брзав да пораснам мислејќи дека тогаш се ќе ми е совршено,пораснав и сега сум во најголемите гомна што можат да постојат и си го барам детството!!!
Аии среќнааа сум Иначе таман кога не сакаш да сретнеш некој,налетуваш на таа личност....али ајде не се нервирам..
Здраво девојчици, како сте ми? Мене ми е многу бурен периодов...презафатена, преуморна, пренапната, ненаспана асално.. и да не продолжуем да се жалам.. и покрај толку многу пре пре пре.. не можам да одлучам дали имам пеперутки или диносауруси во стомак. Не можам ниту да се сетам дали некогаш претходно сум се чувствувала вака.. и истовреме сум преплашена ради тешките ср*ња низ кои поминав... да не се деси нешто лошо и се да отиде упм... ту мач овртинкинг никад не носи нишо добро.. Се љубиме со воздишки, шепот и погледи...силно, страствено и детски...тој е токму онаков каков што сакав некогаш да сретнам..и никад не се деси тоа..се до сеа..и моравме да се разделиме... Далеку е ми фали.. Ми рече..во се има убавина, а убавината во далечината е во тоа дека си даваме простор да се посакаме уште повеќе.. Не знам дали ќе трае долго.. на моменти не знам ни дали ќе трае воопшто.. Знам само дека никогаш не сум била понетрпелива..никогаш претходно не сум сакала да видам некој толку многу.. Само едвај чекам да дојде Декември..па..можеби некоја новогодишна магија ќе работи и во моја полза.. А до тогаш.. ми останува само да чекам..
Хммм... Значи маж ми е многу лабилна и лесно наговорлива личност.Па ,така лесно го убедуваат за некои работи по принципот „све што видеја батко Ѓорѓија све сака да е његово“...На пример едно време имавме аквариум како половина соба со триста чудеса внатре ,а ноќе немаше спиење од рибите-чистачи.Помина тоа.Го убедија дека е многу убаво да се чуваат гулаби,демек смирувале и бла,бла,бла и тоа помина.Па чувавме кучиња и сама не знам колку пари се издадени за вакцини,витамини и сл.Па го навлекоа да оди на рибарење и тоа помина.Е сега најнова мода е лов.Ловот е убав спорт,иако тие што ги познавам доста пијат,плескаат сланина и чекаат некое залутано Бамби на нишан.Ловот ви е чесен спот на пример ако видите некој зајак во снег,секој вистински ловец прво ќе го уплаши и нема да му ги оддува ушите со сачмарка. Е сега можеш да појдеш на лов по диви свињи а да се вратиш дома со зајко зашто ете ти наишол на пат. Се прашувам само овој мојов што ќе донесе?
Не викам дека понекогаш не треба да се пцуе. Еве на пример пцујам, ама константно да пцуеш и да кажуваш грди зборови цело време а најтрагично да си жена?? Па не знам кој би сакал да е во такво друштво? Ај да си во тинејџерските дни па мислиш дека си Голубович па ајде де. Мислев дека поминаа години, луѓето барем се менуваат до некој степен пазат што зборат, научиле да се однесуваат како нели возрасен човек ама...некои луѓе останале изгубени во времето и просторот очигледно и најискрено жал ми е за нив.
Се враќав страници наназад, т.е. си го барав првото мислење кога сум се зачленила 2010-та година, и еве на што наидов луѓе! Кога го прочитав си помислив зими земјо, изголтај ме! ...Двојно извинување до модераторите! Спојлер Не бе Валерин, не е ич бизарно си немаш гајле топ си. Ах деца децааааааааа.... А да, и се чудам како досега со мислењево не сум цитирана во темата ''Смешни мислења''
И опет сам тууу Не бе неможам, ќе вртам ќе превртувам низ темиве, оваа како магнет ДИНГ право во око . и Ете се поправам сама , ќе пишев "ко" наместо "како" и "у" наместо "во" . а знам дека не сум перфект со литературниов ама се трудам барем И ај да не ја тенчам, сакав само да кажам, т.е. допрашам како пред некое музичко случување сите стануваат фанови на тој и тој пејач/ка или група па тоа постирања по фб се исти песни и да не сакаш ќе ти отиде маусот на една ќе ја ислушаш , неможеш ништо друго да сретнеш. Небитно, така ми дојде ова сеа. само СДК дека е вистина, СРЕЌАТА е во малите нештаааааа
Вчера со другарките одејќи накај дома доживеав шок. По скалите по кои што се качувавме одозгоре одеше еден човек. Некако при одењето ги плеткаше нозете. И одеднаш се стркала по скалите. Неможам да опишам како ми застана срцето кога го видов тоа. Сите бевме шокирана, со исклучок на едната нечувствителна другарка која се смееше на тоа. Му потече крв од раката на човекот , среќа што немаше крв на главата бидејќи и неа добро ја излупа. Го прашавме дали е добро, тој кажа да, веднаш стана и летна како стрела надолу. Дури и цигарите си ги истресе. На истите скали еднаш, за малку, од истото место и јас ќе се утепав. Затоа денес за на училиште фатив од друга страна. Кога се враќав од училиште, истиот ден на улицата забележав слика од девојче која ја однесе силниот ветер. Тоа беше лошо поминат ден. Цел ден ми беше лошо поради тоа. Цел ден ја имав таа слика во глава. Фала богу, баба ми ми пребаја па денес се чувствувам подобро.
Понекогаш посакувам да можам да излезам од својата кожа и удобно да се сместам во нечија друга, па макар и за миг, да се сокријам од проблемите, дилемите, несониците мои. Но, потоа помислувам на туѓите болки кои ќе ме пречекаат во туѓата кожа и се сепнувам, се потсетувам дека понекогаш судам со очи, заборавајќи дека секоја планина носи своја тежина. И ни на крај памет не ми паѓа дека некој, некаде, понекогаш, можеби тајно посакува да го почувствува мојот за него совршен живот, и можеби бегајќи од својата тесна кожа, мојата ќе му се види голема и удобна. Ех! Моите и твоите очи не гледаат исто! Сите го забораваме тркалото - она кое не придвижува и не потсетува колку сме мали, минливи и менливи. И никако да научиме дека од своја кожа не се бега, зошто во таа туѓата може да биде полошо. Никако да сфатиме дека секој човек носи по една бура во душата! А кога таа пустоши - некој ќе преживее, некој гине, а некој гол ќе шета! Зошто избегал во потрага по подобра кожа, несфаќајќи дека за таа потрага ќе изгуби цела вечност, ќе изгуби и пријатели и непријатели, ќе изгуби се што имал, и на крај пак нема да го најде тоа што го бара! Тоа се тажни луѓе, без свое јас, вејки на ветрот, како полжави без куќарка! Се плашам од нив, во иста мера колку што ги жалам! Сетете се на нив кога наредно ќе ви биде тесно во своја кожа! Во туѓа кожа? Не, благодарам!
Прв Марфиев закон: нагонот за смеење во комична ситуација секогаш расте обратнопропорционално на фактот колку ти е дозволено да се смееш во дадениот момент...
Личноста која најмногу ми значи е мојата мајка. Кога и да ми е тешко, нејзе и` се обраќам. Секогаш има решение, за се. Таа ми е рамо за плакање, најголемата поддршка. Само нејзината топла прегратка ме смирува, ми дава сила, ме охрабрува. Љубовта кон мајката е најсилна .
Значи радости живи сум! Конечно најдов курс по португалски во Скопјево! Толку мерак имам да го научам тој јазик, а ако ме прашате зошто, ќе ви одговорам со: не знам! Друга работа е дека ми се ближи роденденот, и почнуваат да се прави листа на гости, што да имало за јадење, торта од каде, музика и тако даље и така ближе. Ептен ја сакам оваа атмосфера, кога се е весело и се исчекува тој ден. Единствена работа што стварно ќе ми фали е присутството на сестра ми, иако не мислев дека ќе биде така. Позитивна страна е дека нема кој дома по цел ден да ме нервира, да ме кодоши кај мајка ми и татко ми, да ми пее песни што не ги сакам, кога спиеме заедно да осеќам како ми ја затвара устата, зошто сум и дишела во лице, а пастата и била лута, па и солзеле очите, или пак да ми ги пипка очите за да види дали сум заспала и сл., а негативната страна е тоа што е едноставно пусто без неа... Немам со кого да се смеам, или да ги зезаме нашите, да рипаме по кревет заедно и да играме (иако има скоро цели 20 години), да гледаме слики и да се смееме како ненормални, да оговараме некои што не нервираат, да си раскажеме денот како сме си го поминали, и уште милион работи. Тек сега уствари сфатив колку е вредно да имаш сестра и дека тоа е најголемото богатство.
Денеска случајно си го удрив малото прсте од ногата на скапаната ивица од троседот и открив дека сум ги знаел сите македонски ора ...
... Животот е подарок. И денес, пред да кажеш нешто - сети се на оние кои не можат да зборуваат. Пред да почнеш да се жалиш на вкусот на храната - помисли на милиони луѓе кои немаат што да јадат. Пред да се пожалиш на својот дечко или девојка - помисли на оние кои го молат Господ да им ја најде саканата личност. И денес, пред да се пожалиш на животот- помисли на оние кои прерано умреле. Пред да почнеш да се расправаш со оние кои не извршиле некоја од своите обврски - сети се на оние кои живеат на улица. ... Пред да почнеш да се жалиш на должината на патот кој мразиш да го поминеш возејќи - сети се на оние кој истата таа оддалеченост треба да ја поминат пеш. И пред да помислиш да впериш прст во некого и почнеш да го осудуваш, сети се дека никој од нас на светот не е безгрешен. Сети се и не заборавај!!!...
Се уморив. Не можам повеќе , не можам . Сакам да исчезнам . Да ме снема и да не го живееам повеќе овој живот . До кога вака ? До кога ? До кога се ќе гледам само лицемерни лица покрај мене ? Кога ќе ви падне маската ? Кога ќе се откажете од тоа да озборувате за некој зад неговиот грб ? Па тоа што имаш да ми го кажеш кажи ми го в лице . А не пред мене да се правиш добар и дека се е во ред , а позади мојот грб ќе ме критикуваш и ќекажуваш се што ќе ти дојде на памет . Кажи ми ја вистината директно во лице . Ми се смачи веќе од арогантни и надуени суштества . Што се замислувате ? Дека сте најпаметни , епа не сте . И знајте дека кога тогаш ќе се најде некој ќе ве спушти на земја . Кога , тогаш . Не можете да навредуавте личности кои не ви сториле ништо , и да им држите лекции . Кои сте вие за да уништувате нечии сништа со вашата самобендисаност и со мисла во глава дека се што вие правите , мислите , е најдобро ? Се надевам дека што побрзо ќе станете ендемски вид и дека ќе исчезнете сите до еден . Зашто како што тргнало , наместо да ве снемува , вашиот број се повеќе се зголемува .
Ретко имам испади во јавност, ама кога ги имам, е тогаш рушам рекорди Денеска бевме излезени со другарка и шетавме. Се загледував по излозите не поради тоа што имаше нешто убаво, туку затоа што косата не ми се допаѓаше. Само си ја поднаместував, шо е чудно за мене. Уште почудно е шо си застанав до еден излог и си се гледам така, си се местам, си ја токмам косата, знаејќи дека другарка ми е застаната до мене. Едно време ја грабнав првата рака шо ја видов почнав да ја тегнам и да се дерам: "Леле види колку ми е глупа ова косава, ај пикни ми ја ако сакаш(подавав шнола)" , кога гледам има шо да видам, влечкам едно машко кое случајно или намерно (уште не сум сигурна ) носеше иста боја блуза како другарка ми, а таа горе застаната и се смее. Се вртам и гледам сите гледаат во мене, а јас се топам. Дечкото бетар од мене. Стоевме така две-три минути, јас држејќи му ја раката без да го погледнам во очи. Си викам, е да беше ова некој романтичен филм, ова ќе беше нашата сцена, каде разменуваме погледи, се заљубуваме до уши, ама бидејќи е ова реалност, само изустив едно "извини" кое едвај се слушна и му ја збришав. И така, ако видите лудача шо тегни машки пред излози да знајте јас сум, да не се чудите.