Чекај не се беси уште, деновиве ќе се расчистело тек сабота се очекува пак вакво никакво да биде, тогаш ќе бараме дрво Ај пак ние мислевме на евра се топлите таму и не ви студи За ушите да ги затоплиш вака а за душата вака
Какво што е времево денеска навистина почна ми фали како што беше среде јули во најжешкото. Сега морам да барам партали да се наоблекувам, наместо едно фустанче на мене и терај.
Ние тука повеќе имаме дружено со комшиите наши, албанците, бугарите. Мнооогу попријатни се, за шо и да е ќе ти помогнат ако можат. А македонецот ќе изгаси телефон и светло и ќе се прави дека не е дома
Ние овде имаме пријатели македонци. Тука ги запознавме. Фини се. Едни од ретките. На тие господата маж ми им пишуваше да се видат, ама се остануваше само на seen. Јас се топлам на парно. Убавина
Ццц и таму не ве бери а? Избегавте од тука ѓомити за поарно, ама пак луѓе не се напрајвте Пак да збораш се најлошо за муслиманите после И на крај ете пак измрзнати сте, ништо не ве топли
За муслиманите јас неам зборено лошо никад. Јас ги напаѓав арапите во другата тема. И зошто не не бери? Супер ни е, се отарасивме од македонската ѓаолштина, јас и мм сакаме цивилизиран свет а не затуцан
Јас како стареам, така сè повеќе ги ценам сите годишни времиња. На крај на лето, ми здосадува од жештини, комарци, шорцеви; убаво ми доаѓа есента, посвежо време, дуксерче, супа, чај. Е ко ќе се соголат дрвјата, ќе смрди воздухот, ќе штипе студеното, тогаш почнува да ми здосадува ладно. Зима ко зима не ми смета општо толку веќе, ми смета градот. Наоѓам убавина и во зимата, зошто убавината е во домот и топлината. Да се прибереш дома, да се топлиш под ќебе, етерични масла во ламба, пригушени светла, да си направиш атмосфера да сакаш да кулираш дома. На вакво време имаш повеќе прилика да се посветиш на активности во затворен простор. Повеќе читање книги, гледање серии/филмови, разни креативни активности, цртање со разни техники, работа со глина, боење во боенки, можеби цртање на таблет, ако имаш со кого играње друштвени игри, карти, табла, што знам, има еден куп опции и занимации. Сам треба да си направиш убаво да ти е.
Јас би рекла... Се спасивме од малограѓанштина. Раат сум овде. Секој си ја гледа својата работа. Не се замараат со тоа дали frau Петкана го изметила дворот.
Така е, и странство не е за секој, посебно не за тие шо се удират во гради дека нема никој подобар од нив и шо не сакат да прифатат и да научат нови работи. Јас сум авантурист, сакам да посетувам нови места, да запознавам други луѓе од различни религии, култури. Сакам нешто поразлично да видам од нашиот менталитет. Ама ете, некои не можат да прифатат дека некој друг е различен од нив.
Аман колку ладно ви било.. Не е до толку, само да не беше вака тмурно. Грејна сезона нели отворена е, има кај некој пуштено парно или пак дали загревате сами на оваа температура? Почнува навечер више ко да смрди, палат изглеа дрва, се топлат. Ја сипаници ќе фатам сеа да пуштиме инвертерот или пак да запалиме ќумбето што го користиме некад за догревање. А има луѓе, малце да подзалади одма уклучуваат. У соба и на минусни температури спијам у ладно, одамна така практикувам, и се тешам дека поздраво е. Колку и да е ладно, мраз, ледара, трпам ама оној пеколот у лето, вријам одма и не можам, мислам ќе испоцркам. Така да, за поладно време поише сум. Сите годишни времиња си имаат и предности и недостатоци.
Mразам наоблечена да сум, зимно време не носам ни маица долна, ни боди, ни хулахопки под фармерки. Мразам јакни, се зимско (шал, капа, ракавици ни ме топлат и како фатена во рацете) хаха. Што викаш летно време фустанче и терај.