Најинтересно ми е кога е облечена во венчаница и прави свадба и во опис на сликата пишала "СВАДБАА"...Ма немој да ме заебаваш јас мислев војска одиш ...
Колку ме нервираат луѓе кои не се одлучни, ама всушност знаат шо сакаат, ама се мислат и прашуваат за совет, а всушност бараат потврда за она што веќе го намислиле. Е на таквите не дај боже да им го кажеш спротивното од нивното (иако бараат "искрено" мислење), одма те напаѓаат, ти ништо не знаеш, таа си знаела шо е најдобро за нејзе.... Нареден пат доколку бараш совет и искрено мислење од некој, или прифати ги или подобро не ни прашувај. Чао.
Сакам да кажам дека ме нервира другарка ми Добро, девојко оти така си играш со емоциите на дечко ти навистина ми е жал за детето.Кога сака она му се јавува, го лажи еве 8 месеци се во врска
Ова последново се однесува на мене да си кажам да нема забуна...знам на нешто што ќе налетам што вреди да биде објавено било некогаш да е од мене пишано па објавено на триста глупости на фејс па било да е превземено од некој друг, не го правам тоа за лајкови или ѕвездички како ли се викаа тие тука , го правам со единствена цел да алудирам дека паднавме под ниво на ретардираност и кога ќе го кажиме тоа нешто гласно поединци за да чујат сите започнуваме да добиваме етикети на хејтери, личности што се занимаваат со туѓи животи...пукајтеме, хејтирајтеме, кудете ме јас сум таков и тука и во реален живот и таков ќе си останам се додека постојат личности да објавуваат секакви глупости на сите социјални мрежи со цел собирање на лајкови, добивање на нечие внимание ќе не има и нас ваквите...така наречените хејтери, убава ви вечер .
СДК дека жалосно е тоа што во денешно време во светот никогаш не е имало повеќе средства за хигиена, детергенти, сапуни, уништивачи на флеки, омекнувачи, купки за туширање, шампони, регенаратори, стикчиња, дезодоранси, ролони, магични камења за против потење, креми, помади.....а луѓево посмрдливи никогаш не биле. Зарем е можно? Не станува збор за некој голем и не знам колку голем изадаток на домашниот буџет личната хигиена, па да се бара оправдување во економскиот момент.Не. Никако. А бре сапун и вода се вади. Ама да се практикува, оти палома не е за дома.... Може да си секој ден со иста блуза, кошула...за разменка може да се нема многу, ама барем летово е мајка за сиромасите. Приквечер испери си ја. Не мора со скап прашок. И сапун се можело.Закачи ја- ќе се исуши. Утре пак облечи ја.И ти пријатно ќе се чуствуваш, а богами и тие од твоето опкружување. А за оние пак кои имаат и за разменка гардероба, и мал оддел за хигиена од маркетот префрлен кај нив дома на специјалниот рафт за средства за хигиена, ама само онака за реклама...а као мал престиж пред пријателките, кои кога ќе им се приоди до веце а се кај нив на кафе....да воздивнат со уааааууу. чиста дана. ХММММ И жалосно е на денешно време да апелираме до луѓево за превземање мерки за заштита од жолтица. АЛоооо миење раце почесто.А некој и откако ќе излезе од веце не ги мие, а не па онака из каприца.... Срамно е барањево ама ќе го упатам. Одржувајте хигиена. Хигиената е половина здравје. Бањајте се почесто, перете си ја испотената гардероба пред пак да ја облечете истата и задолжително миејте раце особено пред јадење и по одење во веце. тенк ју вери мач. Таг Луничка....мало дополнување на едно нејзино мислење на оваа тема. Малку парафраз/фрас удрив. Не ќе се налутиш нели ?
Смислив некоја моја нова диета :geek: кога немаш апетит или пак кога си гладен ,а сакаш да симнеш некое килце не трчај до фрижидерот туку тркни си во темите за храна што се на форумов ,ѕирни си низ сликите,рецептите и ќе ти помине, ем ќе заштедиш на храна ем оп некој грам помалку во денот.Ја така си направив вечерва досадно ми е ,не сум гладна ,немам апетит а мозоков ми оди во храна и шта чеш ќе гледаш колку вкусно зготвиле феминките .
Нема ништо поубаво од кога ќе се соберете еден куп роднини,без никаков посебен повод,на ладно пивце,винце и скаричка. Муабети до бескрај,шали и смеи,приказни од постарите за нивното време,со мерак да ги слушаш. Во позадина свири музиче од она народното,па одвреме навреме ќе се запее некоја што удира в душа или ќе се заигра, да се размрда. И тие се моментите кои се паметат, деновите поминати без мислење на проблемите,во веселба и уживање. Бидејќи не живееме само за обврските и работата,не живееме за да бидеме осамени и изолирани од сите,сепак живееме да споделуваме и добро и лошо со наши луѓе.Колку да се посмејат,знаат и да се насолзат,ама тука се.Колку и да се далеку,за дружба и собирање секогаш ќе дојдат и ќе придонесат. Така да,денес наздравувам за сите роднини и пријатели,за тие луѓе што знаат да не налутат,но и да помогнат кога е потребно.Бидејќи сепак ни се потребни. Нека има повеќе вакви денови. http://www.youtube.com/watch?v=Nwag0yGXXw8
Навидум еден обичен ден, однапред испланиран од утро до вечер. Рано станување зошто ќе се прави зимница, а попладне ќе се чисти зашто сабота е ден за чистење нели. Со истата мисла бев се' до пладне кога добив неочекуван повик. Смрт, погреб ми објаснува од другата страна. Прашувам кој умрел, иако убаво разбрав за кој се работи. Од што умрел, иако ја знаев причината. Не можев да отидам, иако можеби, можеби потајно сакав. И после тој повик моите мисли се насочија во сосема друга насока. Личност од моето детство. И се присетувам колку убав период беше тоа. Колку среќни бевме тогаш. Како вчера да беше. Што бевме, а што станавме. Која е причината за тоа? ... размислувам. ... Одговор немам!
Некои работи едноставно никогаш нема да се променат. Ничие влијание не може да ги промени. Дури ниту времето не може да го предизвика нивното губење, а потоа и заборавање.
Ме немаше на форумов речиси една година... Кога слушаме за нечија болест, операција... обично сме во шок,но водени од трката со време, обврски и свои проблеми, брзо забораваме на приказната... Животот е убав, уште поубав со своите сакани и си мислиш дека лошите работи се само вознемирувачка приказна која ќе ја чуеш меѓу два состаноци или кафе низ град. И од нигде никаде, нештата се редат како во најлош хорор филм.Брза помош, интензивна нега, снимање, операција од 7 часа...48 часа без туш, без паста за заби, во иста облека...само многу излеани солзи пред Ургентен Центар и тооон испушени цигари...Зошто мајка е една.И единствена.И се сака до бескрај. Сега е добро.Одлично.После многу месеци опоравување, многу грижа и многу, многу љубов и внимание. Но, јас веќе не сум иста.Научив една голема лекција. Животот е суров и непредвидлив.Времето поминато со најблиските е неповторливо.Искористете го максимално.И подарете им многууу љубов.