Знаете каква е оваа недела? Чизи!!! Скроз чизи!!! Таква што каде и да стапнеш по тебе оди нешто од Мајл Болтон. Таква во која му ја врзуваш машната, му ги местиш копчињата на кошулата и одите на свадба. Таква во која те плеска за гз и ти вика за среќен ден. Иста ми е. Со обична фризура, гол грб на ладно време, со него за рака, до крајот на светот, макар премрзната!!! Скроз романтично. Башка што ќе го фатам бидермаерот чисто од натпреварувачки причини. Од истите во последниве две години буквално нема бидермаер што не го имам фатено (моето алтер его се вика Сноу Квин ). Пресмешно е да им ги гледаш згужваните фаци на таквите кои веруваат во ооо неговата светост и вистинитост дека ќе се ќердосаат кончено, а не поработиле ни ден на себе си. Шалата на страна....да имаше безбол во Македонија ќе направев женска лига и ќе бев најјак фаќач. Што раче ќе имав, само го кревам и во рака ми паѓа. Не знам зошто од секогаш на татко ми тоа му било битно - да не бидам трапава и да знам убаво да подавам и прецизно да фаќам. Еве тато дојде ден таа вештина да ја искористам.
Лицемерството не е тежок занает,секој може да е 'специјалист'. Но, да зборува отворено и искрено од целата душа.... можат само Благородните срца. Не се плашете да го кажете тоа што си го мислите. Некои луѓе нема да го примат вашето мислење,други може и да ве критикуваат за вашите зборови... Но оние кои ве познаваат и оние кои успеале да ве запознаат верувајте,им значите,знаат колку вредите... и секогаш ќе ја ценат вашата отвореност !
Не сум запознала досега маж кој рекол: се заљубив во нејзините нокти, во нијансата на лакот, во бојата на косата и омбре изгледот, во комбинацијата на пликцето со сандалките на платформа или шишките кои и беа скратени како на Ники Минаж. Ипи пак во пунџата како Анета Молика Маж би видел цицки, газ и насмевка. Се друго е преувеличување на жените за да истакнат очи, тен, нијанса, а општо познато е дека мажите не разликуваат бои како нас. Ке се нашлапа девојката со 4 сенки на очи и ке става туш додека не ја запечат очите, па да се расолзи и после пак од почеток, ама маж една нијанса нема да види... освен ако не му остане трага на кошулата од тоните пудри и сенки. Затоа јас се трудам не бидам ко караконџула во фризурата и лицето, а единствената шминка која ја ставам на мене за да му бидам убава на дечко ми кога треба да ме изнесе на пиво и чипс, е во форма на букви во некои од неговите омилени книги. Нема подобра шминка од библиотека.
Ајвар, ајвар, ајвааарррр Се крчка Исто како кога бев малечка, мајка ми уште не ми дава да го бркам да не сум се изгорела. Она била главната домаќинка, кога ќе сум си правела сама ајвар немало да се меша.Хмм баш да видиме Мелев, лупев доста било. Сега чекам маф да го напраам.( смајли што му течат лиги)
СДК... Тајната на успехот е во постојаноста на намерата да се успее. Секој успех е триумф на упорноста, а вербата во успехот е половина успех.
Јас сум од оние девојки кои не можат да ги остават ноктите со лак ако е подизваден. Многу се нервирам кога ќе видам некоја девојка средена, нашминкана на нозете со полу изваден лак... ама зошто не го изваде цел и не си стави повторно, зоштоо ? На цел тој добар изглед, тоа полу лакираното многу грдо изгледа, па посебно ако е со некоја повпечатлива боја. Не знам како манјак сум за лак малце ако се изгреби си ставам нов. Се изнасмеав кога прочитав дека сношти на свеченоста во Битола, пола од салата се исппазнила, на сред настан. Зарем картите на некои дечишта им ги дале, за да се испуфкаат таму и да пијат гратис коктели ? Памет за наредната година, ако не ја префрлат манифестацијата во Скопје, картите да им ги дадат на луѓе кои навистина требаше да бидат таму. Си ја сакам другарка ми која сношти без никаква причина ми купи тофифи. Како сум се насмеала кога ми го даде си ја изнагушкав. Треба да постојат повеќе луѓе како неа, да шират позитивна енергија, да греат многу срца, да те охрабруваат, да те тераат да сакаш да живееш. Обожавам луѓе со таква позитивна енергија како нејзината.
Чка, истакнатите атрибути него му доаѓаат како палачинка со крем, а ноктите (во екстремен случај да ти ги примети), ќе му дојдат како шарени трошкички врз палачинката. Така да нели поседуваш ти фул пакеџ, на косата сакаш лакови ставај и, сакаш со свински сапун миј ја, прегори ја, тој нема да има поим каква боја ти е. (Освен ако не му засмрди, е тогаш да, ќе ја погледне).
Дома во трпезаријата имаме еден убав резбан креденец, нареден со чаши за секаков вид пијалаци. Мајка ми одамна ми вика дека ќе ми го дала за мираз. Па ѝ викам: Ама не го сакам празен. Да ми го дадеш со сите работи внатре Во последниве неколку години го наполнив со секакви видови шолји за кафе. Ми се чини дека имам шолја од сите можни форми со сите можни дезени. Со цветови, точки, линии, срциња, зрнца кафе, цитати, мустаќи... Најсмешно е што ретко ги користам, само кога имам гости. За мене си имам една омилена шолја која пред некоја година ми падна во мијалник и пукна. Горе на врвот ѝ фали едно парче и низ целата шолја се гледа пукнатината, ама пак кафето ми е највкусно кога го пијам од неа. Еднаш мајка ми ми ја тргнала на страна со намера да ја фрли, па цела куќа ја превртев за да ја најдам. Ми вика: Дете, од толку шолји во куќава, до таа ти дојде? Ама џабе ќе ѝ објаснувам. Посебен психолошки момент е тоа Најновиот сет шолји го нареков Оговарачки Ми ги носи мајка ми и ми вика: Е уште вакви ти фалеа во колекцијата и веќе не знам дали постои нешто друго што го немаш. Сега си подмирена, доста со шолјиве, ќе попуштат полиците во креденецот.
Сакам да кажам, во последно време темелно ја разглобувам секоја постапка и ја анализирам небаре не знам што е. Премногу внимание посветувам на проблемот што требаше веќе добри 3-4 години да биде минато, а пак ме демне и ми се враќа. Постојано ме потсетува дека е тука, а не планира ни да си замине во скоро време. ^ АнаКаренина, и мене шољиве за кафе ми се опсесија.Ама јас во текот на денот си пијам од 3-4 различни. Шознам, ко психич сум, зависно од расположение менувам шоља. Ааах, колку е само прекрасно кафето во некоја убава, креативноколоритна шољичка....
Незнам каде па ке споделам тука ! еве што ми пиша еден манијак на фемина Испратена на: пред 35 минути Од: dean.sk До: Nana19 zdr....kako si ti ..sto ima novo kaj tebe ...kazimi dali bi sakala da se dopisuvame ili da zapoznaes drustven prijatel od sk ..dokolku bi sakala add na skype posto tuka so porakive e nekako sporo .... skype drustven30 Аватар на корисникот dean.sk Фем почетничка Мислења: 0 Зачленет: 03 Мај 2014, 13:14 СЛИКАТА да не ви ја ни покажувам ...Перверзија не видена администратори банирајте го на што личи ова , ако неможе да најде девојка нека не се труди вака нема да успе.. Зарем уште постојат вакви мочковци ? Ставил слика од ... и ке пишува пораки ? Банирајте го перверзњакот
Спојлер Истата порака и мене ми стигна. Ја пријавив, модераторите ќе си ја завршат работата. Не му одговарај. Ајвар - done. Заврна дожд, ама мојот нов чадор си ја знаеше работата. Така му било пишано, првата употреба за ајвар ќе му е. Ве чекам ,дојдете на лапачка, има за сите. Колку време го чекав, а од сите страни ме стрвеа, ајвар та ајвар. Ете го сега ајварот. Мислам дека оттаму, одваму, изедов околу пола тегла. Ако де, и тоа е за луѓе. Изволте : Спојлер
Не ти е до смеење ама одма помислив, на некој девојката му пекала долго време за такво сако, па се послужил да ја изненади. Инаку пред некои 7,8 години со друштво во дискотека, при одење не една, него две јакни ни фалеа, на другарка и на дечко ми тогашен. На двајцата беа нови. Па и некој ако зима, убаво ќе земе, што ќе му е старо
Ми скурчи интернетов. Абе то добри вили, хуманитарци, врие поштеноќа, искреност, на мува не би згазиле, сите се прашуваат кај отишла добрината и убавината на човештвото, кај се вистинските љубови и пријатели, зошто сите биле лицемери... Зошто? Зашто и вие не сте нешто поразлични! Сите сме, горе-долу, исто ѓубре. Кога дошло време пристојниот живот да е луксуз, нема фер игра. Па дај бе, рецимо, вие што одите на кафе секој ден наместо на часови, а немате две чисти во црпката, дајте ги парите некое сиромашно, а интелигентно дете да се школува. Еве, направете ја таа жртва кога веќе се портретирате себе маченици од типот Исус на крст и сви мене газе пошто сам поштен човек. Или тоа не ви се дава или од дома нема да ви дадат? Епа, добредојдовте во реалноста, каде секој за свое задоволство и напредок гледа. И бар од овие „светциве“ што ги знам лично, никој не може да ми докаже дека ги поседува сите квалитети по кои очајно пека и тупи без осет секојдневно. Get over it! Само во мое присуство можам да ви набројам ситуации кога сте биле идиоти, лицемери, лажови и остали „леле, зошто луѓево не можат да бидат...“ моменти, а не низ цел живот досега. Мрш! Е, али факт е дека овие наивниве се мноооогу поопасни отколку некој што отворено ќе ти излае. р.ѕ. Аман бе, мене никако да ме најдат тие батки со патки да си праќаме сликички. Може ги има за дупликат 86ка и 113ка што ми фалат за да го пополнам албумот со кучиња и мачиња што беше. Што им се потресувате па. Еден ќе банираат, друг ќе никне, животни круг. Демек они платформа средија, па уште манијаците останаа несредени. И демек па на прозор дома ми ги залепил ташаците - нешто што у живот немам видено.
Среќа! Ги сакам семејните веселби! Ме потсеќаат колку всушност сум богата! Безброј искрени насмевки, споделување на среќните моменти, гушкања! Незаменлива е радоста на моите најблиски... Малкумина знаат да препознаат вистинска среќа, за жал...
..дека денешнава младина отиде у к**** значи не знаат да се забавуваат, више досадни се со тие паметни телефони, алоооо сега ако не уживате у животот, после ќе ве видам со деца кога ќе бидете. Ај чао!!!
Кога ќе слушнам некоја убава песна ја отечувам од слушање...После ми здосадува и ја заборавам...По некое време ќе ми текне на неа и пак истото
Колку само не сакам лицемерни луѓе. Познавав една девојка, на времето би ја нарекла другарка, најлош случај за дволичност и лицемерие. Таа не сака излегувања по дискотеки, се срами од нашата генерација што си облекуваат високи штикли и се шминкаат. А, да ја видиш секој викенд како излегува по градот со штикла 15ка, минич до пич и вештачките нокти, нема да ја препознаеш. Цело време додека нејзината најдобра другарка не е до неа, сите муабети и' ги вади, а кога е таа тука, станува најголемиот газолижач. Го мрази фактот што младите се залепени за телефоните и се опседнати си фб, а да седнеш до неа едвај 2 реченици муабет ќе ти направи, другото ќе биде позирање за селфи и седење на фејс од телефонот. Бич плиз. Понекогаш ми е мило што одредени личности веќе не се дел од мојот живот.
Книгите средени,дома чисто свети,се испрано,испеглано,купено се што е потребно за престојната сезона. Сега сум ептен во есенско расположение. Добив најдобар подарок од другар ми- тегличка ајвар и тегличка слатко од дуњи. Сега си гледам Friends и пијам преубав чај со есенска арома со портокал и цимет ,мњами.
PC Не компјутер, оноа другото, политичка коректност. Треба да стане предмет на изучување веќе што смееме да речеме а да не се некој навреди. Порано не си смеел да речеш црн човек, туку обоен. Денес не смееш да речеш обоен, туку црн. По врат по шија. Свекрва ми не ја фаќаат овие правила, сенилна жена, па како освежување ми доаѓа нејзиното покажување со прст кон медицинската сестра со види ја дебелана црна кучка Не да и кажам да ќути, со тоа што рокнам да се смеам и јас не сум PC ама не се смеј да те видам