Да. На етикетите све стојат азиски земји како Бангладеш, Мјанмар(Бурма), Камбоџа, Египет како африканска земја, нешто и во Турција и Мароко се произведува. И можам да замислам у какви нехумани услови работат и ги експлоатираат вработените по конфекциите. А во врска со еднаквост, рамноправност и феминизам уште сме далеку, многу далеку и покрај сите напори и залагања пак не е тоа тоа и се уште жените не се рамноправни со мажите, за жал. Ама што е тука е, не можеме ради глупавите и понизни политики на Индитекс и останатите да не бидеме потрошувачи и да ги бојкотираме, секој мора да е потрошувач некаде, нормално самиот избира каде за свои пари ама идеални услови нема никаде.
Добро утро... Знаете кога ќе успеете во животот или пак ќе се помести од мртва точка,кога ќе сфатите дека сите работи ќе зависат од вас буквално од самите себе,а не од Петре Станко и Трајко
Не е муабетот за бојкотирање, туку за лицемерието на овие компании кои главна мантра преку која продаваат производи на западот се феминизам, ексклузивност, човечки права, застапеност на сите раси и сексуални определувања итн. итн. Додека од друга страна самите ги експлоатираат своите вработени непочитувајќи ги баш оние закони за кои самите се борат. Бојкотирање на овакви компании со не купување нема да донесе ништо добро, само ќе бидат заменети со нови. Иако баш од таквите следи трендот на канселирање и пропаѓање на бизниси кои не сакаат да ги следат баш нивните наративи и пропаганда. Се што треба е да не ни бидат очите ширум затворени.
Со ништо. Немаме ние моќ обичните луѓе да смениме како светот функционира денес и да ги собориме корпорациите кои управуваат со него. Дури и да се случи тоа во некое парадоксално сценарио, ќе следи анархија и дистопија, а не утопија.
Одам накај ФЕИТ, и пред ТМФ татко мајка и син, и ме прашуваат каде е електро.. И викам дојдете со мене, ќе ви покажам.. И отидовме, им објаснив, одете во читална, таму и таму, ако нема никого горе на трети кат одете има студентска служба, замолете ги, иако работат од 12:30, да ви искочат во пресрет сега.. И сега, одат во читална, одат горе, и пак се враќаат доле се вртат како муви без глава, мајкава оди, синот по неа.. И сега пак доаѓаат тука кај мене во близина, ги прашав, викам се снајдовте, ми вика не, нема никого ни во читална ни во служба.. И викам а што ви треба поточно? Ми вика па син ми сакаме да го запишеме овде па да прашаме кога има уписи и друго.. Викам имате на страната на ФЕИТ се што треба за уписи, и мајка му му се врти и му вика провери на страната на ФЕИТ дали има нешто пишано? и овој вика не(). И ми се врти мајкава мене и ми вика е вака е цело време, јас да го терам, јас се му барам, он ништо.. И ми падна жал за мајката, отворив на страната на ФЕИТ, им кажав кога е втор уписен рок и други ствари што пишуваше на страната на ФЕИТ.. Детево комплетно неспособно, со мајка му бараше факултет, јас му најдов на страната на ФЕИТ да види дека има инфо за упис, успат прв рок е поминат за упис, најверојатно не знае ни I know што е а камоли да се пријави.. Јас да сум како мајката, гледам ли детето не ми го бива, не се замарам ни јас.. И да, ова е од преголем бејбиситинг, срамота е 20 годишен вол да не знае да оди да се запише на факултет сам и да не знае кога има уписи, што више да не знае ни на гугл мап да најде каде му е факултетот..
Свесни сме што се случува да, јасно ни е ама ко што рече ние неаме моќ да го смениме ова што го прават, а лесно е да се каже бојкотирај ги, ќе пропаднеле, мало сутра тоа. Или оние спортските гиганти Најк, Адидас и сличните што за маркетинг ангажирале хомосексуалци може и трансродни лица као демек за поддршка на оваа маргинализирана група и да покажат колку се опенмајндед и прифаќаат еднаквост. Се за профит нормално, за што друго, ги заболе нив за жените, за феминистките, за хомосексуалците и за се друго. Е сега тоа што влијаат на нормализирање на оваа појава и што има опасни последици е друга работа, повторно во негативен контекст. Ама да не практикуваат вакви јаки тактики и да не ги користат сите можни алатки што ќе им донесат бенефит зарем би биле големи корпорации? Лицемерието преовладува денес, тоа ти е, си го прифаќаме за жал коа не можеме ништо да смениме aли добро е да се знае, да, да не живееме у бајка, дека сите се добри и имаат општествена одговорност, кога баш споротивното е.
Порано велев постари од 60+ дека не треба да користат интернет, ама сум се зафркнала, како бре млади од 20+, 30+ на секој пост "цена, па цена и величини", па кликнете на линкот има и цена и величини, ај да сте постари, да разберам...
Цело лето не јадев супа. Супата мене ми е за ладни денови. Еве сега ќе си сварам и со тоа ќе го прогласам летото за завршено. И не, не ме радува што иде есен. Некогаш ми беше возбудливо, чекав со нетрпение ама веќе не сакам ладни денови. Од кај 14 степени, како што е сега, може да пројде, се' под 14 степени не чини. Ама ајде, секое годишно време си има своја убавина, па ќе се преживее.
Некад и напињаат со тоа цена па цена ради тие шо одбиваат јавно да стаат цена и се револтираат луѓето па спамаат за инат, само не знам дали знаат дека на тој начин им го зголемуваат ричот па на страниците им одговара тоа, не се замаат дали по сто пати некој прашал. Иначе да, има и баш ко паднати од Марс што и покрај истакната цена упорно прашуваат, или не глеаат, или ги мрзи или пак не им текнува да отворат линкот, а и на самата страна некогаш пишува, секакви ги има.
Точно, има и некои страни што не пишуваат цени, кога прашуваш за цена, ти пишуваат "цена во инбокс", како некоја државна тајна да е. Секоја страна треба да има цена и величини под секоја слика.
Се повеќе ме плаши сознанието на каде се движи светот... До скоро, "славевме" за секој нов изум, за секоја современа технологија која навидум ни го олеснуваше животот, се чукавме во гради колку сме современи во ебениот 21 век. Ама кога ќе погледне човек зад себе, кога ќе погледне пред себе, ќе сфати дека никаков ќар и немал од се наброено погоре, сфаќа човек дека животот му поминува во пот и солзи, во борба за леб, сфаќа дека животот е буквално секунда, сфаќа дека се наоѓа насреде една огромна шаховска табла, и кој стигне го шутка на под. Едноставно сфаќаш колку си безвреден
Сеа читам ова... Па шо го форсираат детето за џабе? Гледаат нема интерес, нема желба, воља, афинитет па ни способност очигледно, он не знае уопште ни кај дошол. Сфаќам, родители се, сакаат успешно да им е детето, се да биде во најдобар ред со неговиот живот ама шо го форсират толку, не го знаат они каков е? Може за друго ќе го бива, којзнае е и дали сакал тој да се запишува или пак мајкава го натерала, според ова пишаново не ќе да сакал. Не оправдувам вакви родители ич, демек за добро на детето они полошо прааат. Пушти го бе, остај го, ако не се замара нека дреме ко идиот ама еден ден паразитот ќе мора да се накани да го мрдне газот и сам да се снаоѓа у животот, мама и тато вечни нема да се. Па уште и за рака шо не го фатиле, абе со сила убавина не бидува, нема она да учи место него, сам ќе мора да се потруди. Ај ќе сфати еден ден колку е саат, ама после касно ќе биде. Ова е срамота, бруки ама колку и за дечково, толку и за родителите уште повеќе.
И Киндер не е тоа што беше. Сите три пакетчиња што ги добија децава на сите им фали по една коцка. Еве какво е .
Вакво беше внатре неотпакувано? Со луфта кај што треба да има коцка? Also, нели треба да е бело внатре чоколадото?
Да да вакво е. Кајшто е празното треба коцка да има. Бело е да само не се гледа баш . Еве и вака неотпаковано.