Година ипол животот ми се вртеше околу мојот партнер. Емоционално исполнета, се шетавме, се сакавме, се љубевме насекаде. Некој период не сме видени, а живееме во различни градови само. Се тргна надолу некако и си мозгам во главата кај згрешивме, кој згреши или така било судено. Многу е тешко кога некој ти бил се одреден период, и партнер и другар и едноставно се разделите. Барем да си згрешевме нешто...
Актуелните случувања во светот + животните стандарди + едукацијата што ја извлеков од стотици прочитани книги ме натераа да размислам дека Светите Книги, посебно Православието, имаат право. Таму има методи како да се храниме здраво, како да бидеме добри, како да применуваме етика и морал, како да го избегнеме злото и опасностите околу нас, сѐ. Колку и да сме натрупани со титули стекнати знаења и останати бесценети или безвредни вештини, Божјото Слово (за секој засебно, без да промовираме и да замараме други луѓе) е спасот. Сакам да кажам дека колку се оддалечуваме од светлина, толку се доближуваме до темнина. Колку повеќе пливаме кон длабокото, толку поголеми шанси да се удавиме... *инспирација од пандемии, војни, страдања, болести... Бидете ми добри и весели
@SigmaMan и кога ќе прочиташ нешто, колку и да го знаеш (па дури и да го имаш осетено) кога ќе го прочиташ одново и одново добива уште повеќе на значење.
Она кога ти се јаде/пие некоја храна или напиток од детство ама најголем проблем ти е како ќе се објасниш дома ако го најдат.
Самоомразата е болест. Благодарноста е лекот. Терапијата е благодарност барем еднаш дневно. Застани на кратко. Седни и поврзи се со себе. Провери се сам себе, види што ти се дешава. Рефлектирај. Кажи си на што си благодарен.
Истоо. Ми иде некад од нигде никаде таква желба за кашички, сокчиња бебешки, Чоколино не толку ама сокчињата посебно, би ги пиела и секој ден. И мислам дека не е смешно, шо дека ако се купи, нити треба да му се објаснуваме на некој. Абе терајте си го животот по ваш терк, ич да не ви е гајле кој шо рекол.
А, да не се замараш? Многу возрасни јадат Чоколино и не им е гајле. Јади си, пиј си што ти душа сака.
Јас баш помала не сум јадела, кога имав 12-13 години сакав, сега па не сум по благото, и да сакам чоколино би јадела, гајле ми е што мислат другите.
Yes. Одвојување на време секој ден за благодарност е едно од наједноставните нешта што можеме да направиме за да постигнеме поконстантно чувство на среќа. Го тренираш мозокот да ги гледа и да се фокусира на убавите работи во денот.
Детските сокчиња во стаклени шишенца се баш вкусни. Ама кашите... ноу, ноу. Поготово солените. А овошните се скоро сите претерано слатки, како мармалад. Од таа причина не можам да ги смислам ни оние смутињата во pouch за возрасни, исто ко каша да пиеш. А инстант каши си јадам и пред да се роди ќерка ми, ама исклучиво само едно, овој ЧокоЛЕШНИК: Далеку повкусен е од другите, поради лешникот.
Премногу размислувам периодов, различни проблеми искрснаа, се надевам дека Бог ке умеша раце и ке биде се ок
Да, да, се согласувам за кашичките, посебно солените, стварно се бљак, благите ај може да пројдат и некои баш се преблаги ко шо викаш. Таа со морков ми е така подобра, а тие овошните јаболко и што ти знам други доста се благи. Ама затоа сокчињата. Кај го има ова? Штета што пазам па благо не јадам сеа, ќе сакам да го пробам или диеталнo е можеби?
Чоколешникот го има во Стокомак (има и голема верија само Чоколино, слична амбалажа се, ама овој со лешник е повкусен, поароматичен некако). Не е диетално, ама реално колку па можеш да изедеш. Јас лупам и лажица путер од кикирики, а понекогаш и малце чиа семиња. Исто, овој го имам јадено, ама не ми беше вкусен, многу бледа арома имаше: https://www.podravka.hr/proizvod/cokolino-protein-power/ Можеш да го правиш со млеково: https://shop.lactalismk.mk/alpsko-mleko-high-protein-0-5-mm-1-l Мислам дека е солидна ужинка десерт. Исто, овие ги имам видено во Веро, ама ги немам пробано: https://www.podravka.hr/proizvod/cokolino-dark/ https://www.podravka.hr/proizvod/cokolino-fit/
Лелеееј кај ти текна? Знаеш дека големи се шансите да е. Па и аватарот, бојата. Фала ти многу за предлозите. Треба да се пробаат. Од Чоколино, само обичното го иам пробано.