Многу мразам да мијам прљави тањири кои имаат одвратен мирис на некое месиште ама што да се прави некој мора и тоа да го сработи ,кој некој ако не јас . Не ми е тешко да ги измијам ама мислам миризбава и мрснилово од рацеве ниту доместос нема да го извади . Туку бившиов ми се мотка низ глава посебно сега додека слушам музиче ама како баш се погодија песниве нашите омилени кои заедно ги слушавме некогаш Ех тие пораки изненадно што пристигнуваат како знаат да измамат насмевка еве и сега како будалетинка на полноќ си пеам и си се смешкам .Убаво е чувството да знаеш дека некој мисли на тебе и му фалиш и нормално пораките се без одговор и немора да знае бившиот дека ми ги побркал пеперутките низ стомакот и бубачките во главата Добра ви ноќ феминки
Жаната: добро бе мажу, колку ти е тешко да ја спуштиш даската од вецето ? -Колку и тебе што ти е тешко да ја крениш. Отсекогаш ми била несфатлива и глупава работа ова околу даскава. Крената-спуштена. При толку животни грижи и дешавки, уште за една даска ќе се расправаме. Како да не. ** Ама на живци ми оди секојпат кога ме видат со пешкир на глава: ПАК ЈА МИЕШЕ КОСАТА ? Не знам што им се чини на машкиве, секогаш истиот муабет: Не ја миеше утрото ?????? Не, вчера беше тоа !!!!!! На крајот Евн е крива со нивните цени, и загадениот воздух, а не јас со мојата косичка.
Кога ќе видам на профил 13 или 14 години а мислењата во Секс, Врски и Сингл жал ми е што не сум им родител или барем маалското лошо дете, не за друго, не можам да ги зашамарам попреку да ми помине лутината.
Абе луѓе не дека некој многу го интересира дали вие поскоро или подоцна ќе го искусите брачниот живот. Туку едноставно така се вели, колку да се најдете у муабет. Кога дипломирав - Ајде работа па да те мажиме. Кога се вработив - Ајде сега на свадба да ти играме. На веридби и свадби - Па ајде што поскоро на твоја глава, време ви е веќе. Кога е досадно и нема што да се прави муабет - Ајде бе кога ќе ви играме на свадба. Јас пак воопшто не ги сфаќам сериозно ниту ме тангираат. Не барајте толку значање и било какви намери во најобични бош муабети.
Сакам да кажам дека ми е родендееееенннн И покрај се' си се чудам самата на себе колку се радвам за роденденот. А 20 ги начукав. Да си кажам битно дека ми е мило шо врват годините, и шо сум јас а и моите најсакани здрави и живи... И дека се надевам дека уште многу родендени ќе си дочекам покрај прекрасниот дечко, прекрасните пријатели и дисфункционално ама на моменти прекрасно семејство.
Да знаат луѓето со кои работам дека пишувам на форум Фемина, веројатно ќе си дадат сите отказ. Да им кажам на оние кои добро ме познаваат дека не пишувам никаде, ќе ми дадат отказ од животов. Туку, за човек да се чувствува исполнет, среќен и задоволен, мора да ужива на сите полиња во живототот. Ама кои се полињата? Не знам за вас, мене ми е важна кариерата и сакам да сум успешен на тоа поле. Важно ми е семејството, веројатно најмногу од сè и секако, важно е човек да има пријатели. Не од оние пријатели кои во два по полноќ ќе дојдат за да им плачеш на рамо, кога си возрасен ако постои еден таков пријател, тогаш тоа е феноменално... не, зборувам за оние пријатели со кои можеш да седнеш, да се напиеш, да помуабетиш, да се посмееш за сериозни нешта и за глупости, да размениш мислења, да се скараш и потоа за пет минути, пак да се смееш на некој ретрдиран виц. Вчера, седиме со пар стари пријатели со кои не сме седнале така лабаво, можеби повеќе од една година и се смееме како мали деца. Додека тие нешто дебатираат, а јас ги слушам со едно уво, паралелно мислам колку реално работите се смениле од времињата кога бевме сè уште релативно млади... пак се смееме на истите вицови, имаме иста смисла за хумор, користиме ист сленг, имаме исти ставови и погледи на нештата... Се смениле патиките во чевли и маичките во кошули. Се сменил Бадел коњакот во виски и нивните марки на цигари. И... толку. Истите луѓе со истите маани и позитивни страни. Она што сакав да кажам е дека, токму пријателите ми фалеле сето ова време да се чувствувам комплетен. Не оние на кои им треба услуга или едвај чекаат да дојде момент да те спуштат, туку оние кои немаат никаква друга потреба од тебе освен искрена насмевка и муабет.
Дојде баба ми дома од сабајле. Се видела на пазар со некоја другарица и знаете како иде тоа спомени од времето на Тито, и на крај се се сведува на медот и млекото што течеа низ Југославија, од Дунав до Вардар, па после коа ќе се скиселеше овде од нашиов воздух им го праќавме на овие јужно од нас. Ние сме малку мешано семејство со северни примеси од схс-корени и сега на бака и текнало дека треба ја треба да се мажам во Србија. Ми нашла слики од времето кога живееле со дедо у Војводину и ми покажува чиви внуци би ми одговарале. Згора на се ми рече: Е што? Барем децата ќе ти бидат убави. Си викам, браво бако, баш ми е драго што мислиш дека треба да мешам репродуктивен матерјал за да ми бидат убави децата зашто нели ја немам доволно квалитетни гени... али шта чеш. Ама си ја ислушав жената де, обеќав дека ќе размислам, еве и ми ги остаи сликите..
Имам маана, оставам купчиња песок зад себе после плажа, но и сол. Мојата нова пријателка вика - бејб, ситничар и неуротичар ќе рече дека си неуредна, човек што го живее животот ќе си направи приказна дека си сирена и ти вреди, што ти е гајле? Мене си ми сирена. И ќе ти ѕирне во душата со малите округли очи и огромна бела, сјајна насмевка. Мојот човек сака да мисли дека сум сирена, мојата нова пријателка е неуморно талкачко срце од кое добивам толку афирмација, љубов и мудрост што не ни можев да замислам дека ќе сретнам таков човек. Чувствувам дека ќе прерасено во прекрасно пријателство. Сериозно, се е до начинот на кој гледаме на работите... начинот на кој ги поврзуваме, не асоцираат, не распаметуваат од убавини. Изолацијата од секојдневни бахати скопски луѓе ми е супер. Се уморив од неколку добро познати екипи кои држат различни работи во градов каде што не можеш ни да пристапиш. Со некоја егоистична надменост и чудникава затвореност, а стигнале до х позиции. И копаш и разбираш дека се е сепак од мама и од тато, од вујче и чичо, од тетка и вујна. Да не речам ооо тешкото, по деда си татко, по татко син, вметнато во една чудна конотација. Па песнава била мошне далекусежна и може денес метафорички и саркастично да се разбира. Се делат во неколку категории. Богати деца со семејни бизниси, кои сите се знаат по родителите и успешно ја водат понатамошната политика на наводно добри односи заради постоење на можноста да си притребаат. Секако, задолжително си се канат на свадби од по 500 души и си заигруваат за на ти го дај ми го. Власи ( ) кои мислат дека господ за муда го фатиле, а мене ако ме прашувате, нека сум лингур, ама освен просечна сељачана која од далечното детство се сеќавам дека оделе на плажа во Грчка со лајнарка. Мртва сериозна сум... и ден денес е тоа така. Младите не се такви, но се дружат строго во затворен круг кој поарно ми е да го избегнувам. ТН боеми, кои ги држат сите скопски локали и СИ ГАЗАТ, се нарекуваат чичо и сине, имаат цирка 30 години и никад нема да созреат, ама што има веза, секогаш ќе се бават со угостителство ако може така да се нарече. Поштуваат само УБАВИ, ЗГОДНИ И БОГАТИ луѓе, иако тие самите не се такви, но знаат дека таквите ќе ги однесат барем до пари. И обично МЕНАЏИРААТ клубови, а во зорт и шанк на Пиволенд. Тоа се тие урбани фаци. И строго овие кругови комуницираат затворено едни со други, никако надвор од нив,ни па по исклучок, до душа исклучокот е ако си новопечен парајлија. Заедничкото на сите е - ПАРИ и пријатно. Сите останати се нали, обични и непрепознаени.
Колку мразам кога некој ќе ми каже да не се однесувам детинесто Како прво - До 18 години јас легално сум дете Како второ - И кога ќе станам возрасна нема да престанам да бидам детинеста Нема да престанам да се однесувам детинесто и нема да се уозбилам тоа е факт Колку-толку почнаа да ми се полнат позитивните батерии За тоа сум задоволна. Друго, јас сум „душа од дете“ Едни машки гледаа порно на телефонот И јас таква "Let me tell y'all about Jesus" Спојлер
Ненаспиена сум како малечката невеста кога ќе истури ориз и тоа ќе ја прогонува со ноќи И сабајлево не знам кој ѓавол ме натера,ама на гладно срце си кврцкав баделче,па ајт назад во кревет. Какво школо какви бакрачи Септември е уште ајде,не знае никој кај му е гзот,кај му е главата И да,сакав да кажам... IT'S FRIDAY FRIDAY GOTTA GET DOWN ON FRIDAY EVERYBODY'S LOOKING FORWARD TO THE WEEKEND,WEEKEND ... па ваљда конечно ќе се наспијам викендов Ми се заглави во глава песничката,не ја можам
Обично сум расположена барем за пеење, или зблрување сама со себе. Но, не и денес. Чувствувам празнина, дупка која ми го расцепува срцето сѐ повеќе и повеќе. Ми треба 100% искрен разговор за сѐ што ми се случува со некој. Но, со кој? Не можам со самата себеси. Ми е потребна некоја замена за едно човече, кое ќе ме ислуша и ќе ми каже совет. Човече кое е ме гушне и ќе ми каже дека нема никогаш да замине од мојот живот...
Денес ни е годишнина од љубов.Шест години тој ми е првата мисла наутро и се надевам дека ќе ми биде додека да ги заклопам очите, стара и збрчкана покрај него.Не се малку години, посебно кога се вака во младоста, растеш и созреваш покрај таа личност, се навикнуваш да се обликуваш според неа, се подучувате еден со друг и растењето и обврските кои доаѓаат со него не се толку страшни и тешки.И јас пораснав покрај него, тој ми е дел од најубавите спомени, се соголевме тотално еден покрај друг, си украдовме парче душа и чинам дека што и да се случи...дали ќе завршиме пред олтар еден ден или животот ќе не раздели, ќе си го чуваме тоа парче додека сме живи. Сакам да ви кажам дека и покрај сите, нервози, мислења, кавги и тага кои се составен дел на една љубов и една врска, вреди секој миг кој го поминувате заљубени, се е полесно и повредно така, немојте да го затворате срцето. А ние ќе прославиме со вечера од него и подарок од мене, знам дека ќе му се допадне...среќна сум и убаво ми е.
[url=http://www.youtube.com/watch?v=nA8gye013MM]http://www.youtube.com/watch?v=nA8gye013MM[/url] Од долгогодишната кариера на Каролина Гочева ме погоди единствената песна во која забележувам за првпат и таа има внесено емоции.Навистина прекрасна песна,да не пукнеш Каролинче ме расплака