Сдк ама незнам дали е ова оравилното место, во моментот не сум во состојбба за здраво размислување , се тресам од страв. Чистев во кујната и пред нозете ми претрча еден огромен црвен пајак, ама огромен , луѓе пиштев на цел глас се стресов , почнав да плачам како да ме колат и уште плачам и се тресам, од страв и ми се вкочани левото стапало еве веќе 40 мин плачам уште и уште ми е вкочането и ме боли. Му се јавив на мм да доаѓа одма од работа, многу ми е страв незнам шо да праам , си ја гребам кожата и косата си ја кубам кога ќе помислам дека си се шете тоа по станот.... Шо да праам за стапалото, страв ми е, прв пат така ми се деси
Чудно е како во секунда може да ти се сменат сите чувства. Тлее со месеци, години, ама си упорен не престануваш да се трудиш и во еден момент ти се менува сѐ. И тоа во најлошиот момент.
Не знам зошто е вечна жртва доколку некој не се согласува да следи наметнати глупави трендови. И да каде доста скапо е спремањето на децата за почетокот на училишната година, сега уште вакви дополнителни непотребни трошоци на никого не му се потребни, оставете ги луѓето на раат веќе, не им наметнувајте глупости.
Добро како мислиш така нека е, не е наметнување благо да спремиш или купиш за секкој нов почеток се дава тоа, да тргне благо. Тоа е од стари останато, не е нов тренд и за мене е убаво.
На иста улица, два дена по ред некни поминав покрај сообраќајка, денес на истава улица ќе ме собереше еден несаглам со кола на пешачки. Почнав суеверна да станувам, мме
СДК дека убедена сум дека исхраната, физичката активност и сонот се основата за да се осеќаш и физички и психички добро. Да не ги запоставуваш овие 3 работи, ќе имаш повеќе енергија, мотивација, волја, добри мисли, серотонин. Не знам зошто луѓето попуштаат во поглед на овие 3 работи, кога за личен добробит станува збор.
Одмарав малку од форумов. Највеќе она за Онко ме поттикна да се вратам хахахах. Ве читав чат пат, ама не ми се пишуваше. Губам некогаш ќејф така. Не сме здрави.. нема ни да бидеме како тргнало. Само стрес. А за Еразмус кај е најдобро? Мастер нема да упишувам. А за работа понатака, ако можам, одам. Има време..
СДК мило ми е што имав power nap од стварно само еден саат и не се осеќам како од поплава исфрлена после тоа
Имам многу работи шо сакам да ги кажам. АМА, во ПМС сум и преѓе се рчнав со жена и велев на другарките дека ако не беше топла багетата ќе се тепав со багета. Така да мислам дека прво ќе си дам време да издишам. Да прокрварам. Па после ќе ги фрлам моите „unpopular“ opinions. Од сабајле куцкав нешто и таман си реков са од лаптоп ќе дополнам - не сум зачувала. Е ко сум глупа тое.
Ми недостигаш меѓу часовите што траат на календарот, а бројат месеци, во ноќва дождовна име што нема, ко да е последна, земи го последниот сон од очиве, нека биде твој, да се чувствуваш нечија, помалку моја, повеќе своја.
И додека Слупчани и Арачиновци си го прчат на бесплатна струја, кај мене во маало навечер нема или едвај има улично осветлување. Ама да, немој говор на омраза да шириме
Конечно некои работи почнаа да се средуваат, полека полека. Имало Господ. А и уште ова. Го обожавам моменталниот mood. Свеж, по малку студен воздух. Дожд повремено. Пижами, ќебе, какао... Рај на Земајата
Сте се запрашале ли некогаш каде и како ги прават алиштата на сите тие брендови како Zara, H&M, New Yorker? Маде ин Бангладеш. Мажите 200$, а жените 100$. Еднаквост? Феминизам? Јок. Ок. Salam alaikum