Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.361
    Пол:
    Женски
    И макало со компири и суви везени пиперки.
     
    На Lavender4, Hisha, Anie93 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    27.679
    Пол:
    Женски
    Како се праат овие макала со лук? Немам кој да прашам а ги обожавам, ако може да ми кажиш
     
    На Anyshka и Miss666 им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.361
    Пол:
    Женски
    Па компирите ги лупам, ги сечам на коцки побрзо да се сварат, сувите пиперки само се обаруваат за да немаат љушпи, се толчат, пасираат и на крај се попаруваат со врел зејтин, сол по вкус и лук по желба.
    Некогаш го блендирам, ама поубаво е со толчник.
    И со праз-се толче празот, се додава сол, потоа пиперките обарени се толчат и на крај се попарува со врел зејтин, многу се вкусни.
     
    На Herrera, Gosh и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.914
    Допаѓања:
    23.828
    Не можам да издвојам некој асален градоначалник на Скопје досега ама госпожава Данела мислам дека со украсувањево што е за грев е еден чекор понапред од другите.
     
    На christinnn, Mrs. right и Musicallinmylife им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    43.718
    Ја иам една колешка, се глеаме еднаш неделно, и секој пут у друг ресторан одиме, т.е. јас оти сум болна ги гуглам сите ресторани, симињам мениата, знам уше пред да одам шо ќе јадам, а она вика само каде.:D Е сеа малце не оди по азиски ресторани, али за тоа иам друга другарка. Задњо, поховано суши у темпура. Пер вер зи И.
     
    На Herrera, hermosa, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.461
    Пол:
    Машки
    Прва е за најлошо украсување од сите градоначалници, а и онака не направи ништо за Скопје, не дека и другите направиле нешто ама треба уште една година да ја трпиме.
     
    На Mrs. right, Darko90, Munchmallow20 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    8.652
    Пол:
    Женски
    Ее следен пат пробај во врелиот зејтин да додадеш малку црвен пипер ама пази да не ти изгори па да горчи.
    Немаш појма колку е повкусно така
     
    На Herrera и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.361
    Пол:
    Женски
    Ставам некогаш, секако правам, вкусно е. Тоа како запршка.
     
  9. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.196
    Се зезав со муабетот за домаќинките :)
    Сликите се... немам коментар. Тешко нив.
     
  10. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    3.029
    Пол:
    Машки
    Нема поубаво, дефинитвно ми треба ново друштво :D
     
    На Gosh и Musicallinmylife им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.392
    Допаѓања:
    190.464
    ПлуС бонус-хартиените цевки се далеку поштетни отколку пластичните, а пример немам избор. Или цевка од дома да си носам?
    Плус бонус-истото важи за ,,хартиените,, чаши за кафе(facepalm)
     
    На Munchmallow20, NoirSerpentine, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    3.733
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека имам една карактеристика што мнооогу си ја неќам кај себе. Тоа е што целата, ама буквално ЦЕЛАТА негативна енергија од поединци во моето опкружени, доаѓа кај мене после реченица-две сврзан муабет. Шо влијание ќе беше, шо енергија ќе беше, шо проклетија.....

    Се допишувам со еден момак, и се фино лепо, и од не надеж некои чудни чувства. Муабетот е од банален побарале, ама јас чувстувам празнина, разочараност, негативност. Го потпрашувам како се чувствува периодов, и погодете што ми одговара! Многу разочаран, како воопшто за ништо да не го бидувало, како се да му било празно и сеедно....

    Ок. Неќам појќе да примам туѓа (особено негативна) енергија. Неќам.
    Неќам!
    НЕКАЌМ!
     
    На Hisha му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    16.906
    Додека ние си се подбиваме со елката.....
    FB_IMG_1703290740499.jpg
    Поарно една да накитеа а парите за другите дрангулии и струја да одеа овде.
     
    На christinnn, chadorche16, Marymay и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Musicallinmylife

    Musicallinmylife Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2022
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.461
    Пол:
    Машки
    За жал не бива држава од нас во догледно време.
     
    На SummerGirl и GirlLove им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    Да си шкртнам и јас нешто после долг период на молк .. :D

    Откако почнав на работа , се изнагледав триста чуда и чудесии . За почеток , ќе почнам од тоа какви неправди се вршат на работно место . Колешка која работи на иста позиција како јас , секогаш вели до нас е проблемот ( затоа што секогаш на крај заглавувавме ) додека пак јас , бев против тоа и секогаш велев дека проблемот не е во нас , туку во ( не ) организираноста на оние над нас . Од 4 можни " станици " три работат супер , оваа четвртата е за никаде . Затоа што целиот крш и лом се собрал тука . После 4 месеци " матење празна слама " се искарав со се живо на таа станица и барав промена на било која друга , само не на таа последната . Две недели бев на втората станица и увидоа дека не сум јас проблем , бидејќи ставија плус две девојки на моето место и хаосот сеуште продолжуваше .. Тогаш ги променија оние што ги создаваат проблемите , а мене ме вратија на истата станица , и погодете што ? Па сега се е ок . Не заглавувам ни кога сум сама . Дополнително , колешката оди и прави испомош на другите станици , каде има потреба , јас сама ја држам последната четврта , што до пред 3 недели немаше шанси да се успее никако . Претпоставената за прв пат увиде дека цело време сум ја кажувала вистината ( иако на почеток сметаше дека лажам , не знам зошто така ) . Не дека и е сменет односот кон мене , ама гледам дека се чувствува виновна . Ако до пред некое време од уста не ме вадеше со критики и нагласување , сега не ме ни става во уста за да ме искритикува , дури и кога реално треба .

    Ќе се надоврзам на неорганизираноста на превозникот . Многу пати се случило да излезам во 14:10 минути , и да го нема мојот превозник . Па морам да замолам некој од другите превозници да ме превезе до центар на градот , па да продолжам пеш до дома . Не ми паѓа тешко пешачењето после 8 часа на нозе , ми паѓа тешко што превозникот не смее да мрдне до 14:20 минути . Па макар и да е преполн . Во друг случај , должен е да остави такси или евентуално да не препрати со друг шофер ( со кој лично ќе разговара ) , дури и на моја штета ( тоа што ќе ме остави на пример на влез на градот , на центар , сеедно , тие неколку километри не можам да ги одам пеш , затоа што е предалеку ) . Така неколку пати се имам јавувано ( и плаќано ) на такси , вчера свекор ми ме зеде , а сопругот ме земал неброено многу пати . Е сега , ќе речете зошто не излегуваш порано ? Па , позицијата ми е таква да морам да чекам и предадам смена , на колегите од другиот тим . Тоа е малку проблем , затоа што , за разлика од нас , тие на нас гледаат како на непријатели . Воопшто не се колегијални , никогаш не влегуваат пред 14:00 а често дури и безобразно доцнат . Кога ги пријавуваме кај надлежните органи , тие не преземаат буквално ништо .

    Фирмата е ок , коректна плата , бонуси , од неодамна и попусти во други фирми ( на пример , можам да земам на 6 рати производи во Сетек , или да регистрирам кола во некоја од осигурителните компании , исто така на 6 рати итн. ) . Исто така слушнав и дека е воведено земање со 10 до 15% попуст во бутици ( има наведено во список кои поточно ) со давање на административен број на вработени .

    Организацијата на конкретно , мојот тим е лоша . Оние што се над нас и кои треба да не организираат , се ужасни во таа вештина . Како да ја заборавиле некаде под тепих . Неодамна почнаа со чистки низ цела фирма . Избркале неколку луѓе , на 5 луѓе им ја имаат сменето позицијата поради грешки за кои до сега минувале неказнето ( бидејќи друг " го јадел " за нив ) меѓутоа , кога мене ми доаѓаше лош квалитет и блокирав се шо морав , се открија еден куп работи кои со години се криеле под тепих . Така работава стана голема , се шушка дека ќе има големи промени и неверојатна генералка , а ќе се почне од тие најдоле , па ќе се оди скала по скала нагоре . Сега , од 30 ќе имаме колективен , а потоа брачо и сестре држ'те гаЧе , бит ќе жустро .

    И многу швалерај има . Премногу дури . Изненадена сум од сознанието дека сопруг и сопруга работат во иста фирма ( во различен тим ) а сопругот е цело време со една колешка , не се двојат , ја чести кафиња , сокови , благо , неретко пици .. и секогаш се двојат сами на страна од сите . Често ги снемува . Ова е само еден пример . А ги има над 20 што јас ги имам видено ...
     
    На Gosh и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  16. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.653
    Раскин со најдобра другарка боли повеќе од секоја врска што сум ја имала.
    Навидум те гушка ама скришум сака да си ти.
    Среќен пат, бести :hug:
     
    На Herrera, Polyincognito, Angie1432 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Има еден феномен шо не можам да си го објаснам од причина што не сум остварена како мајка и не ми се јасни мајките баш.

    Неделава што помина значи у топ форма, здрава, жива, се функционира ко шо треба. Знаете дека со моиве родители се слушам само еднаш неделно за да не ми ја замараат главата.

    Е сега. вчера ми ѕвони мајка ми на месинџер и вели :

    мама: сине , како си здравјето ?
    јас: арна сум , топ
    мама: имам некое претчувство дека не си баш добро
    јас: абе глеј си ти работа, јас сум супер , друго да не имаш да ме прашаш
    мама : добро, само да те слушнам дека си добро
    јас: ај пријатно.

    И седнавме да гледаме Преспав со маж ми синоќа и од нигде никаде се осеќам изморено, мислиш сум била да копам и да орам на нива, очи ми се затвараат, и јас тоа не го сфаќам сериозно , му велам на маж, ќе си легнам да спијам, ти продолжи да гледаш.

    Сабајле у 5 се будам и главата ми тежи и ме боли ненормално многу, топло ми е, меревме температура 38,2 ..... маж ми вика дај напрај корона тест

    оп : ПОЗИТИВНА

    И се напив мулти витамини тие апчињата што се , фервекс и еден парацетамол.

    Легнав да спијам пак оти главата ми тежи.

    Станав кај 11, маж направил кокошкина супа , па ми мереше температура 37,8

    Го испратив до аптека да ми донесе парацетамол оти при крај ни се.


    И еве сега лежам како воз да ме згазил и си велам брееееј каква е таа мајчинска интуиција. Како знаела мајка ми дека ќе се разболам ко не ме гледа и не се слушам со неа секој ден.

    Моиве поима немаат дека се разболев, не им ни кажувам , но ме чуди немав никакви симптоми, не знам како така наеднаш ме фатило.

    Ништо, ќе си пуштам филм и ќе продолжам да лежам оти ми тежи главата.
     
    На forumce, christinnn, NPN и 7 други им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    16.906
    Шо сторивте со децава,сите Инстаграм ѕвезди ги напраивте.

    Од секој можен агол, слика, видео,стори.

    Немој после да се жалате дека премногу се разгалени, само н мобилни висат.

    Ех златни, 90ти, кога едвај чекавме филмот да се развие па да си ги видиме фотките.
    Па видео касети.
     
    На eliesaab, Mrs. right, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  19. MediaRes

    MediaRes Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2022
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    222
    Пол:
    Женски
    Со години не користам фб иста тикток. Не се замарам што прават другите. Дури и овде не лепам етикети ни ме интересира кои се.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    11.738
    Пол:
    Женски
    Она кога некој саркастично и цинично буцнува некој друг, овој другиов почнува да го игнорира подолго и во повеќе наврати да избегнува муабет и интеракција, и првиов почнува да се жали дека другиов не знаел да комуницира, не знаел да каже што е проблемот, требало да каже ако му смета нешто, а не ко дете да се понаша.
    Друже, ти ако си бил тој што знае да комуницира немало свесно да се служиш со сарказам и ниски удари и да го доведеш некој во ситуација да те игнорира in the first place. Ем немаш осет, ем само во другиот е проблемот.

    Мислам, му рекло магарето на зајакот дека големи му се ушите.
     
    На MeowMeow, Angie1432, Ace Cetvrti и 12 други им се допаѓа ова.