Срцево ќе ми пукне од среќа, си се смешкам низ дома цело време, глас не испуштам, а ми се вика на цел глас, ми се рипа, сите да знаат колку многу сум среќна. Како пеперутки низ стомак да чувствувам, па после одат нагоре накај срцето, грлото... Како телото да ми трепери, срцето да ми подрипнува. Не можам убаво воздух да земам, некоја возбуда чувствувам. Исто како утро после првиот состанок со симпатијата. Како кога ќе ме гушне дечко ми, ќе ме бакне на чело и ќе ми рече дека сум негов мал врабец. Причина? Нема. Не сум во ПМС, не сум во овулација. Ова прв пат ми се случува. Си се смешкам, а не знам зошто. Не знам што ми е. Знам само дека мачоров мој од сабајле се носи со мојава среќа, само го гушкам, го гњавам, го бацувам, а тој сирот кога ќе ме види одма бега во друга соба, не ми се доближува веќе, мрази гушкање. Сама сум сабајлево, мора на некој да ги истурам емоцииве. Дали е некое претчувство или што е, не знам, само нека е на добро.
Made me cry.... Дечкото планира лажна венчавка за неговите “геј“ пријатели и ја запросува неа http://elitedaily.com/news/world/weddin ... eo/750446/ Превземено од EliteDaily
Ниедна фамилија не е совршена. Во секоја има расправии,кавги,понекогаш лутина,ама таа лутина не прави нашата поврзаност да изчезне. Удобноста на нашиот дом и желбата да бидеме засекогаш во него,не е поради просториите со кои сме поврзани туку нивното значење,спомените и пред се` луѓето што живеат таму. И многу ретко,како плавата месечина,има луѓе што се доволно среќни да најдат некој што не им е крвно поврзан , а го сметаат како дел од семејството.Модифицирана реченица од Sex and the city или грешам? Како и да е,среќна сум што имаме таква личност во фамилијата. Полна ведрина,среќа и искрено пријателство.
Зошто сите во банка завршуваат работа за 10тина минути само ја ни саат не ми е доволнен? Значи утрово станав, се средив и во 10:00 искочив од дома ајде и 10:30 нека е било кога влегов во банката а од неа излегов во 11:43! а бев само за да си ставам пари на картичката за алиекспрес да се разбереме Значи чекав едно 10тина души пред мене, 1 кафе на госпожата и 3 рестарта на компјутерот.толку За нареден пат ќе си спакувам и доручек и водичка а може и кафе и ужина! Таман стигнав дома ми звонат од карго да одам да подигнам пратка- е не брат немам ни енергија ни живци за да се враќам пак до град ако го пратиш на врата ок ке ти платам ако не видимо се сутра. Озбилно ова карго службите зошто директно не доставуваат до врата?? нека си наплатат колку треба и готово зошто замараа со звонење на телефон па сакаш нејќеш да одиш до кај нив- ја тупат работата некако, ако мене ми тербаат компликации ќе работам со поштата не со вас, а бај д вуеј немаат нешто пристојни канцаларии простории од кај да подигнеш пратка се се некако забуткани во некој ќош- богу изалеџа Иии да нешто добро- пиев многу убаво кафе, ме потсети на она што го пиев во старбакс пред година време во минхен
Како ми почна денот денес... Гужви по банки, после половина час чекање ти кажуваат дека немаат уплатници моментално, па одиш во друга банка и чекаш, чекаш, чекаш доаѓаш на ред пополнуваш уплатници и пак чекаш за да уплатиш. Еден дечко и се развика на вработената дека со три клиентки се расправала еден час и дека тој бил закажан некаде и дека заради неа ќе каснел, зошто му било организирано времето. Вработената му одговори дека ако не му се допаѓа може да си оди во друга банка, а таа ако сакала ќе си работела со девојките кои стоеја пред него и шест часа. Тој се изнервира и и рече дека ќе видела убаво кој бил и дека не можела таа така да работи и да не му кажува многу. Во меѓувреме девојка која уплаќаше на другиот шалтер и рече на другата вработена да и каже на колешката дека била безобразна и дрска. Не би сакала никогаш да се најдам во таква ситуација некој да ме вреѓа додека работам
И јас после чудисе зошто порано луѓето живееле по 90-100 години. Еве зошто Сигурно баба ми не се нервирала,оти незиниот Трајко и е во блиски пријатели и стегнал лајк кај Ристана. Или Митре бил излезен со другарите,па и се пуштал цела вечер на Петкана,Па Стојко тајно си пишувал и се подгледнувал со бившата Стојанка,што го изневерила со Петре,истата вечер ко се начукала. Не се нервирале ни дека Митко не и се јавил на Божана,а копилето и рекол дека ќе ја бара,па Божана не се нервирала оти Митко сакал да оди на одмор со другарите и да се куропеца. Па на крај краева ни Стојан не се нервирал што не може ни пијачка да ја чести лепрозната Славица. Или Трпе што нема убава кола да ја однесе до дома и да и удоволи на сиротата Мара,што се дава за пара. И Паца не се нервирала оти не носи маркирана облека како Соња,Пројка и Донка. И така сите си живееле среќно и весело. А сега ? Сега е хаос!..
Се дур постојат луѓе на кои љубовниот живот им е приоритет, и се подготвени да ги прегазат сите пред себе само за да удоволат на партнерот, ние обичните смртници ќе патимеееее! Или бар дур не научат некаде после 30-тата година од животот (најчесто), дека љубовта не е се во животот, и единствено од неа не се живее! Знаете, уште од раните години ги мразев оние стандард тинејџерски бош серии што се вртеа по програмите на телевизија. Боље ми било онака да седнам и изгледам некоја шпанска сапуница, ако ми било досадно, во стилот како Марисол ги пере гаќите на татко и Рикардо и во тој момент `и се расипуе машината, па кутрата почнува крокодилски солзи да рони, отколку трудните дечишта како си ги трескаат главите од ѕид и паѓаат во депресии ради факинг најголемата колатерална штета - раскинување на веза од три недели. ,,Младите бунтовници'' ,,Ангели'' ,,Нескротливи срца'' ,,Еф-ем 04'' беа само дел од долгата низа телевизиски шпанско - потресителни новели, наменети за помладата публика, преполни богати нафурани адолесцентни ликчиња кои ни ги красеа теве екраните секој ден. Токму тие наслови, за жал ми се ден денес врежани во меморијава, а од која причина не ме прашувајте бидејќи не знам да ви одговорам! И, си го враќате сега филмот назад? Епа еве одговор, во случај да не ви е јасно зошто вашите ќеркичиња и синчиња толку наивно се препуштаат на сексуалните нагони, во цутот на младоста, дур вие напатено работите деноноќно за да ги снабдите со основни дневни потреби. Така да иако тука станува збор за две различни врсти љубов, не бидете зачудени ако еден ден само онака ви го свртат грбот без поздрав и ве занемарат во потполност, па заминат во нишката на партнерот. Па потоа ако ви е полесно, слободно обвинувајте ги друштвените кругови во кои се вртат, училиштето или другите преостанати фактори како уништувачи на нивната веќе искриволочена визија околу тоа како изгледа врвната љубов. Пошто нАли, ако немаш кој да те прегрне до 25-тата година од животот, да ти шепоти на увце лажни лигави зборови од типот ,,златичко'' ,,срценце'' ,,душо'' и ти лековерно не припаѓаш у несвест, гарант имаш некоја фалинка.
или си истата девојка што ја имам на фб како пријател или ги крадеш статусиве од неа трето нема прво ке ги видам на фб па после некое време и на фемина кај тебе
Времето си е супер . Јас така стуткана си се дружам со феминчињава и си викам арно што постојам во ова време кога има интернет инаку што би правела на вакво време во минатиот век?Сигурно ке бев до прозорецот со моето маче и ке го гледав дождот
Утрово упатив збунет и засрамувачки поглед кон љубопитните очи кои очекуваа моја реакција на стандардното - мислам дека те знам од некаде. Нема да кријам дека со брзина на светлината ми помина едно - Спојлер а да не се имаме плеснато ? ---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Meanwhile, само се прашувам дали сум само јас толкав бакзуз да не наидам на ниеден поштен примерок од најбројната популација - искрените и фер, изиграни. Или се шири пропаганда, или јас мит е дека постојат. Сите се навредени, повредени, излажани, опкружени со лицемери и хипокрити. Искрено да ви кажам, пред се можеби сте и самите такви, само немате храброст себеси да се категоризирате така од причина што немате ни толку искреност во себе, основната кон и пред себеси. Мислам, ако неволно ја прифаќате несреќната вистина јас ќе ви ја појаснам реалната ситуација и сосема објективно видување на вашите емотивни статуси, а тоа во превод ќе звучи некако вака : наивни, разгалени, навредени од вистината и неспособни да процените кој каков човек е. Точно, да неспособни. Не дека луѓето не се менуваат преку ноќ ама џабе си гаите надежи дека сте пријатели со некој кој со нетрпение наговестува забодување нож во грб. Ете така !
Сите ние некогаш сме биле опасно вљубени, а вистината е дека навраќањето на тие спомени секогаш буди насмевка кај нас.
Онака некоја милина ме фаќа кога гледам супер скоцкани фотки од работна површина, тефтер, па кафенце, лаптоп и то.
Ако слушнете девојка имала мозочен удар, јас сум. Мислам дека очите во монитор ќе ми удрат колку силно ми пулсираат. Ама нема врска, уште во јуни си закажав преглед на лекар во болница во ноемрви. Дино Мерлин не вика за џабе дека време лечи све...