Ако раѓаш деца за да ти бидат патронажна служба на старост, тогаш си најсебичен човек на светот. Точка.
Ако раѓаат деца, оти сите луѓе околу нив имаат деца, а тие не. Притоа ниту се средиле финансиски, станбено, емоционално, бракот им бил договор и не се сакаат меѓусебно. Тогаш, се случај за посматрање.
И оди муабетот мама ќе купи количка, татко ти креветче, вујче ќе купи ова, вујна она. И ќе се проси по фамилии за јакни, патики и триста потребштини за децата.
Замисли, четиричлено семејство, живее само од една плата. Ниту одмори, ниту викенди, туку секој денар се стега и за најмали потреби. Кога ќе побараат пари децата за некоја своја потреба, веднаш нема. И овие ваквите обично кажуваат, ние изгледавме семејство, знаеме деца како се воспитуваат. Како, со bare minimum? Срам и беда, да работат ова социјалниве служби поактивно. Оти уште ги има вакви.
Ме одбија од работа официјално ,знам зошто ,бидејќи прашав дали имаМ некогаш викенд,работиме од понеделник до сабота,и сите државни празници,само 1 смена. за 25000.Тоа е исто како работа во мол 365 дена ,само нема 2 смена.На газдите и тие од ХР,треба да им кажеш дека си од провинција дојден и под кирија,немаш кола,не учиш на приватен факс,никој дома не ти работи,да бидеш очај и грев и да ги молиш ко бог да те примат ,да веднеш глава.Ќе знам за другпат ,изгледа сум заборавила колку многу сакаат глума и понизност,па кога ми се нафрли таа од човечки ресурси со прашања,за работно место во кое стои- може и без искуство кандитати.Плус ме примија на разговор со препорака.Изгледа услуга ми прават.
Вчера ја почнав сезоната со Hallmark божиќни филмчиња. Сценариото е следно: убава и успешна девојка удавена во сопствената работа и амбиции под присила од блиска пријателка/колешка се враќа во родниот град каде што сѐ на сѐ има 1000 луѓе, налетува на механичар/фармер заљубен во Божиќ, по можност сингл подолго време/вдовец/самохран татко. Горенаведениов тип повторно ќе ѝ ја врати магијата на празниците и ќе ја научи на љубов, емпатија, време за блиските итн. итн. иако се хејтаат на почетокот меѓусебно. После таман пуштиле чекор напред, ќе се случи некое недоразбирање, па ќе се скараат привремено и поради други фактори едниот ќе реши да попушти и ќе се смират. За на крај да си кажат колку им се сменил животот во рок од една недела и колку се сакаат најмногу на светов. Оригиналност - не толку голема, cheesy af, многу благца со ѓумбир, разнобојни божиќни џемпери и украси, тотално предвидлив крај, точно еден бакнеж во цел филм - и пак периодов скоро сите ги гледаме. Па нема подобро нешто за пуштање ум на пасење.
Иначе вчера баш фатив на ТВ еден и иако имаше се горенаведено (секако) , имаше и (уште) подлабинска порака, којашто морам да кажам и признаам искрено допре до мене.
Знаеш како издржуваат? Со помош од родители. Мама и тато им ги плаќаат сметките, им купуваат храна. И плус... Им ги чуваат децата за они да си шетаат. Сфаќам баба и дедо да причуваат внуче, ама некои претеруваат. Ама за тоа се виновни родителите. Што да му правам... Дете ми е. Е па.. На глава нека ти се качи.
По којзнае кој пат се покажува дека македончето е безобразно. Си прашува човекот кои документи му требаат за во Германија за да работи со Мк пасош, а господата Македонци одма почнуваат со коментари од типот - Побарај на интернет ако си писмен, ти треба потврда дека си луд, ти треба потврда од претседателот, ти се работи или ти се шета, научи јазик па после дојди... И да не набројувам. Особено ми се смешни оние кои коментираат за јазикот. Демек они се писмени. Ајде бре. Сигурна сум дека повеќето од нив појма немаат. Ама мора да исмеваат некој друг. Да не може некој нешто да праша од нив. Мора да има такви паметни.
По незнам кој пат веќе сум разочарана од блиски луѓе. Разочарана но не и изненадена. Затоа ја тргнав личноста од мојот живот во истата секунда кога ме разочара. Чао аморе.
Сдк... Камо да можеше да знаеш... Не сум јас лист па ко што ќе ме дувни ветрот така да заминам... Само да можеше...