Апропо муабетов за кучињава. А во стан куче Чест на исклучоци ако навистина е мирно и не лае ама газдиве не се дома оно лае, завива, кога некој им ѕвони лае... Може дека си сакам мачки неам толеранција за нив
Ти реков, дури и они си го знаат редот. А тие, громогласни комшии па уште шабанарија од музика ми се Секој нема чувство за осет, за жал.
Добро овие ќе правеле свадба па ќе им простиме, ама вчера до ниедно време имаше некоја без врска музика што ечеше. И сабајле и во сон ја имав „Ја излези Ѓурѓо“ од што била пуштена надвор. Плус деновиве се трудам да се откажам од музика пошто се опседнав секој момент да сум со слушалките, станав зависна ако немам музика да се осеќам празно и ми правеа лажно чувство дека ако има музика нема проблеми. Се откажав од музиката што ми се свиѓа за сега да не можам да избегам од музиката на другите
Да се отвори тема (бавење со) комшии спремни за егсорцизам (не, не психијатрија,егсорцизам). Оти ова више ги мине сите можни граници. Добро утро!
Македонец кај и да отиде таков си е, со исклучоци, кога бевме Италија газдата на хотелот беше наш, се собрале наши, музика ечеше, и тоа за време на короната, газдава си заклучуваше и тие му беа сите пријатели до 4 сабајле ечеше "пием на екс", "чаше ломим", шабанарија. Куќите беа оддалечени можеби затоа не го пријавуваа. Така и тука кога ќе дојдат тие што живеат во странство, таму дека не им е дозволено, тука се прават таму што не смеат.
Ако те застане полиција, кажи дека од село доаѓаш да го прошеташ низ град, па пак го враќаш во село. Стварно има таков закон, еве не знам како не знаете.
Читам објава на Фејсбук како некој старец сексуално вознемирувал 26-годишна девојка. Коментарите: Застрашувачка е помислата дека овие малоумни, недоделкани копуци воспитуваат синови и ќерки и имаат девојки/жени.
Е тогаш нека дојдат комшиите тука на форумов да ги научат како да не им лае песот Шо бе само за во село кокошките
Чуваат, па не само кокошки, и свињи чуваа комшиите кај една другарка, не се седеше во двор од ареа, изгледа ги пријавија што не чуваат сега, ама многу години си чуваа свињи во двор, секакви има. Велеа штом чуваат кучиња во град, зошто не и свињи, кучето лаело и немало корист од него, свињите не, а што има миризба не е важно, важно ќе има мевце хаха, од кучето неможе, од кокошките јајца итн.
Сега во мисла сум ако чувам кокошки и петел во стан, дали има можност да го научам петелот да не кукурига од сабајле, да не ги плаши комшијата и комшивката? Ако немате одговор остајте немора, само гласно размислувам
Така прам. Глуп закон. Велам дека сакам малку да се социјализира со псите од град. Уличните се разбира. Оти не смеј поинакви.
Не смее у стан куче а? Многу страшна работа, нема што. Се е до газдите, верувај. Како ќе го научиш од мало, такво ќе биде, освен ако не се работи за некоја лоша генетика или да е истрауматизирано до толку па да не може никако да се научи на ред, да слуша команди, да се дресира и да стане послушно, да поштува авторитет. Ама прво почни од газдите, види ги што копуци се па сакаш кучето да им е нормално. Тоа дека завивало и лаело коа им ѕвони некој е очекувана и нормална реакција за куче, да збори и муабети не знае, шо да праи сиротото. Дајте не забегувајте.
Мислам дека фали една општа тема за филмови (не само Нетфликс, сепак има живот и надвор од Нетфликс ) Ама во исто време па и не ми е толку битно, а и ме мрзи да отварам, така што се решив само да кажам што ми лежи на душа со пост во СДК. Ете, битно кажав.
Сега знам дека многу блиски личности воопшто не ме разбираат што им велам... Секогаш одат на картата дека моево мислење не е валидно, ниту точно, дека јас ќе бидам оштетената на крај... А не е така, претходно проверено... Ниту можам да им се доверам, ниту да споделам нешто... А упорно го правам тоа, не треба, очигледно.
@Jane.Birkin нормално е да имаш и такви периоди, сите ги имаме понекогаш. Шетај во природа повеќе и сончај се.
Eсклузивно за Братот од Битола, аналитикс од блогот. Види Русија на врвот, оти направив материјал со македонски џамии, па раширив по исламски групи во Русија. Тоест две три групи најдов, ама со илјадници луѓе се. Хоби е ова Брате. Ми стигнало известување за Ад есенс, ако сакам да се поврзам, ама па не се заморувам. Посети има од 50 држави сосе Македонија. Тие земји со 1,2,3 посети аналитиксот не ги ни дава во топ 50. Ќе треба да се укрупнат да ги има и да бидат видливи. Поздрав.