Деновиве очигледно сиво - црната техника дома се обединила во тоа да ни тренира живци (белата - фрижидерот, шпоретот и телефоните, да чукнам од дрво, не откажува послушност). Арно се вели, дај му на човек бавен компјутер и ќе го процениш колку всушност е трпелив. Ама океј, ми ги тестира живците ден - два интернетов, ми ги истроши пцовките и се опраи, да не го урочам. Ама иде друг случај, вчера Талија и грмотевиците ни го средија макс тв-то, сунце јој калајсано... Луѓе, да знаете... вие што мислите дека можете без телевизија, најдете некој да ви исклучи ТВ од струја и да ви ги скрие некаде каблите. Или ако сте троа повеќе авантуристички настроени, оставете све уклучено на наредно вакво невреме, како мене. На сред Скопје се осеќам како на планина, уште да беше планинска атмосферата и сама да си го дадев „предизвиков“, убаво ќе беше. Од кога памтам за себе, цело време уклучен телевизорот, ритуал ни е тоа дома, мајка ми вика, како друштво ни е. Едноставно на компјутер не е тоа - тоа, сакам да се истргнам на кауч и на средина на дневна да си гледам, абе дури подобро е треторазредна синхронизација да слушам од другата соба. Важно нешто да шушка бе луѓе, вака како да ни е тивка дневната соба. Жими све, утре ако не дојдат овие за поправка, кога ќе дојдат ќе ги лансирам... Конклужн: од сега строго придржување на она македонското правило, видам ли дожд да почне, и мобилни може за секој случај да исклучам! Ама ај, да гледаме позитивно, барем конечно се запознав асално со учебнициве. Мислам, ќе ме сфатите озбилно ако ви кажам дека ни две ни три, цели 4 лекции физика смачкав од мака... you feel me, right? Ajт ариведерчи.
Денес си направив купка се опуштив малце ,потоа се намазав со ласион за тело ,во собата си ги запалив миризливите свеќички воедно вежбав јога .Прекрасен ден се надевам и вечерта ке биде прекрасна со лубовта на мојот живот
Порано воопшто не сакав да поминувам време со моите... Само гледав да излезам со друштвото, често ми велеа седни на муабет малку со нас а јас ги погледнував прашално- што ли ќе правам муабет со вас. Сега ми е многу поубаво и преферирам да и направам ручек и да си седиме заедно со чашка винце. Баш сеа ми звонеа за кафе а јас реков дека ќе ручам со моите.... Мајка ми се пукна од смеење, еее се сеќаваш ли некогаш бегаше од нас. Срамота беше да одам на одмор со нив. Оваа година пукнав од мака оти немав одмор да отидев еден викенд со нив оти е прав одмор и вистинско фамилијано уживање. Ех како се менуваат времињата, да ми се живи и здрави не знам со што ги заслужив.
Мразам дожд! Сакам да биде сонце, да излезеш да се прошеташ, без притоа да бидеш испрскан или избањат. Не сакам вакво лето повеќе да се повтори.
Малку ко да ме боли глава, ама па сум си relax. Би испаднала надвор, ама временцево и не е за надвор. Си седам дома на кратки панталони, нагоре блузиче со кратки ракави и си мрзнам. А тоа само оти ме мрзи да станам да се облечам. Бидете ми поздравени, а jа отидов да се прошетам до фриждерот, чисто колку да видам шо има у него.
...дека сум пресреќна! Деновиве ми беа малку тмурни,заспани,пасивни,одеа споро и не ми даваа посебна причина за радост,додека... не добив едно големо срце на подарок Не е големо де,малечко е. И кремасто И во него ја има целата љубов и среќа на овој свет. Кога првпат го прегрнав и го видов како се радува,прета,мрда со опавчето,душава не да ми се стопли,радијатор ми стана Почнав да се радувам како детенце кое за прв пат пее на Супер Ѕвезда,и го засакав инстантно. Послатко е од првата љубов! Моево девојченце многу нежно лае,како да квичка,и ме лиже како да сум оној Магнум сладоледот со дупло чоколадо,трчка како блесаво,и многу моча Мочла мала. Лабрадорче е,се вика Лина... но сакам јас поинаку да си ја „прекрстам’’ Некое убаво,уникатно и смешно именце кое ќе и стои на живоста и пргавиот карактер. И сеуште мислам. Не постои име доволно убаво за нејзе. И оние што велат дека љубов на прв поглед не постои,се лажат или никогаш во животот не виделе кученце.
Ази, честито кутре, ако сакаш да знаеш нешто повеќе за Лабрадорите, прашај. И предлог за име: Клои. Омилено ми е. И знам какво е чувството... кога татко ми ја донесе Бекла моја, таква ситна, малечка и невина, ме лижеше по врат кога ќе ја кренев во раце. Исто така многу се плашеше од кучиња, но денес на протестот со сите можни кучиња се подушка и поигра. Туку, каква иронија... баш после протестот против насилство, еутаназија и експериментирање врз животните најдено е отруено 2 месечно кутре... Толку им фаќа паметот... Катастрофа, на место кон подобро, на лошо отиде...
Чуден период ми е овој. Не можам да одредам како се чувствувам. Ме напаѓа некое депресивно чувство и блага меланхолија од која сакам да избегам што подалеку, а тие како сенка се секогаш на чекор позади мене, ми дишат во врат, ги чувствувам. Во последно време дури се фаќам себеси како останувам до ниедно време во ноќта, се превртувам во кревет додека не зазори обидувајќи се да заспијам. Немам ни волја за да правам некои работи, ниту ми се излегува, како да ми згаснува енергијата онака пополека иако сеуште има некое жарче што тлее. Свесна сум дека не сум добро друштво во моментот, не сакам да споделувам мрачни мисли и да ширам негативна енергија наоколу. Ме фати и огромна носталгија за некое минато време кое стои подзаборавено во албумите со слики, за кое би дала се да можам да го вратам, да ги вратам и луѓето од тие фотографии барем на миг. Се натерувам себеси да плачам, да се испразнам, ама суви ми се очите. Единствено што ми преостанува е да се тешам дека е блага меланхолија и монотонија, типична за овој период од годината, надополнета со ваквите временски услови, и да се надевам дека со појавувањето на првите сончеви зраци ќе ми се врати доброто расположение и енергијата.
Често ми се случува да не сакам да разговарам. Исто како и денес. Само издишувам тешко, небаре го испуштам последниот здив. А последните зборови? Каде се тие? Би требало да ги има, да кажам кој ми значел низ животот, кој сеуште ми значи, кои моменти ќе останат засекогаш во срцево. Но, нее. Не е дојдено моето време. Сеуште е рано. Само душава ми плаче. Од среќа, не од тага. Се радувам што некои работи никогаш нема да се сменат. Се радувам и на дождот. Се радувам затоа што за неколку денови на земјата ќе пристигне едно мало ангелче. Се радувам затоа што ги имам овде личностите кои ги сакам. Се радувам затоа што во мене сеуште тлее оган. Се радувам затоа што сеуште сум дете. Можеби имам причини за плачење, но имам дупло повеќе причини за смеење.
Хај Ево мене опет после подолг период, кој некако многу бурно настапи и ме затече неподготвена. Некако ми се изнасобраа милион работи изминативе месеци, па од што толку многу имав да кажам, не знаев од каде да почнам, па затоа не ни пишував овде Како и да е, здрава и жива сум, нашетана до максимум и со полни гради задоволство. Лондон е прекрасен и магичен, јас и тој успеавме да го доживееме на безброј начини, да го вдишеме, да го впиеме секој дел од него, да најдеме магија во секое ќоше, да испиеме пиво во секој паб каде што ќе стигнеме. Воодушевена сум, не знам дали воопшто да почнам да објаснувам и раскажувам, зошто ќе нема крај Затоа, накратко само, најубавите три недели во мојот живот, што заради Лондон, што заради него, кој ми го разубавува животот на сите можни начини, кој ме прави подобра личност секој ден. Повеќе од деценија сме заедно, се знаеме како дишеме, сме биле на безброј одмори досега, но овојпат беше некако поинаку, подлабоко. И тој ми го кажа истото, дека овојпат имало нешто посебно прекрасно и дека никогаш порано вака не се чувствувал. Што беше толку посебно не знам да објаснам, ама знам дека сакам да бидам негова засекогаш, а и тој мој. Нашата дома очекуваме да биде спремна до Нова Година и едвај чекам да го делам секој момент од секојдневието и воопшто животот со него до мене Муабетов требаше да ми биде за патувањето, не за него, ама ајде Есента гледам веќе тропа на врата, а тоа неизмерно ме радува. Ја обожавам! Едвај чекам да ги облечам есенските парчиња со кои се подновив, а многу ги има Патем, Лондон е рај за шопинг манијаци И така, не можам да дочекам да залади! Омилен период од годината ми е есента и како и многумина, и мене ме асоцира на нови почетоци, колку и да звучи клише Тоа е тоа, се надевам на една убава промена од следниот месец, која не знам дали ќе се случи, но страшно би сакала. Па држете среќа и имајте убава вечер
Се` што фали на планетава е малку повеќе позитивна енергија. Малку треба да ги оставиме проблемите на раат. Од волку кукање, дури и нив ги боли глава. Не бива со жалење, туку со труд, пот, желба и насмевка!
Мојот ден: 1. 2. 3. 4. Сега на ред е . А ноќеска претпоставувам ќе се разбудам и ќе . Па ќе си продолжам со . Ако, за фалење е. :си.се.тапшам.по.рамо:
Долго време ми стои мислава на срцево.Конечно решив да ја споделам. Па,вака,јас сум личност која многу се приврзува за работите и личностите.На истиот начин се приврзав и со форумов.Сега форумот за мене претставува едно многу поинакво место од само форум.Овде чувствувам една голема блискост и поврзаност со многу членови,и мислам дека таа поврзаност ја нема на никој друг форум.Обожавам да ги читам вашите постови,обожавам да ви помагам или утешам кога имате некој проблем,обожавам да се заебавам и виртуелно да лудувам со вас,обожавам да ве обожавам,обожавам што форумов постои.Има на форумов оговарачки,злобни,ангели,агресивни,позитивни,негативни но верувам дека ако некој од сите овие членови не би се зачленил на фемина,форумов не би бил тоа што е.Со мал исклучок на перверзњаците и троловите кои во последно време само мене ми се закачуваат. Обожавам кога ке правам муабет со феминка со слични интереси и мислења.Обожавам кога ке напишам мислење во кое фантазирам до бескрај и не сум осудувана.Си ја обожавам мојата генерација,која инаку не ја сметам според годините,туку си се знаеме тие кои сме во слично време „родени“ на форумов. Ги обожавам квалитетните мислења на постарите феминки,ги обожавам мислењата кои не смеат до солзи,ги обожавам модните феминки,едноставно...го обожавам форумов.Форумот ме научил многу,многу и ке ме научи.Се надевам дека уште многу години редовно ке си пишувам овде.Ве чувствувам како многу блиски,како да ве знам со години.Се надевам уште многу ке се читаме меѓусебе. Поздрав,ве сака Srckata28.
Многу се радувам на успехот на блиски ,мили личности Никогаш туѓиот успех не треба да биде причина за љубомора туку напротив треба да се учи од успешни личности и тоа да послужи како мотивација затоа што со добра волја и труд се постигнува секоја цел во животот. п.с спремам многу добар подарок за личноста се надевам ќе и се допадне и ќе ја потсетува на мене како добар пријател
Кога на двајца им е судено да бидат заедно, не постои време што ќе биде предолго, не постои далечина што е најдалечна и не постои личност што може ги раздели.
Јас нема да пишувам за дождот, за љубовта, за есента... Го гледам премиеров ни едно бело влакно на глава а генерација сме. Јас сум за фарбање, на патецов се појавиле... Е добро де не си ти премиерка па да се грижи цел тим за секое твое влакно. Јас си го имам личниот фризер дома, е сега што има еден фат, е*и му мајката Дури ме исфарба може да си дремнам и сон да сонам. Па ќе почне, зошто бе не одиш на фризер ко сав нормалени свет Мислим и јас сум нормална бе, само пишман аџија. Сдк тргни, па нешто излегло и така во круг... Ај мор Озбилна, ќе те прошлака фризерон дома за без пари И од дома можеш да бидеш класично, мистична, црна ебаго