16 Октомври ...... Тоше Проески Далечната 2007 Септември месец ја напуштив Македонија со еден куфер, мал ранец со лаптоп и голем постер од Тоше Проески кој го залепив да ми стои над креветот во Германија. После еден месец , еден ебан месец на сите медиуми кружи најтажната вест на Милениумот .....загина Тоше Проески Го пишувам постот со солзи во очите и голема тага , ептен ми беше фаворит Тоше , гордост македонска. Џабе толку години поминаа, болката е иста ......штета, толку млад, успешен, талент Тоше засекогаш во нашите срца
Некако предобро ми изгледа периодот кога имаш бебе околу 5 6 месеци, уходан си, потпораснато, не идеш на работа, по цело време си дома, уживање. Едвај чекам тој период од животот да ми дојде
После еден разговор со блиска личност се запрашав дали среќата ја бараме во другите луѓе место во нас самите?Ме праша каде се вистинските луѓе сега?И одговорив ги познавам но сега ги нема.Не дека се ретки туку дека се далеку . Животот ни носи секакви луѓе и ситуации а наше е што ќе одбереме .Поддржете некој кој се чувствува осамено пред да биде доцна .Бидете токму вие тој вистински човек за некој.
Е не зафркавај и ти, во Германија се издржува и тмурно време хаха, сега би сакала да сум таму, и дожд издржувам таму, можеби е до Македонијава, штом лани во Италија под Алпите со снег издржав 3 месеци, значи дефинитивно е до државата, а и до народот.
Јас си го сакам ваквото време, омилено ми е, па и сега кога ќе почнат празнициве ммм, од мерак да смрзнеш
затоа не ми се иде натака таму летно време е вака, не па сеа.. депресии, депресии овде е моментално 8 а завчера по прерамки можеше да се седи втф
Здраво комшика И јас смрзнав сабајле. Сдк... Откако дојдовме овде, некои пријатели на маж ми ги снема. Уште пред да дојдеме ги проценив. Зошто да успееш како нив? А можеби ќе бидеш поуспешен. Доказ дека таа љубомора ќе ги изеде луѓето.
Ааа навикни се на тоа, тука македонците се понашат као дома да си им дошол на сила . Затоа бегам од нив. Позлобно од македонче во странство нема да видиш. Алал да им е на ромите, сите се дружат и се држат заедно.
Кукаа дека им е тешко, дека едвај крпат крај со крај. А гледам слики на фб дека уживаат. Македончето гледа како да ти направи сопка. Ама баш ми е гајле. И маж ми ги откачи. Нека пукнат од мака.