Стварно се малку 700 евра почетна плата за прво работно место после факс за web developer или типов што ми вели така претерува и бара преку леб погача? Наводно минимум 1000 требало да го плаќаат. Сериозно прашувам колку би требало да зема оти не знам Оти па сум сретнала тазе дипломирани, па и уште недипломирани финкаши што очекуваат високи плати одма јер кај он бе програмер смее ниска плата да зима, макар и појма да нема уште да работи
Па и до 1500 јуниори наоѓаат. За наша жал, а за нивна среќа платени се многу таквите професии. Многу од нив и од прва втора година факултет наоѓаат работа и после никој не им бара диплома им бараат искуство и знаење.
Не можам да се смирам од плачење, дојде време да ме избрка другарка со која што се дружам од пелени од дома поради дечко.
Зависи, ако почнал со работа од втора година на факс, и после дипломирање си бара нова работа, малку се 700€.. Ама ако не работел ништо поврзано со веб девелопмент додека студирал, појма нема како да најде логови да прочита да види зашто не му работи нешто, дебагирање му е мисловна именка, и има таму ваму по нешто знаење, таман му е, што више и многу, бидејќи фирмата ќе потроши најмалку пола година плаќајќи луѓе да го обучат, а он може да кидне кога сака.. Најчесто на ФИНКИ, скоро сите, после втора година веќе работат или се на пракса негде, ретко кој нигде не е, освен ако ептен не ги бива.. На почеток, првите 6 месеци ретко каде повеќе од 500€ даваат, ама брзо се напредува.. Почетна во ИТ, на дипломирано, е толку, од 500 до 700€, ова без предходно искуство зборувам.
Ооо, Тесо мори. Само ти можеш вака мајсторски да се зацапаш у најголемата тиња на толку предострожност. Е така спокојот преку прозор. Браво интелигенцијо. За све си умница пар екселанс, за филингс си тутурутка.
Размислувам и сфатив дека е конечно време да кажам дека ние мажите сме недоволно ценети на форумот. Какви прекрасни машки ликови има од кои може многу да се научи. Пример Старк за мода, Billy Idol за технологија, Евангелос за водење на младината на прав пат, kvatro за безбедност на патиштата, Братот за одбрана на ругање во мјф. Реално повеќе знаење имаат во одредени теми од било која жена. Фалите дечки повеќе да ве има.
Еј сеа, не сме ве ценеле, немој така. Не ги ставај сите у ист кош, баш ве цениме и ни значат и вашите мислења, совети, критики, коментари.. А форумов е женски па секако дека доминираат жените, што е вистина, вистина е, ќе се помирите со фактот. Инаку и ти ок член си, забавен, културен, на место, не се разочарувај. За знаењата, нема врска маж ли е, жена ли е, ако имаш познавања, имаш, секој си е добар во нешто и штом сака да го сподели своето знаење и со другите и на тој начин да помогне некому, тоа го прави уште подобар.
Го скршив садот во кој ставав јаткасти плодови. Омилениот сад,што секојдневно го користев. Скоро секоја вечер јадам јаткасти плодови, и оваа. Ама веќе нема во тој сад да јадам, а ако јадам од било кој друг нема да се толку вкусни... Се чуствувам празно, и тоа, пази сега, за шо скршив САД. Не било каков, омилен. Олку лошо не се чувствував ни кога раскинав со бившиот.... Болка. Огромна. А им се смеев на луѓето кога ќе ми кажеа дека кафето не им е слатко ако не ги пијат од таа една иста чаша... Се смеев. Ха.
Ај наздравје нека е, нека оди по ѓаволите. Глупости бе, до садот демек е што ти било вкусно, се е до навиките, ќе си најдеш друг омилен сад и пак вкусно ќе ти е, без гајле. Интересни сте ми вака што емоционално се приврзувате кон предмети и тоа секојдневни обични предмети па само тие ги користите. Ја не би така, замарање ми е и преоптоварување со ситници кои тотално небитни ми се, не ги ни перципирам, не па да ги мислам. Коа ми е вкусно и со сад и без сад ќе ми е, а не пак да морало баш тој да е. Си имате принципи може и во ред е, само да не премине у опсесија, тоа не е баш ок.
Ние жените во цел свет сме недоволно ценети, а вие се жалите за еден анонимен форум. А и овој женски форум е доказ дека жените подобро би ја уредиле планетата и подобро би владееле со светот. Погледнете ги само вашите форуми како еве пример кајгана, ни на малиот прст на фемина неможе да се фати. Инаку немам ништо против машките членови иако има доста манијаци и тролови, ве има и вас пристојни, фини, со убави мислења, совети... Поздрав до сите машки членови.
Мене ми се таман таму кајшто ги има. Ниту јас не одам во теми за бебиња, ниту во готвење, ниту во којзнае колку подфоруми. И скроз ми е небитно машки ли, женски ли член, подеднакво може поедини ликови да ме воодушеват и некои други да ме извадат од кондури. Како впрочем и во животот. Друго Скд- малку инспирирана од Били, ама малку налево. Можда и надесно, небитно. Ако сакаме да купиме поефтино, а сакаме, и притоа си ја сечеме гранката на која седиме- да ја сечеме ли гранката уствари? Не е ова Скд, ова е тешка економска морална дилема, ама ај. Ете, си кажав, кој разбра- разбра
Ставив смајли, шала беше ако не примети, секоја чест на исклучоци, ама да не се праиме на будали доста голем ден од машки членови тука се за мањачење зачленети
Не да мањачат, мене денес ми пиша во порака, демек женско се претставуваше, и кога пишав знам дека е машко го снема. Инаку од денес зачленет.
Ааа, па ти цел ферман си допишала Не сум приметила искрено, не забележувам незабележителни ликови. Кој е отров-пријава, и тоа е тоа.
А што па толку им се плашите, анонимни сте, ќе ги пријавите и ќе ги банираат, не се толку страшни. Нема тука опција да ѕвонат на пример па стварно да ве вознемируваат како на месинџер, дм и сличните вака игнор само, пријави и готово. Па уште и дел од жениве ги заклучуваат пораките, лп да не моеш да им пишеш ради манијаците, аман бе. И не мешајте манијачишта со пристојни членови, поентата него му беше да ги пофали фините и коректните, сеа за жал што поретки се фините барем на форумов е друга работа.
Јас те разбирам комплетно, сигурно чувството ти е како да ти се "скршил" ритуалот. Убавата ствар е што сеа можеш да тргнеш во потрага по нов сад, специјален за таа пригода. И во таа задача има доза возбуда.
Скот, не знам за другите, но јас се чувствувам ценето овде. Секогаш има исклучоци кои поради свои лични причини имаат омраза кон се што е машко и плукаат на сите теми. Среќа па се ептен мало малцинство, а со тек на време и тоа се искоренува успешно, и во последно време владее некоја подобра атмосфера. Сепак, поради поединци не можам да кажам лошо за колективот од кого секогаш сум се чувствувал прифатен и комфорен да виреам овде еве и после години. Секогаш сум наишол на благодарност кога сум споделил совет или сум помогнал на член/ка за било што, не само на технологија. И јас сум добивал помош и од членови, но и од многу членки. Секогаш сум наишол на пријателски пристап, и помош иако не се знаеме овде лично. Некои совети и помош што сум ги добил, не сум ги добил од личности во моја близина, најчесто пошто не можеле да помогнат, а некогаш и пошто не сакале. Ете пред некој ден добив совет за паста за белеење со јаглен. Претходно за како да си ги исчистам фармерките што ги направив со, најверојатно уље. Не помогна, ама битно пробав. Ми требаше совет за облека на свадба како да искомбинирам, тука беа феминките за помош. Утре сигурно ќе киснам и во темите за деца прашувајќи за секоја ситница од мајки кои веќе го поминале тоа што јас тек ќе го минам. И баш е тоа убавата страна на форумов. Што имаш личности кои не ги знаеш, а може да сметаш на нив за помош. Имаш доктори, психијатри, учителки, забари, мајки, сопруги, кои секогаш несебично ја делат својата експертиза овде.