓаат децата сами? Иронијата е што ваквиве особи за тебе мрчат дека не си независен и самостоен и дека треба малку да созрееш и поодговорна личност да станеш.
ПРЕД ДА МУ КАЖЕШ „ДА“ Пред да му кажеш „да“, налути го Види го каков е кога е уплашен Кога бара нешто Кога не добива тоа што сака Кога е болен Стресот ги менува луѓето, мила. Дознај дали пие Опијани го, во секој случај Така ќе дознаеш што мисли кога е трезен. Откриј на што е слаб Од што е зависен Дали тебе ти дава предност Што или кој му е на прво место Така ќе знаеш што нема да се поправи кога ќе бидете заедно. Види го каков е кога нема пари Но, отвори четири очи кога има Мажите го менуваат карактерот кога ќе се збогатат, на полошо. Ако те нервира како се однесува сега Ќе те нервира сто пати повеќе после 5, 10 или 20 години заеднички живот. Можеби сега го сакаш со секој свој дамар Можеби веруваш дека судбината одредила кој ќе влезе во твојот живот Но, ако падне на тестот, не заборавај дека ти одлучуваш кој ќе остане. За гладното срце секој отпадок е храна Но, некои луѓе, мила Едноставно не се за тебе. Виолета С. Марсол (Сите права се задржани)
@tirkenbal со своето мислење тригерна убава дискусија, можеби треба да се премести во темата за адолесцентска (младинска) психологија
Си ја уништуваат својата и енергија и на децата. Ок е малку со деца но премногу создава лоша енергија кај сите.
Не можам да кажам доволно колку ова има преголема вистина. За секој млад човек и те како е потребно да поживее самостоен живот подалеку од родителите. Макар како студент, ако не потоа за работа. Макар со цимери, ако нема услови за сосема сам. Ама те гради како личност, стекнуваш нови (корисни) вештини, нови навики, решаваш проблеми сам, се снаоѓаш. Нормално, не зборувам за ситуации каде родителите целосно помагаат и издржуваат од далеку, туку каде целосно или во најголем дел сам се снаоѓаш. Ова мислам и дека е многу важно пред да почниш да живееш со партнер. Character development на едно сосема друго ниво. Повеќе од година помина откако сама живеам, со малку финансиска помош од родителите покрај платата (бидејќи тие сакаат, и сосема разбирам да сакаш на свое дете да му помогниш, и јас би го направила истото за мое дете) и мислам дека се преобразив во друг човек што сега сум спремна и на други нивоа надвор од комфор зона да одам што ми беа незамисливи пред тоа.
Македонските родители многу им се мешаат во животот на децата. Тоа не е ок. И старите и новите генерации го прават истото за жал. Материјални удобности и формално образование се преценети и многу помалку битни од што мислат речиси сите луѓе во Македонија тоа го научив во мојот живот.
Во принцип гледам да не солам памет никому, океј, знам и совет да дадам и да ислушам кога треба.... Ама кога ќе ми се запнат со солење памет, со давање совет неповикани, ми доаѓа да им ја акнам или нив главата од ѕид, или мојата да си ја акнам што внимателно слушам и климам со глава