Сакам да кажам дека овој форум ми е многу празен, чуден, некако не е интересен како што беше кога се зачленив
За пушачите, во зборови на една дотична инфлуенсерка: "кај сакат нека одат". Апсолутно треба да има посебни делови за пушење. Пасивно пушење е реалност и никој не е должен да е труен зошто сам ти си решил да се труеш. И после истите ќенкаат за загаден воздух? Трујте се кај сакате. Покрај загадениот, канцероген воздух, сакам барем малку воздух да ми остани, а не да имам дополнителен чад. Греота ми се беливе дробови. И за крај, сакам да кажам, изминатата недела се осеќам како хиперактивна чивава. Ама не се жалам. Возбудена сум. Среќна сум. Нека потрај.
А со загадениов воздух што правиме? Некои денови не се дише, некогаш ми се гади колку тешко мириса и пече в нос. Да се чуди човек кај живее, пропаст од сите аспекти.
И мене не ми е јасно зошто ништо не се превзема за загадениот воздух. Од Град Скопје уште будали не направија дека не лажеле дека е загадено Ама најозбилно мислам дека голем дел од народот не е ни свесен што ќе не чека понатаму ако продолжиме да дишеме ваков воздух. Рак на бели дробови е страшна работа, видов како се мачеше и умре личност од истото дома. Ајде во Скопје и други поголеми градови е загадено сфаќам и понаселено и фабрики, ама и малите градчиња каде што никогаш не било загадено почнаа да смрдат, и тоа е ептен големо црвено знаменце.
Сдк незнам шо им е на овие луѓево, шо гледаат толку во мене, како толку имаат доверба во мене. Скоро секој еден шо го иам запознаено ми се има доверено за нешто. Некоја тајна. Како да знаат дека нема да кажам никогаш, дека ќе ја носам во гроб со мене. А не сакам. Не сакам да ми се доверуваат, не сакам да чувам тајни во мене. Оти од премногу информации во главата се гушам. Од премногу информации, знам се шо ќе се деси пред да се деси. И тоа ме спречува да живеам како шо треба.
Океј е да храниш животинче, ама откако ќе јаде собери си ја храната што останала или конзервата или кесата не биди коњ . Преку глава од 1000 паштети/ кеси/ коски/ пластични кутии/ гравови/ леќи фрлени и оставени. Да не може да згазне човек ако не е измет тогаш е ова, кога ќе биде луѓе од вас. Да не зборам за зрна пред влез, летово едно 50 пати се лизнав и на глава ќе паднав ај шо собира тон мачки па и зрната ги расфлала сегде. Нема смисла, сакам животни ама се има граница. Ако сте толку загрижени граѓани купете хранилки и носете си со себе. Ебате
Мислењата се префрлени во нова тема https://forum.femina.mk/threads/Дали-и-колку-државата-треба-да-помага-на-многудетни-семејства.34802/ Постои и оваа тема за дискусија од друг аспект. https://forum.femina.mk/threads/Дал...еца-а-немаат-услови-за-да-ги-прехранат.26524/
Ама рачунај и дека има луѓе што си се така настроени да споделуваат со секого скоро. Не си земај ти здраво за готово. Мм ми вика лесно е мене да ми кажеш, нигде нема да пренесам, секако ќе заборавам. некогаш го приметувам дека си се исклучува кога некој му збори, блазеси му како може. Мислам дека е тренинг, со тек на време така си се има извежбано. Може да пробаш и така.
Исто како мм, и кога сме имале гости после неколку дена кога ќе му го кажам муабетот како од Марс паднат се чуди хаха, како јас не сум таква, памтам се до ситница.
Неможам јас така, мојот мозок 300 на саат врти. Инаку и јас можам се на мојот да му кажам, знам дека на никој нема да каже пошо и не ме слуша шо зборам
Не ми е јасно зошто мора за Нова година да се продаваат фустани како лампиони. Ај барем елка нема да ни треба, ќе бидеме како подвижни елки
Затоа што е Нова Година ваљда. Не гледам ништо лошо овој период од годината да бидеш како ходајучи лампион, аватар за доказ. На тие шо им смета нека не носат, или мижат решен проблем. Само нека не мрчат ако може бар овој период. Ако може нели.
Ако мижам страв ми е да не се утепам Ај ќе те послушам. Премногу сериозно си ја сфатиле Новата година
Можеше да се праша ако те интересира кој ти го купил, мене не ме интересираше искрено, се разочарав ептен уште кога видов што е а отпосле ја видов цената.. Скоро сите добија убави поклони, освен мене..